СветЗатворен е аеродромот во Ајндховен во јужна Холандија поради сомнителни дроновиЦивилниот и воениот воздушен сообраќај на аеродромот Ајндховен во јужна Холандија беше прекинат синоќа откако биле забележани неколку дронови, изјави холандскиот министер за одбрана Рубен Брекелманс.Тој во објава на платформата X изјави дека опремата против дронови е подготвена за акција и дека е во тек истрага за инцидентот. Холандското Министерство за одбрана претходно во среда соопшти дека холандската војска употребила оружје против дронови што беа забележани над воздухопловната база Волкел, околу 40 километри североисточно од Ајндховен, објави Ројтерс. Er zijn meerdere drones gesignaleerd bij luchthaven Eindhoven. Het civiele en militaire vliegverkeer is daarom opgeschort. Counter-drone middelen van Defensie staan paraat om in te grijpen. Ook politie en KMar zijn ter plaatse. Nader onderzoek loopt en waar nodig treden we op. — Ruben Brekelmans (@DefensieMin) November 22, 2025 Аеродромот Ајндховен служи и како цивилен и како воен аеродром. Неколку часа подоцна, министерот за одбрана Рубен Брекелманс повторно проговори и рече дека заканата е решена. - Воздушниот сообраќај на аеродромот Ајндховен штотуку е обновен. Министерството за одбрана презеде мерки, но од безбедносни причини не може да сподели повеќе информации за тоа како се спроведени. Прекинот на воздушниот сообраќај од дронови е неприфатлив. Затоа преземаме мерки против тоа“, напиша тој во објава на платформата X. Het vliegverkeer op luchthaven Eindhoven is zojuist hervat. Defensie heeft maatregelen getroffen, maar kan vanwege veiligheidsredenen nu nog niet meer informatie delen over de wijze waarop. Verstoring van vliegverkeer met drones is onaanvaardbaar. Dus treden we hiertegen op. — Ruben Brekelmans (@DefensieMin) November 22, 2025 Дроновите и другите упади во воздушниот простор на европските земји предизвикаа значителни нарушувања во последните месеци. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ги нарече упадите со беспилотни летала „хибридна војна“, а некои европски претставници ја обвинија Русија дека стои зад упадите. Русија ги негираше обвинувањата.Тагови: Ајндховен дронови Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.Денеска присуствував на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што остварив средба и со нашата македонска заедница, напишана својот профил на Фејсбук,премиерот Христојан МицкоскиБлагодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината. Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија, стои во објавата на Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Голферка во секси бикини Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор. Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува. Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Српска пејачка во микро бикини Популарната српска пејалка Миа Борисављевиќ изгледа неверојатно во својата петта деценија од животот.Нејзините фотографии во бикини го вжештија интернетот. Мајката на две девојчиња со години одржува завидна линија, а откри и на што посветува посебно внимание. Атрактивната Миа важи за една од најубавите пејачки на сцената и често ги воодушевува своите следбеници со фотографии на социјалните мрежи. Овој пат, таа го привлече вниманието со видео во кое позира во розево бикини и ја покажува фигурата што со години ја одржува. Миа зачекори во петтата деценија од животот, но судејќи според реакциите на нејзините следбеници, годините за неа се навистина само бројка. Миа е мајка на две девојчиња, Ема и Теа, кои ги доби во бракот со својот колега Бојан Грујиќ. Пејачката со години редовно тренира и посветува посебно внимание на исхраната. Како што претходно откри, таа не го прескокнува појадокот и се труди да избира храна што ѝ дава доволно енергија во текот на денот.Тагови: бикини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook