Затруените деца на јахтата во Хвар имаат оштетувања на мозокот, останатите Италијани се опоравуваат

Шестмина Италијани меѓу кои и две деца на возраст од 5 и 14 години се во индуцирана кома , откако вдишале јаглероден моноксид од неисправно наместениот генратор на јахтата , на која почина 57 годишен бизнисмен од Сицилија.

Италијаните требало да поминат осум дена на крстарење по Јадранот со јахта , на која пред неколку дена и бил поставен новиот генратор. Но токму генераторот на јахтата Атлантиа беше причина за трагедијата само по два дена од крстарењето.

Италијаните вечерта биле на Хвар на вечера , а потоа легнале да спијат во јахтата. Околу полноќ се разбудиле со силен нагон за повраќање и главоболки. Градоначалникот на едно сицилијанско гратче Бруно Манкузо , кој е еден од настраданите и се опоравува во болницата во Сплит , вели дека имал страшни болки , а потоа го видел својот најдобар пријател Еугенио Винчи , како лежи без свест во тоалетот.

Повикале помош , но било предоцна. Винчи починал , а децата се во критична состојба со тешки оштетувања на мозокот. Во болницата во Сплит , каде што се сместени затруените Италијани има полиција и од Италија.

Хрватската полиција ги уапси сопственикот и капетанот на бродот , кои подоцна беа пуштени да се бранат од слобода до почетокот на судскиот процес.

Хрватите се товарат дека на 8. август , без техничко знаење , нестручно вградиле агрегат за струја , од каде излегувал гас , што се раширил во патничките кабини и предизвикал смрт на еден патник и тешко труење на останатите петмина.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер