Засилени контроли на УЈП – илјадници активни даночни обврзници вршат дејност и остваруваат промет без фискален уред - Канал 5

Засилени контроли на УЈП – илјадници активни даночни обврзници вршат дејност и остваруваат промет без фискален уред

Управата за јавни приходи  започнува засилени активности насочени кон субјекти кои вршат дејност и остваруваат промет без регистриран фискален систем на опрема.

Засилени контроли на УЈП – илјадници активни даночни обврзници вршат дејност и остваруваат промет без фискален уред

Како дел од континуираните активности за сузбивање на неформалната економија и унапредување на фискалната дисциплина кои Управата за јавни приходи ги спроведува во изминатиот период, започнуваат засилени активности насочени кон субјекти кои вршат дејност и остваруваат промет без регистриран фискален систем на опрема.

Имено, согласно службената евиденција на УЈП, во дејностите трговија на големо и трговија на мало, дејности за подготовка на оброци и служење на храна, правни и сметководствени дејности, туристички агенции и организатори на патувања (туроператори), каде што претежно се врши промет на добра и услуги кон крајни купувачи со готовински плаќања, 6.451 даночен обврзник се деловно активни и имаат вработени лица, а воопшто немаат регистрирано фискален систем на опрема за регистрирање на готовински плаќања. Од нив, 3.115 субјекти се регистрирани и за целите на ДДВ, што дополнително укажува на вршење редовна деловна активност. Активностите и контролите во првата фаза ќе бидат насочени токму кон овие активни субјекти, со цел нивно итно усогласување со законските обврски за евидентирање на готовинските плаќања.

Дополнително, од страна на УЈП детектирани се уште 13.966 даночни обврзници во овие дејности без регистрирани фискални уреди, за кои УЈП ќе спроведе теренски проверки, вкрстување на податоци и други контролни механизми, со цел да се утврди дали истите реално вршат деловна активност без да го пријавуваат прометот и без да пресметуваат и плаќаат даноци. Доколку се утврди дека субјектите вршат дејност, но не го пријавуваат прометот и не пресметуваат и плаќаат даноци, покрај прекршочни, ќе бидат покренати и соодветни кривични постапки согласно закон.

Согласно Законот за регистрирање на готовинските плаќања секој даночен обврзник кој врши промет на добра и промет на услуги за кој плаќањето не се извршува по банкарски пат (готовински плаќања) е должен да воведе и користи одобрен фискален систем на опрема за регистрирање на готовинските плаќања и задолжително да издава сметка за извршениот промет, односно услуга (фискална сметка).

Во таа насока, даночните обврзници се должни:

•да воведат и користат фискален апарат или фискален систем на опрема;

•да го регистрираат истиот во Управата за јавни приходи пред започнување со вршење на промет;

•да издаваат фискална сметка за секоја извршена продажба на добра или услуги за која се врши готовинско плаќање.

Управата за јавни приходи укажува дека непостапувањето согласно законските одредби предвидени во Законот за регистрирање на готовинските плаќања претставува прекршок, за кој се предвидени парични глоби и запечатување на трговски објекти согласно прекршочните одредби од законот.

Со ова известување Управата за јавни приходи ги повикува сите даночни обврзници кои вршат промет на добра и услуги со готовинско плаќање, а немаат воведено и регистрирано фискален систем на опрема да преземат итни активности за доброволна усогласеност и да извршат набавка, инсталација и регистрација на фискален апарат преку овластен оператор и согласно постапката утврдена од Управата за јавни приходи.

Управата за јавни приходи ќе го следи усогласувањето и ќе преземе мерки во насока на целосно и задолжително исполнување на законските обврски.

Борбата за сузбивање на сивата економија останува еден од приоритетите на Управата за јавни приходи, а контролите за фискализација имаат за цел зголемување на довербата во даночната администрација, создавање ред во економијата и заштита на легалниот бизнис, се наведува во соопштението.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денес сончево и посвежо

Времето денес ќе биде сончево и посвежо со мала до умерена локална облачност. 

Денес сончево и посвежо

Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец (над 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 22 до 30 степени.

Во Скопје, претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 28 степени.

Во текот на новата седмица ќе преовладува сончево и посвежо време со мала до умерена локална облачност во текот на денот. Температурите ќе бидат во границите на просекот за овој период од годината.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 13. септември 2026 година

Дневен хороскоп за недела, 13. септември 2026 година. 

Дневен хороскоп за 13. септември 2026 година

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Пред вас е одличен ден за дружење од секаков вид , полно со добри намери и искреност.излезете, прошетајте и сакајте се.

Кариера

Многумина ќе успеат креативно да се изразат , а нивните уметнички идеи ќе бидат прифатени.

Здравје и совет

Ќе се чувствувате како риба во море.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Оние кои бараат сродна душа , денеска би можеле да забележат одредени емоции кон личност со која работат.

Кариера

Денот ќе ви донесе уживање , креативност, љубезност и нови атрактивни предизвици. работете што било , ќе се исплатува.

Здравје и совет

Здравјето ви е добро.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Сеуште не сте се оладиле од бурното минато , а веќе ви се местат ситуации за нови љубовни предизвици.Бидете смирени.

Кариера

Денеска ќе ви се отвори шанса на релативно лесен и пријатен начин да ја зголемите својата заработувачка.

Здравје и совет

Чувствителност на грлото.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Своите лични односи денеска ќе ги градите на многу суптилни нивоа. Ќе ви биде важно она што е суптилно и нежно.

Кариера

Она што до сега го постигнавте , ќе ви донесе и некои исклучително интересни опции и идеи. Денеска ги анализирате.

Здравје и совет

Послушајте ја интуицијата.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Во љубовни прашања денеска ќе го барате она скриеното , недопирливо , суптилно , а ќес е воддите од своето шесто чуло.

Кариера

Начинот на кој некому ќе може да помогнете , е исклучителен. Не очекувајте ништо конвенционално.

Здравје и совет

Здравјето ви е добро.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Ќе успеете во целост да покажете што чувствувате. Ќе биде добро. Единсдтвено е важно да не зборувате премногу.

Кариера

Сите ситни работи кои денеска ги извршувате , ќе успеете да ги завршите со помош на вашиот шарм.Други ќе ви помиогнат.

Здравје и совет

Релаксирајте се ,вежбајте и истегнувајте се.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Вашата интуиција и фантазија деенсак сигурно ќе ви помогнат за да ги подобрите вашите лични односи. Потпрете се на внатрешниот глас.

Кариера

Ако имате некои интересни , уметнички или воопшто инвентивни идеи , сега е време да ги изразите или барем да ги ставите на хартија.

Здравје и совет

Некои делуваат прикриено.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Партнерот ќеви покаже начин како подобро да ги искажувате емоциите. Со задоволство ќе го прифатите новиот стил.

Кариера

Збунетоста поради специфична задача денеска ќе достигне кулминација. Ќе се прашувате , зошто токму вие?

Здравје и совет

Прифатете ги предизвиците.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Рамнотежата која повторно ја чувствувате во врската ќе ве поттикне на похрабри љубовни потези.

Кариера

Ќе размислувате за барањата на шефовите . Сеуште не можете да ги согледате како реален факт.

Здравје и совет

Обидете се да се однесувате позрело.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Со својата сентименталност ќе ја изненадите саканата личност.Таа овој пат ќе биде во улога на заштитиник.Добро е.

Кариера

Ќе бидете нервозни заштио една ситна работа никако не можете да ја пруиведете кон крај. Ќе морате повеќе да се потрудите.

Здравје и совет

Несоница.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Она што моментално недостига во вашиот љубовен живот , денеска ќе го надоместите со својата фантазија.

Кариера

Големи се вашите очекување од другите , зашто вие работите предано и професионално. Но , не се сите како вас.

Здравје и совет

Бидете реални во своите проценки.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Денот е добар за опуштени дружења со кафе. Може да прошетате и да се подружите со пријатели, додека љубоцвните односи се површни и на дистанца.

Кариера

Ќе успеете да се договорите за една креативна соработка.исто така , ќе успеете да пласирате некои ваши специфични идеи.

Здравје и совет

Следува нов козметички третман.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Расел Кроу привлекува внимание во Венеција, ослабнал 26 килограми

Расел Кроу се појави на 83-тиот Меѓународен филмски фестивал во Венеција во петокот, привлекувајќи внимание со својата значително послаба фигура.

Расел Кроу привлекува внимание во Венеција, ослабнал 26 килограми

Тој пристигна на црвениот тепих со својата партнерка, Бритни Терио, а парот присуствуваше на проекцијата на филмот „What Love Builds“ во салата „Дарсена“.

За оваа пригода, Кроу (62) избра елегантен црн костум и бела кошула, а сивата коса ја зачешла наназад. Додека позираше за фотографите, ја држеше раката околу половината на својата партнерка. Бритни (42), неговата партнерка со која е во врска шест години, носеше црн фустан што ја следи линијата на телото и има длабоко деколте, а изгледот го надополни со црни чевли со високи потпетици и дијамантски накит.

Откри колку килограми изгубил

Кроу изгубил значителна тежина во текот на изминатата година. За време на неодамнешното гостување во подкастот „The Joe Rogan Experience“, тој откри дека ослабел 26 килограми.

Исто така, сподели дека значително го намалил консумирањето алкохол, иако не се откажал целосно од него. По снимањето на филмот „Nuremberg“, како што рече, тежел 126 килограми. „Сега тежам 100,9 килограми“, откри тој.

Актерот неодамна објави фотографии од теретана на социјалните мрежи, а неговата физичка трансформација ги воодушеви многубројните обожаватели. Во коментарите, тие забележаа дека тој повторно изгледа како „Гладијатор“, алудирајќи на неговата култна улога како Максимус во филмот „Gladiator“ од 2000 година, која ја одбележа неговата кариера. Му помогна и здравствена програма.

Актерот исто така спомена дека во тој период му помогнала програмата „Way2Well“. Како дел од програмата, тој прима инјекции кои, според него, помагаат да се ублажат последиците од стари повреди здобиени за време на физички напорни филмски улоги.

„Не ја разбирам науката зад сето тоа, но чувствувам вистинска корист во рамената и колената. И инјекциите и инфузиите го смирија воспалението во моето тело“, рече Кроу.

Во врска е со Бритни од 2020 година

Кроу и Бритни Терио се заедно од ноември 2020 година; Тие за првпат се појавија заедно на црвениот тепих како пар во октомври 2022 година, на премиерата на неговиот филм „Poker Face“.

Се запознале уште во 2013 година, на снимањето на трилерот „Broken City“. Терио е од Њу Орлеанс и претходно работела како актерка и навивачка.

Кроу претходно беше во брак со Даниел Спенсер, со која ги има синовите Чарлс и Тенисон. Тие стапија во брак во 2003 година, се разделија во 2012 година, а нивниот развод беше официјално финализиран во 2018 година.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер