Заштитата на небото од страна на соседните земји претставува пријателска солидарност од земјите на НАТО

Македонија наскоро станува 30-та земја членка на НАТО.

Денеска и утре во Лондон се одржува Самитот на Алијансата, на кој се кој се одбележува 70-години НАТО, а владина делегација, предводена од премиерот Зоран Заев ќе седне на иста маса со лидерите на земјите-членки.

Како во евроинтегративниот процес, така и на патот кон НАТО, Словенија и Бугарија се поддржувачи на нашата земја. Со поранешните министри за одбрана на Бугарија и Словенија, Велизар Шаламанов и Роман Јакич, меѓу другото зборувавме за најавата за штитење на небото на Македонија од страна на Бугарија и Грција, како и за француското „не" за почеток на преговори со Унијата.

За Бугарија е чест да го штити македонскиот воздушен простор

Најавено е дека Бугарија и Грција ќе го штитат македонскиот воздушен простор, а како што посочи Шаламанов, тоа претставува чест за Бугарија. Софија соопшти дека земјата ќе набави борбени авиони „Ф-16", што е услов, како што рече бугарскиот премиер Бојко Борисов, за неговата земја да го штити македонското небо.

Шаламанов наведе дека суверенитетот на воздушниот простор на Македонија станува дел од суверенитетот на воздушниот простор на НАТО и во мирнодопски услови, на Сојузната команда на операциите.

– Сите држави што не располагаат со воена авијација можат да се обратат до воената команда и да побараат соработка со други земји на НАТО. Најсоодветно е Македонија да биде потпомогната од соседите Грција и Бугарија. Тоа за нас е чест да бидеме во таква позиција. Според договорот што се базира на ротационен принцип, со наши авиони, заедно со Грција, ќе успееме да го гарантираме воздушниот простор, истакна Шаламанов.

Тој нагласи дека она што е суштински важно, според него, е брзо развивање на системот за радио-локациско управување и заштитена комуникација земја-воздух.

– Тоа е чекор што ќе биде меѓу НАТО и Македонија. Со таа промена, вашата држава ќе биде одговорна за наведување на авионите што ќе патролираат над вашето небо од Грција и Бугарија, потенцираше Шаламанов.

Јакич, во врска со најавата за штитење на македонското небо од страна на Софија и Атина, порача дека тоа претставува пријателска солидарност од државите на НАТО.

– Откако Словенија во 2004 година стана членка на НАТО, нашиот воздушен простор го покриваат две соседни пријателски држави, Италија и Унгарија. Тоа НАТО го први за сите мали држави кои немаат воздушен капицитет со цел да ја покријат Алијансата како целина. Словенија тоа го добива од солидарност од НАТО од две пријателски земји, така што понудата за Македонија од страна на Грција и Бугарија јас мислам дека треба да ја профатите со „двете раце", затоа што тоа е баш знак на пријателска солидарност од државите на НАТО, истакна Јакич.

Придобивките од членството во НАТО се огромни – на прво место е безбедноста

Видни се придобивките од членството во Алијансата. Зголемување на безбедноста, зајакнување на воениот капацитет, подобрување на билатералните односи, а како што коментира Јакич, безбедноста е една од најпосакуваните добра кои луѓето ги бараат.

– Членството во НАТО дава повеќе придобивки. Прво безбедноста, тоа најмногу им значи на луѓето. Ѓраѓаните сакаат да бидат безбедни и да бидат во општество во кое важи петтиот член од Договорот. Што значи ако која било држава од НАТО е нападната, нападната е цела Алијанса, зборувам не само од воен аспект, туку и од кибер-аспект и од други аспекти. Безбедноста носи повеќе инвестиции и туризам, односно на некој начин се ставата на мапа на држави кои се безбедни и во овој многу турбулентен свет, безбедноста е една од оние најпосакувани добрини кои луѓето ги бараат. Секако добивате подобра билатералност, подобра соработка во внатрешноста на НАТО, констатираше поранешниот словенечки министер за одбрана.

Француското „не" за ЕУ негативен пример за регионот

Македонија ги направи сите потребни реформи за добивање на датум за преговори, сепак Франција одлучи земјата да не ги започне преговорите, што, како што оцени Јакич, претставува негативен пример за целиот регион.

– Што се однесува до ЕУ, се што досега направи Македонија, го направи како што треба. Се држеше до договорот, почна да го реформира својот состав и за жал дојде до одлуката во октомври оваа година каде поради француското „не" на некој начин се блокираше работата, но тоа не значи работата нема да оди понатака. Мислам дека веќе новиот франциски предлог покажува дека и Французите сфатија дека тоа „не" беше негативно, не само за Македонија, како држава која се држеше до договорот и која работеше на реформи, туку дека тој акт на Макрон беше и негативно примен во целиот регион и влијаеше на целиот регион негативно. Значи ги поттикна оние сили кои се против ЕУ, против НАТО, а на некој начин ги разочара прогресивните сили, кои се и во македонската Влада, која сака да оди на тој пат на евроатлантските асоцијации, оцени Јакич.

Шаламанов повторно ја потврди бугарската поддршка за Македонија на патот кон ЕУ и НАТО.

– Ние сме импресионирани од тоа што ги направи Македонија на патот за интеграција во НАТО и интеграција во ЕУ. Бугарија цврсто стои зад евроатлантската иднина на Македонија. Во ЕУ ние инциравме фокус врз Западен Балкан и ќе продолжиме во таа насока, рече Шаламанов.

Нациите стануваат подигитални, а ризикот од кибер-напади се зголемува

Земјите интензивно работат на усовршување на безбедноста на тоа поле. Во последно време во меѓународната заедница растат тензиите дека последните случувања, меѓу кои и недобивањето датум за преговори на Македонија со ЕУ, го зголемува руското влијание на Балканот, а Шаламанов во разговорот со МИА коментира дека тоа е крајно негативно.

– Руското влијание во регионот е видливо и е насочено кон меѓусебна поделба, односно спречување на развојот на ЕУ и НАТО. Руското влијание е крајно негативно и ние мора да работиме заедно за да му се спротивставиме. Од друга страна треба да работиме тесно со ЕУ и НАТО за решавање на тоа прашање и тоа е еден од најважните аспекти за интеграцијата. Сакам да кажам дека додека државите од регионот не разберат колку негативно може да биде тоа влијание врз развојот на регионот, во пракса нема да има доволно високо ниво на доверба од страна на ЕУ и НАТО за побрза интеграција на регионот, рече поранешниот бугарски министер.

Тој посочи дека во однос на проблемите со кибер-безбедноста нашето развивање зависи многу од новите технологии, вклучително и од 5-Г технологиите.

– Прашањата за кибер-безбедноста се од исклучителна важност и на национално ниво и во НАТО и во ЕУ. Тој аспект од интеграцијата е исклучително важна и во врска со тоа Бугарија многу се потпира на заеднички проекти, што се во рамките на НАТО и ЕУ. Од тој аспект се радуваме што Северна Македонија ќе биде дел од тие проекти, поради тоа што поврзаноста на регионот е едно огромно достигнување, заклучи Шаламанов.

Словенија и Бугарија станаа членки на НАТО во 2004 година, а Македонија, до полноправно членство во Алијансата ја дели само една ратификација на Протоколот, онаа од Шпанија./МИА.

Се огласи човекот, чие шише го погоди Ѓоковиќ: Мислат дека ова го направив намерно (ВИДЕО)

По големиот инцидент кој се случи по натпреварот од второто коло на Мастерсот во Рим, а кој Новак Ѓоковиќ го реши во своја полза, се огласи човекот кој беше актер на целата ситуација.

Во прашање е извесен Марио Фери Фалко, инфлуенсер кој се огласи на социјалната мрежа Инстаграм објавувајќи видео на кое прво се извинува за сѐ што се случи.

-Сакам да се извинам за тоа што се случи на турнирот во Рим откако Ѓоковиќ го заврши својот меч. Моето шише со вода се лизна и падна врз главата на Ѓоковиќ. Многумина мислат дека тоа го направивме намерно, но шишето само се лизна - рече тој, па додаде:

- За жал, вакви работи се случуваат. Се надевам дека не е повреден. И јас му се извинив. Сакав да им кажам на оние кои ме навредуваат, дека тоа не го направив намерно, туку случајно.

За среќа, со Ноле сѐ е во ред, па дури поминал без конци на главата и го одработил тренингот пред мечот со Алехандро Табила.

ВМРО-ДПМНЕ ја одржа првата средба со ВЛЕН

Денеска беше остварена средба помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН. 

Од страна на ВМРО-ДПМНЕ беа присутни претседателот Христијан Мицкоски, потпретседателите Александар Николоски, Владо Мисајловски, Тимчо Муцунски и Гордана Кочоска Димитриеска, како и шефот на кабинет на претседателот Владимир Нелоски, од страна не ВЛЕН беа присутни Арбен Таравари, Изет Меџити, Биљал Касами и Африм Гаши.

Договорени се општите начела на соработка за идната влада, која ќе се базира на три постулати: евроинтеграции, забрзан економски развој, борба против криминалот и корупцијата и владеење на правото.

Заклучено е дека двете страни ќе формираат работни групи, на кое ниво ќе продолжат разговорите до нивно финализирање, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Прв Меѓународен конгрес на студенти од техничките факултети

Во Скопје се одржува прв Меѓународен конгрес на студенти од техничките факултети. Целта е преку размена на искуства овие студенти да напредуваат во кариерата, но се дискутираше и за појавата на вештачката интелигенција и нејзиното влијание.

Техничките професии се едни од најценетите во светски рамки. Кадарот од електро-техничкиот сектор е еден од најбараните во индустријата, каде забрзано се користат иновативни решенија.

Студентите од техничките факултети велат дека поседуваат квалитет за нашите компании. Тие веруваат дека земјава ќе го искористи нивниот потенцијал. Во спротивно, заминување во странство не е исклучено како опција

Преку вмрежување, до подобри знаења и усовршување во кариерата што следи. Тоа е главната цел на годишениот прв меѓународен конгрес на студенти од техничките факултети кој се одржува во Македонија.

Студентите од земјава се почесто пројавуваат интерес за сопствен бизнис, од кој, како што велат, бенефит ќе има и самата држава.

Преку креирање на мерки, земјава мора да најде начин како квалитетните студенти од техничките факултети ќе ги задржи тука, со цел да се сопре одливот на мозоци од државава.

Вештачката интелегенција е една од темите на годишениот конгрес, и студентите велат – таа нема да не уништи како човештво, туку значително ќе ни го олесни животот.

На конгресот, кој завршува утре, студентите од земјава и регионот ќе имаат можност да проследат покрај предавања на актуелни теми од сите области на електротехниката и информациските технологии, и теми поврзани со длабоко учење, невронски мрежи и хибридни комуникациски системи.

притисни ентер