МакедонијаЗасега нема нова распределба на пратеници, вели Гаши Претседателот на Собранието, Африм Гаши вели дека во Собранието состојбата е статус кво во однос на нова распределба на пратениците.-Сега засега во Собранието е статус кво во однос на нова распределба на пратениците, се е како што било. Значи, сите пратенички групи кои се формирале на почетокот на овој нов собраниски состав продолжуваат да работат, а ако имаме нови промени ќе треба тоа официјално да го достават до службите и до мене, за да ги информирам потоа другите пратенички групи и пратенци, рече Гаши, на денешниот брифинг со новинарите. Собранискиот спикер во коментар за одлуката на крилото на Алијанса на Албанците на Арбен Таравари да одат сами на локалните избори а не со заеднички листи за кандидати за градоначалници и советници со коалицијата Влен нагласи дека во моментов нема нова ситуација во однос на прераспределба на пратеници во други групи. Претседателот на Собранието, Африм Гаши нагласи дека по различни настани во европски и светски рамки, има нов политички моментум за зголемена волја на државава да го забрза евроинтеграциски процес. -Што се однесува до парламентарната дипломатија навистина е нешто што е врвен проритет за мене. Сакам да го развиеме како држава. Тоа е еден тренд кој се развива во поразвиените демократии. Токму заради ова јас имав да реализирам историски средби во Берлин, Париз, Стокхолм, Брисел, Европскиот Парламент и во седиштетот на НАТО. По настаните во Украина, војната и по претседателските избори во САД, има нов политички контекст и моментум за зголемена волја за нашата држава да го забрза нејзиниот интегративен процес, рече Гаши на денешниот брифинг со новинарите. Спикерот потенцира дека државата има многу пријатели кои сакаат да помогнат и се надева дека ќе се надмине препреката, односно гласањето на уставните измени. -Така да, работиме на сите нивоа, и јас како претседател на Собрание, ги користам сите алатки и можности за развивање на оваа парламентарна дипломатија, а во овој контекст работиме најмногу за објаснување на ситуацијата која ја имаме со најголемата препрека, а тоа е уставните измени. Имаме многу пријатели, сакаат да ни помогнат и јас се надевам најискрено дека конечно ќе успееме да ја преминеме и оваа препрека, рече Гаши.Тагови: Собранието Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФорбс: Тејлор Свифт е најбогатата музичарка во историјата Списанието „Форбс“ проценува дека американската поп-ѕвезда Тејлор Свифт станала најбогатата музичарка во историјата, со богатство од две милијарди долари.Списанието „Форбс“ проценува дека американската поп-ѕвезда Тејлор Свифт станала најбогатата музичарка во историјата, со богатство од две милијарди долари, што претставува зголемување од 100 проценти во споредба со 2024 година. Тејлор Свифт (36), пејачката зад мегахитовите како „Shake It Off“, станала милијардерка во 2024 година благодарение на турнејата „Eras“. Форбс ја прогласи за една од комерцијално најуспешните текстописци на сите времиња. Форбс, исто така, изјави дека нејзината турнеја станала најпрофитабилната концертна турнеја во историјата, со приходи од 2,2 милијарди долари, и дека ги искористила парите за да ги откупи своите оригинални снимки. Повеќегодишен спор околу правата на албумите На почетокот од нејзината кариера, Свифт потпишала договор со издавачката куќа „Big Machine“ и таму ги снимила своите први шест албуми. Како и обично, правата ѝ припаѓале на издавачката куќа, која во 2019 година ги продала за повеќе од 300 милиони долари на инвестициската компанија на поранешниот музички менаџер Скутер Браун. Свифт изјавила дека тоа се случило без консултации или нејзино одобрение. Следел повеќегодишен јавен спор, кој Свифт често го споменувала во своите песни. Во 2020 година, Браун ги продаде правата понатаму, овој пат на инвестициската фирма „Шамрок Капитал“ со седиште во Лос Анџелес, од која Свифт сега ги купи. Истата година, Свифт ја промени музичката индустрија кога почна повторно да го снима поголемиот дел од својата дискографија, при што авторските права ѝ припаднаа директно. Во 2025 година, Свифт објави дека ги купила правата за нејзините први шест албуми. Проценките на „Форбс“ не се секогаш точни Рангирањето на милијардери на „Форбс“ главно се базира на јавно достапни информации за средства, како што се акции, недвижнини, уметност и други луксузни стоки. Износите се сметаат за непрецизни и понекогаш се спорни.Тагови: Тејлор Свифт Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветРусија: Ги поддржуваме преговорите меѓу Иран и САД Москва ги поддржува преговорите што се водат меѓу Иран и САД, а секој потенцијален договор мора да ги почитува интересите на Техеран и неговите соседи.Москва ги поддржува преговорите што се водат меѓу Иран и САД, а секој потенцијален договор мора да ги почитува интересите на Техеран и неговите соседи, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интервју за рускиот весник „Известија“. Лавров: Вашингтон е одговорен за тензиите Шефот на руската дипломатија смета дека Вашингтон, иако ги препознава тензиите со Иран и е загрижен за ситуацијата, всушност не знае како да ја реши. „Секако, тие самите се првенствено одговорни за оваа ситуација“, додаде Лавров. Важноста на дијалогот и медијацијата „Сепак, без оглед на тоа, ние целосно ги поддржуваме преговорите што се водат на еден или друг начин меѓу официјалните лица во Вашингтон и Техеран со медијација на Пакистан“, нагласи тој. Лавров спомена дека Саудиска Арабија и Египет исто така се обидуваат да придонесат во процесот. „Многу е важно овие дијалози да продолжат“, рече тој. Како заклучок, тој повтори дека „секој постигнат договор мора да ги земе предвид интересите на Иран и неговите соседни земји“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПремиерот Мицкоски на Самитот ЕУ- Западен Балкан во Тиват15:16Во Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“11:10Во Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“08:57Франција и Германија со предлог за проширување : Наша цел е да ја комплетираме Унијата да стане вистински Европска19:55Кривичниот суд одреди 30 дена притвор за Стефан Богоев и други три лица10:27
Во Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“11:10
Во Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“08:57
Франција и Германија со предлог за проширување : Наша цел е да ја комплетираме Унијата да стане вистински Европска19:55
МакедонијаВЛЕН: ДУИ две децении не го донесоа Законот за правична и соодветна застапеностДУИ повеќе од две децении не го донесоа Законот за правична и соодветна застапеност. Вчерашната драма е обид за покривање на сопствениот срам.За првпат, правичната и соодветна застапеност станува законско решение. ВЛЕН после 25 години од Охридскиот рамковен договор законски го решава ова прашање. Не со крпеници, не со импровизации, а уште помалку со алатки што денес ги има, а утре ги нема, туку со закон. Правичната застапеност и вработувањето на албанците во јавниот сектор повеќе нема да биде предмет на политички пазарења или партиски желби. Од овој момент вработувањето на албанците во јавниот сектор е законска обврска. ВЛЕН побара овој закон да оди со Бадентер, затоа што ова не е прашање на една партија. Ова е прашање што ги засега Албанците, другите заедници и мултиетничкиот карактер на државата. И тоа помина. Сега се обидуваат сопствената врева да ја продадат како грижа за Албанците. Но Албанците добро ја знаат разликата. Овие манипулации одамна им се прочитани. Кога беа на власт, ниеден чекор не го преземаа за да го донесат законот. Сега, кога законот се донесува, се прашуваат зошто се донесува. Јасно е зошто им е криво. Тие за 25 години не го направија, а ние го правиме за 25 месеци. ДУИ треба да одлучи, дали ја подржува правичната застапеност гарантирано со закон или не? Толку е едноставна одлуката што треба да ја донесат. Правичната застапеност не се брани со драми и навреди. Не се брани, со манипулации и со политички игри. Се брани со закон, со механизми и со одговорност. Правичната и соодветна застапеност не е политички подарок, ниту услуга што некој им ја прави на Албанците. Таа е уставно право, принцип од Охридскиот рамковен договор, но до денес никој немаше храброст да ја претвори во закон. ВЛЕН го прави тоа, рече на прес конференција, Шабан Алајбегу.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook