Засадени нови дрвца во рамки на манифестацијата „Запознај ја Преспа"

 На крајбрежјето на Преспанското Езеро во Отешево денеска беа засадени седум дрвја во рамки на манифестацијата „Запознај ја Преспа", што првпат годинава се одржува во организација на Општина Ресен, Рурални жени и „Prespa Bike".

Партнери на проектот се „ЕУ за тебе", Агенцијата за млади и спорт, „Spirit of Prespa", Преспа град и Еко Герила.

– Спроведовме акција, засадивме седум дрвја на крајбрежјето на Преспанското Езеро во Отешево се со цел да го покажеме заедништвото и сето она што го направивме во изминатиот период, истакна директорот на Агенцијата за молади и спорт Дарко Каевски.

Овој настан, како што рече, е за да ги зближи Северна Македонија, Албанија и Грција преку младински активности со цел Преспа да биде регион опкружен со млади луѓе кои ќе имаат заеднички визии и планови за промовирање на регионот.

Каевски изрази надеж дека оваа манифестација ќе стане традиционална.

Вториот ден на „Запознај ја Преспа" почна со низа спортски и еколошки активности. Традиционалната велосипедска тура „Тур де Галичица" која по шести пат се вози на оваа планина почна во 10 часот. Организаторите на овој настан вело клубот „Преспа бајк – Ресен" велат дека оваа година патеката ќе биде на врвот Магаро и таа води по најубавите предели на планината. Учесниците ќе имаат можност да посетат локации од каде се гледаат двете езера, Преспанското и Охридското.

Манифестацијата „Запознај ја Преспа" продолжува и денес во текот на целиот ден со повеќе настани во Отешево и Дупени.

Поплави во источна Белгија

 Подрачјето на белгискиот град Лиеж е погодено од поплави предизвикани од обилните дождови кои веќе предизвикаа штети во Франција.

На подрачјето на тој град досега се евидентирани околу 550 интервенции, а гувернерот Ерве Џамар мобилизирал 150 пожарникари во борбата против последиците од елементарната непогода.

„Ова се главно интервенции за испумпување вода кои продолжија денеска изутрината“, соопшти канцеларијата на гувернерот на погодената провинција.

Службите за итни случаи соопштија дека нивото на водата почнало да се намалува.

Од другата страна на границата, во холандската провинција Лимбург, два кампа се евакуирани поради опасност од поплави.

Во францускиот департман Мозел, на североистокот, денеска во раните утрински часови беше објавена тревога поради опасност од поплави. /МИА

Јанчев: Обезбедена донација од 100 ротациони светла за тракторите

Ротациони светла за тракторите за поголема безбедност во сообраќајот.

Градоналачниот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев изјави дека општината со помош на бизнис секторот обезбедила донација од 100 ротациони светла наменети за земоделските машини кои учествуваат во сообраќајот, како би се зголемила безбедноста.

Атлетик го продолжи договорот со Ернесто Валверде

Тренерот на Атлетик Билбао, Ернесто Валверде, го продолжи договорот со тимот, објави официјалниот сајт на баскискиот клуб.

Новиот договор со 60-годишниот фудбалски стручњак е со важност до летото 2025 година.

Валверде е на чело на Атлетик од јули 2022 година. Тој претходно во текот на својата тренерска кариера двапати работеше со тимот.

Атлетик по 36 кола се наоѓа на петтото место во шпанската Ла Лига со 62 бода. /МИА

притисни ентер