Заработуваше по милион долари од епизода на „Пријатели”, сега не се препознава (ФОТО) - Канал 5

Заработуваше по милион долари од епизода на „Пријатели”, сега не се препознава (ФОТО)

Метју Пери, најпознат како Чендлер Бинг од серијата Пријатели, го прослави својот 51 роденден.

Заработуваше по милион долари од епизода на „Пријатели”, сега не се препознава (ФОТО)

Во екот на неговата слава, тој добиваше милион долари по епизода, а жените му се фрлаа. Во последниве години, статиите во весниците за него се поради неговиот изглед и проблемите, а поретко заради неговиот успех на малите и големите екрани. Фотографите премногу често го снимаат со валкана коса, неуредни нокти и во нерепрезентативно издание.

Пери, кој беше номиниран за четири награди „Еми“, никогаш не криел дека се борел со депресија и зависност, а пред две години поминал три месеци во болница.

Тој ја снимил последната серија пред три години, а филм пред околу десет години. Единствениот успешен филм што го снимил беше ,,Убиецот со мекото срце” со Брус Вилис.

Во 2017 година, тој тврдел дека никогаш повеќе нема да учествува во снимањето на Пријатели.

"Имам кошмар што се повторува. Не се шегувам. Понекогаш имам кошмар од снимањето на Пријатели и никој не се грижи. Работата е дека стигнавме на врвот, не можеме да го надминеме тоа “, рече тој за Vanity Fair.

По три години без работа, се премисли.

Долгоочекуваниот собир на „Пријатели“ за снимање на специјалот требаше да се случи на почетокот на годината, но беше одложено поради пандемијата на коронавирус.

The show that thanks to all of you, doesn't go away.

A post shared by Matthew Perry (@mattyperry4) on

"Се надевам дека ќе можеме да снимаме во август, ако сè е добро и нема ран втор бран. Ако сè е на место и ако можеме да ги почитуваме сите мерки, ќе снимаме некаде помеѓу средината и крајот на август", рече креаторот на серијата. Марта Кафман за „The Wrap“.

Додека го чека почетокот на снимањето, фотографите повторно го фотографираа неуредниот Пери со неколку килограми вишок што предизвика разни коментари.

Актерот никогаш не криел дека се борел со алкохолизам и зависност од дрога за време на снимањето на „Пријатели“. Ситуацијата се влоши пред 22 години, откако тој бил повреден додека возел џет-ски. Лекарите му препишале силни лекови против болки од кои станал зависен.

„Ги земав и се чувствував подобро. Имав голем проблем со апчиња и алкохол и не можев да престанам со тоа“, рече тој.

Пери се повлече од зависноста од Викодин, и во интервјуто што му го даде на Лери Кинг, рече дека е зависник од лекови против болки, па затоа „не пиел онолку колку што пиел претходно“. Четири години подоцна, тој повторно се пријавил за рехабилитација, овој пат на Викодин, метадон, амфетамини и алкохол.

"Бев во Пријатели од мојата 24-та до 34-та година. Бев во тој меур на слава. Шестмина од нас беа насекаде во тоа време. Од гледна точка на другите, се чинеше дека имав се. Тоа беше многу осамен период за мене затоа што се борев со алкохолизам. Го имав овој проблем и пред Пријателите, но тоа е болест која напредува “, рече тој.

Тој лобирал во американскиот Конгрес да обезбеди 45 милиони американски долари за центрите каде што ќе се третираат ненасилни зависници, наместо да бидат испратени во затвори. Тој го претвори својот дом во Малибу во куќа за зависници наречена „Пери Хаус“, но поради трошоците мораше да го затвори и да го продаде.

Најтажниот момент во неговиот живот беше кога дозна дека страда од акутен панкреатит, болест која ги погодува алкохоличарите и зависниците од дрога. Иако тврдеше дека болеста е резултат на лошата исхрана, тој сепак заврши повторно на рехабилитација. Штом излезе, се заби со Порше во куќата.

Оваа година тој ја прекина двегодишната врска со Моли Хурвиц, која беше 21 година помлада од него. Тој, наводно, барал нова девојка преку апликација.

„Бара девојки на Интернет и им испраќа пораки“, изјави извор за US Weekly.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Европа на нозе: Се бара кралот на кокаинот, понудена е огромна награда

Обвинителството на Холандија понуди награда од два милиони евра за информација која би довела до апсење на осудениот шверцер на кокаин Јос Лејдекерс.

Европа на нозе: Се бара кралот на кокаинот, понудена е огромна награда

Властите соопштија дека наградата е објавена во обид да се фати еден од најбараните бегалци во Европа, кој со години успева да ја избегне правдата, пренесе Кликс.

Тоа е најголемата награда досега понудена од холандските власти.

Парите може да ги добие секој кој ќе даде клучни информации кои би довеле до негово апсење, се наведува во соопштението на обвинителството.

Лејдекерс е холандски државјанин, но во последните неколку години живее во Сиера Леоне, соопшти холандското обвинителство.

Холандија побарала негова екстрадиција од оваа африканска земја, но властите на Сиера Леоне одбиле да соработуваат и да го предадат, поради што Европската унија одлучила да ја намали помошта за таа земја, пишува The Independent.

Лејдекерс, познат и како Боле Џос, се смета за една од клучните фигури во меѓународната трговија со дрога. Тој со години е на листите на најбарани бегалци од Европол и холандските власти.

Судот во Ротердам го осуди во отсуство на 24 години затвор во јуни 2024 година за увоз на околу 7.000 килограми кокаин преку пристаништата во Ротердам и Антверпен, како и за нарачување на убиство.

Во мај 2026 година, тој беше осуден на осум години затвор за случај поврзан со 11 тони кокаин од Сиера Леоне, чија вредност беше проценета на 550 милиони евра.

Во јули 2026 година тој беше осуден на 14 години затвор како дел од големиот случај „Коста“, во кој обвинетите се обвинети за увоз на најмалку 25 тони кокаин.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Роџер Федерер се враќа на терен- прв противник му е еден од најголемите светски таленти

Роџер Федерер се пензионираше во 2022 година и оттогаш речиси и не играл, но сега реши да направи голем чекор напред.

Роџер Федерер се враќа на терен- прв противник му е еден од најголемите светски таленти

Швајцарскиот тенисер, еден од најдобрите на сите времиња, следниот месец ќе игра во Бразил против локалната надеж Жоао Фонсека. Тоа ќе биде првиот натпревар на Федерер против активен тенисер, играч кој моментално е во пад, а оваа година на Ролан Гарос беше фатален за Новак Ѓоковиќ.

Федерер беше гостин на Отвореното првенство на Австралија и Отвореното првенство на САД оваа година, делејќи ги терените со Агаси и Мекенро, како и други големи тениски легенди.

Федерер неодамна настапи во конкуренција на двојки, играјќи против Марат и Динара Сафин, како и против На Ли.

- Здраво, Роџер! Дали е тоа вистина? Дали доаѓаш во Бразил? - праша Фонсека на социјалните мрежи, по што следеше одговорот на Роџер:

- Здраво Жоао! Точно така, тајната е откриена. Да, конечно доаѓам во Бразил по толку години. Ќе се сретнеме во Сао Паоло во декември. Се гледаме на теренот, пријателе мој - рече Федерер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Диди излегува од затвор порано отколку што беше планирано

Американскиот рапер Шон „Диди“ Комбс треба да биде ослободен од затвор порано од првично планираното. 

Диди излегува од затвор порано отколку што беше планирано

Неговиот датум на ослободување се менуваше неколку пати во последните месеци, а сега е повторно одложен, објавува TMZ.

Според најновите податоци од Федералното биро за затвори на САД, Комбс треба да биде ослободен на 6 февруари 2028 година. Дури минатиот месец, 2 март 2028 година беше споменат како датум на неговото ослободување, а претходно беа споменати и 21 јануари и 5 и 20 февруари истата година.

Имал проблеми во затворот

Промената на датумот доаѓа по низа проблеми што Комбс ги имал додека ја издржувал казната во Федералниот затвор Форт Дикс во Њу Џерси. Поради инцидентите, според TMZ, тој неодамна бил префрлен во затворот Аленвуд во Пенсилванија.

За време на престојот во Форт Дикс, тој наводно завршил во самица поради кршење на затворските правила. Исто така, имаше тврдења дека учествувал во тепачки и користел шверцувани мобилни телефони.

NBC News претходно објави и за наводниот преференцијален третман што Комбс го добил зад решетки. Според овие тврдења, тој им плаќал на други затвореници да го масираат, да му готват и да извршуваат секојдневни домашни работи.

Тој беше осуден на 50 месеци затвор

Да потсетиме дека во 2025 година, Диди беше прогласен за виновен по две точки од обвинението за транспорт на лица преку границите на американските држави со цел проституција, што го прекрши таканаречениот Манов закон.

Сепак, поротата го ослободи од посериозните обвиненија за рекетирање и трговија со луѓе за сексуална експлоатација.

За кривичните дела за кои беше прогласен за виновен, тој беше осуден на 50 месеци, или четири години и два месеци затвор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер