МакедонијаЗапрена постапката за Ковачевски, Капушевски и Јахоски за набавките на мазут за ТЕЦ НеготиноОсновното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција ја запре постапката за предметот во врска со набавките на мазут за ТЕЦ „Неготино“.. По година и половина, бројни испитани сведоци, илјадници прочешлани документи и вештачења, ОЈО ГОКК го запре предметот тежок 167 милиони евра за перење на пари и злоупотреба на јавна набавка за мазут за ТЕЦ Неготино во кои имаше 13 осомничени, меѓу кои и сопственикот на компанијата РКМ – Ратко Капушевски, екс-директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски и сопственикот на „Пуцко Петрол“ – Асмир Јахоски – од истрагата не произлегле докази дека ги сториле кривичните дела. Предметната обвинителка Коларевиќ на брифингот со новинарите посочи дека според доказите, колку што бил баран мазут за време на енергетската криза, толку бил испорачуван, дури и по поевтина цена, а истиот не се продавал на црниот пазар. „Луѓето кои сега ја водат АД ЕСМ и се и во секторот производство потврдија дека од ваквата тогаѓна постапка имало корист, на штета, во спротивно, државата ќе се соочела со рестрикции. Целосно ја следеле динамиката на испорака, според документацијата во ниту еден момент не се чекал пораст на цената пред да се испорача мазутот во ТЕЦ Неготино.“ Јахоски, како што велат од обвинителството, кој преку „Пуцко Петрол“ немал лиценца за набавка на мазут, па како физичко лице дава гаранција во пари на Хеленик Груп за набавката на мазутот, а РКМ поседува лиценца и се единствените кои се пријавиле на тендерот кои потврдиле дека можат да ја испорачаат побараната количина. „Банкарската гаранција за да фирмата може да конкурира на тендерот ја дава бизнисменот Асмир Јахоски, бидејќи тој има договор со РКМ од 1,2 милиони евра и во рамки на тој договор оди во Грција и набавува мазут за потребите на РКМ, односно гарантира со негови пари дека мазутот ќе биде испорачан.“ Од обвинителството додаваат, бидејќи била кризна состојба, договорите кои ги склучувале РКМ и ЕСМ не подлежат на закон за јавни набавки, туку биле исклучок. Воедно велат, ЕСМ ако смета дека е оштетена може да поднесе жалба до вишото ЈО, по што оттаму ќе одлучат дали истрагата ќе продолжи или ќе запре. Со реакција за запирањето на предметот се огласија од ВМРО-ДПМНЕ според кои истрагата е запрена по налог на шефот на обвинителството Абази, од кого побараа оставка го обвинија дека одработувал за интересите на претседателот на СДСМ Филипче, екс-премиерто Заев и лидерот на ДУИ – Ахмети. Абази на брифингот со новинарите како одговор на ова порача дека во ниту еден случај во неговиот мандат не наложил, вршел притисок или интервенирал обвинител да донесе некаква одлука и дека во целост ја почитува нивната независност во работата, па оттаму вели, нема ниту зошто да поднесе оставка. Во меѓувреме, предметот за еколошкиот дел на случајот продолжува. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
Шоу бизФото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облинитеШто промени светската музичка ѕвезда, Џенифер Лопез во исхраната и рутината за вежбање за да изгледа вака супер на 57 години. Папарацо-фотографиите го открија нејзиното совршено тело. Мегапопуларната Џеј Ло со децении редовно вежба, но во текот на изминатата година значително ги промени својата исхрана и рутината за вежбање. Дефинитовно оваа промена вродила со плод и сега жешката Латиноамериканка изгледа подобро од било кога. Новите папарацо-фотографии од Џенифер Лопез во црно трико за вежбање и со чаша вода во рацете би можеле да бидат одлична мотивација за секоја жена. Сепак, тешко е да се поверува дека оваа жена има 57 години и е мајка на две возрасни деца. Тагови: Џенифер Лопез Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
ЗабаваВидео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот животНајпознатата плус сајз манекенка, Ешли Греам, се прослави токму по своите прекрасни облини, но и по храброста да ги покаже во секоја прилика – дури и пред оние што ја пречекуваат „со нож“. Познатата убавица сега објави видео на Инстаграм во кое прикажа различни сцени, но и моменти од различни периоди на нејзиниот живот. На него таа позира во бикини, поминува време со своите деца, ужива во бременоста и вежба, а пораката што сакаше да ја пренесе е дека телото на секого се менува и дека тоа е сосема нормално. https://www.instagram.com/reel/DeO4MOMznWf/?utm_source=ig_embed „Секако дека телото ми се менува. Вака изгледа мојот живот. Не би сакала ништо да биде поинаку“, напиша таа покрај видеото. Нејзината објава предизвика лавина реакции за многу кратко време и сите го поздравија овој потег. Во коментарите ѝ упатија зборови на поддршка и ѝ се заблагодарија за искреноста. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотЕврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месецЕврото падна на најниско ниво во последните 17 мсеци во однос на американскиот долар под притисок на растечките стравувања за јавниот долг на Франција, растот на цените на енергенсите и неизвесноста на финансиските пазари.На 5 октомври, европската валута се спушти на околу 1,12 долари, продолжувајќи го падот што од почетокот на 2026 година достигна приближно пет проценти. Аналитичарите оценуваат дека инвеститорите сè повеќе ги преиспитуваат ризиците поврзани со европската економија, но и очекувањата за каматната политика на американските Федерални резерви. Особена загриженост предизвикува Франција, чиј јавен долг достигна речиси 118 проценти од бруто домашниот производ, додека буџетскиот дефицит останува висок. Растот на приносите на француските државни обврзници покажува дека задолжувањето на земјата станува поскапо, а дел од инвеститорите се насочуваат кон германските обврзници, кои се сметаат за посигурна инвестиција. Слабеењето на еврото создава дополнителен ризик од инфлација, бидејќи увозот на нафта, гас и други производи што се плаќаат во долари станува поскап. Тоа може да изврши дополнителен притисок врз цените во Европа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter