Започнува новата сезона во НБА - Канал 5

Започнува новата сезона во НБА

Новата НБА сезона започнува доцна вечерва вторник кон среда.

Започнува новата сезона во НБА

Јубилејната 80-та НБА сезона ќе ја отвори актуелниот шампион Оклахома Сити Тандер, кои ќе бидат домаќини на амбициозните Хјустон Рокетс во својот „Пик Центар“ од 01.30 часот по наше време.

На премиерниот ден се игра и дуелот ЛА Лејкерс и Голден Стејт Вориорс кој започнува во 4 часот наутро.

Во ноќта од среда кон четврток се играат уште многу натпревари: Шарлот Хорнетс - Бруклин Нетс (01:00), Њујорк Никс - Кливленд Кавалирс, Орландо Меџик - Мајами Хит, Атланта Хокс - Торонто Репторс (01:30), Бостон Селтикс - Филаделфија 76ерс, Чикаго Булс - Детроит Пистонс (02:00), Мемфис Гризлис - Њу Орлеанс Пеликанс, Милвоки Бакс - Вашингтон Визардс, Јута Џез - ЛА Клиперс (03:30), Феникс Санс - Сакраменто Кингс (04:00), Портланд Треил Блејзерс - Минесота Тимбервулвс.

Регуларниот дел од НБА сезоната започнува на 22 октомври и завршува на 13 април. Секој од 30-те тима ќе одигра вкупно 82 натпревари во регуларната сезона (41 дома, 41 на гости), а НБА Купот ќе се игра паралелно со НБА сезоната од 31 октомври до 16 декември 2025 година.

Лигата е поделена на две конференции - Источна и Западна, секоја поделена во три дивизии. Секој тим ќе игра 52 натпревари во рамките на конференцијата (четири натпревари против секој ривал од дивизијата и три или четири натпревари против други тимови од истата конференција). Надвор од својата конференција, тие ќе играат вкупно 30 натпревари - по два со секој ривал од спротивната конференција.

Тимовите што ќе заземат едно од првите шест места во својата конференција ќе освојат директно место во плејофот, а тимовите пласирани од 7-мо до 10-то место ќе играат во плеј-инот. Екипите што го освоија 7-мото и 8-мото место играат меѓусебно, а победникот влегува во плејофот како седми пласиран, додека поразениот игра против победникот од 9-тиот/10-тиот натпревар за последното место во плејофот.

Според обложувалниците најголеми фаворити за освојување на шампионскиуот прстен во НБА во новата сезона се бранителот на тронот Оклахома и тимот на Денвер предводен од неверојатниот Никола Јокиќ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кичевец управувал возило за време на активна забрана, предизвикал сообраќајна незгода и одбил да му биде извршен алкотест

Тој, со возилото „фолксваген голф“ со кичевски регистарски ознаки, кое го управувал, на кружен тек на ул.„Борис Кидрич“ удрил во бетонски рабник и излетал од патот. 

Кичевец управувал возило за време на активна забрана, предизвикал сообраќајна незгода и одбил да му биде извршен алкотест

На 09.09.2026 во 03:10 часот на магистрален пат Охрид - Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Д.С.(32) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Тој, со возилото „фолксваген голф“ со кичевски регистарски ознаки, кое го управувал, на кружен тек на ул.„Борис Кидрич“ удрил во бетонски рабник и излетал од патот. При преземање мерки во врска со незгодата било констатирано дека го управувал возилото за време на активна забрана за управување со моторно возило од Б категорија. Тој одбил да му биде извршен алкотест, а по наредба на јавен обвинител возилото е одземено.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Татра направи вистински ѕвер за војската: Овој камион има 19-литарски V12 мотор

„Force 8x8“ може да има максимална бруто тежина до 44 тони, додека носивоста е дури 25,5 тони.

Татра направи вистински ѕвер за војската: Овој камион има 19-литарски V12 мотор

Чешкиот специјализиран производител на возила Татра ја претставува новата генерација на моделот „Force“ во воената конфигурација 8x8 на саемот „MSPO“ во полскиот град Киелце.

Ова е тежок тактички и логистички камион со рамна платформа и целосно нова продолжена кабина за до шест члена на екипажот. Кабината има 4 врати, подобрени безбедносни системи и дигитализирана контролна табла.

Погонскиот склоп привлекува најголемо внимание. Камионот користи нов електронски контролиран, воздушно ладен мотор Татра „T3D-930 V12“ со работна зафатнина од дури 19 литри. Развива 450 kW, или околу 612 КС, и е поврзан со автоматски менувач од „Allison“.

„Force 8x8“ може да има максимална бруто тежина до 44 тони, додека носивоста е дури 25,5 тони.

Новиот модел е наменет за тешки воени и логистички задачи, каде што големата носивост и можноста за движење по тежок терен се од клучно значење, пишува Ревија ХАК.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Ја поддржуваме идејата на ЛДП - СДСМ веќе даде предлог закон за двојно државјанство

СДСМ веќе даде предлог-закон за двојно државјанство. Да важи и за пратениците од овој состав, да важи за министрите, владините функционери, директорите на јавните претпријатија. 

СДСМ: Ја поддржуваме идејата на ЛДП - СДСМ веќе даде предлог закон за двојно државјанство

Законот да важи за сите.

Нека се врати законот во Собранието.

Додека траеја прославите за 35 години независност, Законот за ограничување на двојното државјанство на функционерите остана заглавен во фиока.

СДСМ уште претходно предложи јасно и доследно решение:

• Да важи за пратениците од актуелниот состав.

• Да важи за министрите и сите владини функционери.

• Да важи за директорите на јавните претпријатија.

• Да важи за сите носители на јавни функции – без исклучоци и без „половични“ решенија.

Нема место за двојни стандарди.

Нема место за молчење на оние што сами го предложија законот, а сега го избегнуваат.

Нема место за функционери кои земаат плата од државата, а лојалноста им е поделена.

СДСМ ја поддржува иницијативата на ЛДП.

Бараме законот веднаш да се врати на дневен ред во Собранието и да се донесе без одложувања и без компромиси.

Вистинската независност и вистинскиот патриотизам се докажуваат со лојалност кон една држава - Македонија.

Само не може да важи за Стоилковиќ, неговите колеги од БИА што го слават Ратко Младиќ и началникот на медиумите Латас.

За големите српски националисти, агенти на службата за безбедност на Србија - не може да важи.

Тие мораат да имаат две државјанства. Треба да ја спроведуваат српската и руската агенда и да се чувствуваат како дома и овде и таму.

За сите останати - мора да важи.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер