Започнува доградбата на ООУ „Јоаким Крчоски“ во Ѓорче Петров - Канал 5

Започнува доградбата на ООУ „Јоаким Крчоски“ во Ѓорче Петров

 Општина Ѓорче Петров денес официјално го потпиша договорот за доградба на ООУ „Јоаким Крчоски“, со што започнува реализацијата на значајна инвестиција вредна 42 милиони денари.

Започнува доградбата на ООУ „Јоаким Крчоски“ во Ѓорче Петров

Проектот, како што се наведува во соопштението од Општина Ѓорче Петров, опфаќа проширување на училиштето со современ, функционален и енергетски ефикасен простор со површина од околу 600 метри квадратни, целосно прилагоден на потребите на учениците и наставниот кадар.

-Со доградбата, училиштето ќе добие осум нови училници на две нивоа, придружени со нови санитарни простории, современ скалишен простор и комуникациски ходници, како и нов влез кој ќе го поврзува проширениот дел со постојниот објект. Преку т.н. „топла врска“ ќе се обезбеди непречено движење и целосна интеграција на новиот дел со училиштето, што значително ќе го подобри функционирањето и ќе обезбеди подобри услови за сите, се наведува во соопштението.

Во новиот објект ќе биде инсталиран и модерен систем за греење и ладење со топлинска пумпа, кој ќе овозможи висока енергетска ефикасност и стабилна температура во текот на целата година, создавајќи пријатна и продуктивна средина за учење.

Според градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, проектот е директна инвестиција во иднината на најмладите.

-За нас, најмладите се највисок приоритет. Со оваа доградба, создаваме подобри услови за работа, поголеми капацитети и современо училиште какво што им доликува на нашите деца - модерно, безбедно и подготвено за иднината, рече Стојкоски.

Со потпишувањето на договорот и почетокот на активностите, Општина Ѓорче Петров продолжува континуирано да инвестира во образовната инфраструктура, создавајќи современи и безбедни училишта за сите ученици.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вучиќ ќе поднесе оставка в недела

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека оставката од функцијата Претседател на републиката ќе ја поднесе в недела, на 27 септември, во вечерните часови, како и дека граѓаните тогаш ќе можат да го слушнат и неговото образложение.

Вучиќ ќе поднесе оставка в недела

– Во недела е напорен ден, во недела навечер поднесувам оставка, мислам дека ќе биде околу осум часот навечер – им изјави Вучиќ на новинарите синоќа во Њујорк.

Тој додаде дека тогаш ќе ги наведе причините кои граѓаните ќе можат да ги слушнат.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека се надева оти за два до три дена, по разговорот со претседателот на Русија, Владимир Путин, ќе знае повеќе за решението за прашањето за Нафтената индустрија на Србија.

На новинарско прашање во Њујорк дали сега е извесна сликата кога е во прашање решението околу нафтената индустрија на Србија, Вучиќ рече дека не знае што точно да одговори, но оти се надева дека по разговорот со Путин ќе знае нешто повеќе.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Словенија ја укинува деветолетката

Словенија се подготвува за една од најголемите промени во основното образование во последните две децении. 

Словенија ја укинува деветолетката

Министерот за образование, наука и млади Борут Рончевиќ најави укинување на сегашниот модел на деветгодишно основно образование и воведување „современа осумлетка“.

Планот беше објавен при претставувањето на резултатите од истражувањето pisa 2025, кое покажа пад на резултатите на словенечките 15-годишници во читање, математика и природни науки. Министерот оцени дека резултатите се сериозно предупредување и најави целосна реформа на образовниот систем.

Иако се зборува за „укинување на деветолетката“, според најавениот модел децата и понатаму би имале девет години задолжително образование.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зеленски: Трамп одлучи да ѝ додели на Украина лиценци за производство на ракети „Патриот“

Претседателот Володимир Зеленски изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп одлучил да ѝ додели на Украина лиценци за производство на ракети за системите за противвоздушна одбрана „Патриот“.

Зеленски: Трамп одлучи да ѝ додели на Украина лиценци за производство на ракети „Патриот“

Зеленски рече дека Трамп лично му го потврдил тоа за време на нивната средба во Њујорк.

„Постојат конкретни договори. На нашата последна средба, претседателот Трамп ми потврди: 'Да, ја донесов конечната одлука. Украина ќе добие лиценци за производство на ракети 'Патриот''“, им рече Зеленски на новинарите, како што пренесе „Украинска правда“.

По изјавата на украинскиот претседател, американскиот Стејт департмент соопшти дека САД сѐ уште немаат донесено конечна одлука за доделување лиценци на Украина. На 31 јули, коментирајќи ја таа можност, самиот Трамп изјави дека САД „мора да бидат многу внимателни“ во врска со ова прашање.

Зеленски претходно изјави дека Украина постигнала договор за испорака на серија ракети за системите „Патриот“, што е прашање одвоено од прашањето за лиценците за производство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер