Започна пријавувањето за уличната трка HalkEco Скопје Трча 10КМ - Канал 5

Започна пријавувањето за уличната трка HalkEco Скопје Трча 10КМ

Денеска официјално започна пријавувањето за уличната трка HALKECO СКОПЈЕ ТРЧА 10КМ, која ќе се одржи на 11 мај, 2025 година со почеток во 09:00 часот. 

Започна пријавувањето за уличната трка HalkEco Скопје Трча 10КМ

Пријавувањето за трката може да се направи преку официјалната веб-страница, а првиот рок за пријавување завршува на 20.02.2025 (стандардниот пакет на котизација за учество изнесува 1000 денари). Сите љубители на трчањето ќе имаат шанса сè до 30.04.2025 (во 23:59 часот) или до пополнување на предвидениот број учесници, да се пријават преку сајтот на HalkEco СКОПЈЕ ТРЧА 10КМ, односно на следниот линк https://www.skopje.run/. Пакетот на котизација за учество во овој период изнесува 1300 денари. На денот на трката не е можно пријавување.

При процесот на пријавување учесникот ќе треба да го одбере таргет времето за кое би ја истрчал трката, и според кое ќе биде распореден во стартната зона. На стартот на трката тркачите ќе бидат распоредени во 5 стартни боксови според таргет времето кое го имаат одбрано при процесот на пријавување. Таргет времињата се следни: зона 1 - таргет време под 45:00, зона 2 - таргет време од 45:01 до 50:00, зона 3 - таргет време од 50:01 до 55:00, зона 4 - таргет време од 55:01 до 1:00:00 и зона 5 - таргет време над 1:00:01.

Стартот, како и целта на трката ќе бидат позиционирани на веќе препознатливата локација, - пред фонтаната Лотус во Скопје, а патеката за трчање ќе биде поставена по дел од булеварот Илинден и дел од булеварот Партизански Одреди. Времетраењето на трката ќе биде 90 минути, по тој период сите учесници ќе бидат замолени да ја напуштат патеката. Должина на патеката е 10.000 метри, која се трча во еден круг со старт и цел на исто место.

Трката е отворена за сите, без разлика дали се работи за индивидуални учесници, или пак за група пријатели или компанија, кои имаат можност да ја пријават својата екипа за рангирање на екипен пласман на трката.

Организаторот на трката Сојуз на спортови на Скопје (кој е организатор на Виз Ер Скопски Маратон и Авицена Женска Трка), во соработка со А.К. Скопски Маратон, А.К.Работнички и со помош на Министерството за внатрешни работи на Република С.Македонија ги повикуваат сите љубители на спортот и трчањето, да се пријават и да земат учество на овој спортски настан.

Насловен спонзор на HALKECO СКОПЈЕ ТРЧА 10КМ е ХалкБанк, а покровители се Министерсвото за спорт и Град Скопје, со огромна помош и поддршка од верните спонзори и партнери.

Успешната приказна HALKECO СКОПЈЕ ТРЧА 10КМ започна 2017 год, која беше организирана со ентузијазам и желба да се збогати понудата на квалитетни трки, при што заедно со спортистите целта е да се подигнеме свеста за активен живот на граѓаните. Оваа трка годинава ќе го има своето седмо издание, со што веќе станува традиционална, со тенденција да биде организирано поуспешно издание од претходното.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вардар против Мт Мелсунген на домашен терен ја завршува сезоната во ЕХФ Лигата на шампионите

Македонскиот ракометен шампион Вардар вечерва од 18-45 часот во Јане Сандански  ја затвара сезоната на европската сцена. противник на црвено црните е силниот германски преставник Мт Мелсунген.

Вардар против Мт Мелсунген на домашен терен ја завршува сезоната во ЕХФ Лигата на шампионите

Црвено-црните пред домашната публика ја затвораат европската сезона.

РК Вардар 1961 денес, 28 октомври, од 18:45 часот, во СЦ „Јане Сандански“ го пречекува германскиот МТ Мелсунген во натпреварот од шестото, последно коло од групната фаза на ЕХФ Лигата на шампионите.

Црвено-црните ќе се борат за втора победа во европската елита, со желба сезоната да ја заокружат со триумф пред своите навивачи. Поддршката од трибините ќе биде дополнителен мотив за Вардарци да го дадат максимумот и да се обидат да му се реваншираат на германскиот тим за поразот од 33:31 на првиот меѓусебен дуел во Касел, кога Вардар до самиот крај беше во игра за позитивен резултат.

Како горд партнер и силен поддржувач на РК Вардар 1961, Видеолотарија Касинос Австрија е повторно со црвено-црните и во овој нивен европски предизвик.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јавните обвинители денеска избираат нов шеф на Обвинителството за организиран криминал и корупција

Јавните обвинители денеска избираат нов шеф на Обвинителството за организиран криминал и корупција.Вкупно 187 обвинители со право на глас ќе избираат меѓу петмина кандидати.

Јавните обвинители денеска избираат нов шеф на Обвинителството за организиран криминал и корупција

Во трката се Фатон Азизи, Трајче Пеливанов, Лидија Раичевиќ, Искра Хаџи Василева и Јован Цветановски.

Гласањето е тајно и ќе трае од 8 до 16 часот. По завршувањето, резултатите ќе бидат сумирани на јавна седница.

Кандидатите во своите програми најавија борба против корупцијата и перењето пари.Меѓу приоритетите се и зајакнување на истражните капацитети и финансиските истраги.

Се најавуваат и поголема ефикасност и независност на Обвинителството. Изборот се спроведува поради истекот на мандатот на актуелниот шеф Ислам Абази.

Тој беше избран на функцијата во октомври 2022 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп му одобрил влез во САД на бразилскиот сенатор Флавио Болсонаро по неговиот пораз на претседателските избори

Американскиот претседател Доналд Трамп му одобрил влез во САД на бразилскиот сенатор Флавио Болсонаро.Одлуката доаѓа по неговиот пораз на претседателските избори во Бразил, пренесува Си-Ен -Ен.

Трамп му одобрил влез во САД на бразилскиот сенатор Флавио Болсонаро по неговиот пораз на претседателските избори

Според американски извори, визи добиле членовите на неговото семејство.Болсонаро, според медиумските извештаи, веќе пристигнал во Соединетите држави.не е познато каде слетал, ниту дали директно разговарал со Трамп.

Во Бразил тој е под истрага за сомневања за корупција и перење пари.Врховниот суд му наредил да ги предаде пасошите во рок од 24 часа.Болсонаро претходно негираше дека има намера да избега од земјата.Трамп изјави дека би го одобрил неговото доаѓање, критикувајќи го изборниот процес.

На изборите Болсонаро загуби од левичарскиот претседател Луис Да Силва кој освои повеќе гласови во вториот круг од гласањето.

Заминувањето на Болсонаро предизвика политички реакции и шпекулации за неговата иднина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер