МакедонијаОколу 14.500 кандидати полагаат државна матура - денеска се полага странски јазик, математика или историјаСо пенкало в рака и без мобилни телефони, повеќе од 14.500 матуранти седнаа во училишните клупи и во амфитеатрите на факултетите. За нив, денеска започна полагањето на матурските испити, а први на распоред беа изборните предмети. Годинава, согласно измените на Законот за средно образование, за првпат се спроведуваат три типа испити – државна матура, државна стручна и уметничка матура. Матурантите велат дека испитот поминал во најдобар ред и се задоволни од начинот на полагање. - Супер поминавме многу лесно беше. Беа забранети телефоните не се употребуваше и реално мислам дека нема потреба, нека си учат на време и тоа е тоа. Искрено супер беше, испитот беше многу лесен, одлично беше се организацијата топ. Учениците, веќе трета година матурските испити ги полагаат во училишните холови, а втора година по ред се организираат и во амфитеатрите на факултетите. Ваквиот начин на организација беше воведен со цел да се намалат можностите за препишување, по неколкуте случаи на масовно препишување преку Вибер групи изминатите години. Министерката за образование и наука Весна Јаневска препудпреди дека секој обид за препишување носи сериозни последици и може да го одложи стекнувањето на диплома за цела година, додека директорката на ДИЦ Даниела Јовчевска - Михајловска кажа дека се ангажирани околу 200 набљудувачи и 2.500 тестатори и очекува препишувањето да биде сведено на нула. -Минатогодишното искуство покажа дека полагањето во големи простори како што се амфитеатрите на универзитетите дава подобри резултати, односно се намалија оние несакани дејствија кои одреден број на ученици се обидоа да ги искористат. На сите им посакувам матурата и да ја добијат заслужената оценка,- Весна Јаневска – министерка за образование и наука. -Ние правиме се за полагањето да биде како што треба, сите ученици да имаат еднакви можности и фер полагање за на крај да го добијат тоа што навистина и го заслуваат. Се надевам дека во просториите нема телефони и рековме тоа е сепак организација на матурската учичишна организација, тестаторите кои што се крајно одговорни, набљудувачите кои што се присутни тука за да го сведеме тоа на нула, не велам на минимум туку на нула, е сега,- Даниела Јовчевска – Михајловска – ДИЦ. Според податоците на ДИЦ, најголем дел од матурантите, над 13.000 за изброен предмет го одбрале англискиот јазик, додека нешто над 1000 се одлучиле да полагаат математика. Задолжителниот екстерен испит по мајчин јазик и литература, матурантите ќе го полагаат за 11, односно на 12 јуни. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Макрон и Мерц ни дадоа силен мотив да продолжиме во реформите 15:32Мицкоски: Само јас од лидерите на Западен Балкан се сретнав и со Макрон и Мерц13:53Започна полагањето на државната матура за учебната 2025-2026 година, нов концепт за 14.587 матуранти13:05Почнува полагањето државна матура, денес се полага математика,историја или странски јазик,09:09Заврши самитот во Тиват- Фон дер Лајен: Кога реформи ќе бидат испорачани, тогаш пристапниот пат кон ЕУ мора да биде награден18:20
Започна полагањето на државната матура за учебната 2025-2026 година, нов концепт за 14.587 матуранти13:05
Заврши самитот во Тиват- Фон дер Лајен: Кога реформи ќе бидат испорачани, тогаш пристапниот пат кон ЕУ мора да биде награден18:20
БалканЕУ ја гледа Црна Гора како 28-ма членкаЕвропските лидери ја потврдија својата посветеност на проширувањето на ЕУ на крајот од самитот ЕУ-Западен Балкан во Тиват,истакнувајќи ја Црна Гора како водечки кандидат за членство до 2028 година.Лидерите на ЕУ Тие уште еднаш ја истакнаа Црна Гора како водечки кандидат, која се стреми да стане 28-ма членка на унијата до 2028 година, и ја повикаа Србија да се реформира и да ја усогласи својата надворешна и безбедносна политика со онаа на Европската Унија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Макрон и Мерц ни дадоа силен мотив да продолжиме во реформите 15:32Мицкоски: Само јас од лидерите на Западен Балкан се сретнав и со Макрон и Мерц13:53Започна полагањето на државната матура за учебната 2025-2026 година, нов концепт за 14.587 матуранти13:05Почнува полагањето државна матура, денес се полага математика,историја или странски јазик,09:09Заврши самитот во Тиват- Фон дер Лајен: Кога реформи ќе бидат испорачани, тогаш пристапниот пат кон ЕУ мора да биде награден18:20
Започна полагањето на државната матура за учебната 2025-2026 година, нов концепт за 14.587 матуранти13:05
Заврши самитот во Тиват- Фон дер Лајен: Кога реформи ќе бидат испорачани, тогаш пристапниот пат кон ЕУ мора да биде награден18:20
МакедонијаПетрушевски: Со засилена динамика се санира проблемот со градската депонија „Краста“ во КумановоСо засилена динамика се санира проблемот со градската депонија „Краста“ во Куманово.Посебна благодарност до екипите на ЈП „Чистота и зеленило“ на чело со директорот Сашо Томиќ, кои континуирано работат на терен, како и до општествено одговорните компании што се вклучија во надминувањето на состојбата. Голема поддршка во овие активности обезбеди Министерот за транспорт Александар Николовски, кој веднаш одговори на барањето за помош и стави на располагање тешка механизација што активно работи на терен. Благодарение на оваа навремена интервенција, процесот на санација се одвива значително поефикасно. Во тек е расчистување на депонијата и нанесување нови слоеви земја, со цел да се намали ризикот од самозапалување на подземните гасови и појава на пожари. Паралелно со тековните мерки, се работи и на трајно решавање на проблемот преку изградба на регионална фабрика за преработка на отпад за Североисточниот и Источниот регион и трансформација на постојните депонии во трансфер-станици за комунален отпад. Со заедничка работа и координација меѓу институциите, се преземаат конкретни чекори за надминување на проблемот и обезбедување почиста и побезбедна животна средина за граѓаните.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Макрон и Мерц ни дадоа силен мотив да продолжиме во реформите 15:32Мицкоски: Само јас од лидерите на Западен Балкан се сретнав и со Макрон и Мерц13:53Започна полагањето на државната матура за учебната 2025-2026 година, нов концепт за 14.587 матуранти13:05Почнува полагањето државна матура, денес се полага математика,историја или странски јазик,09:09Заврши самитот во Тиват- Фон дер Лајен: Кога реформи ќе бидат испорачани, тогаш пристапниот пат кон ЕУ мора да биде награден18:20
Започна полагањето на државната матура за учебната 2025-2026 година, нов концепт за 14.587 матуранти13:05
Заврши самитот во Тиват- Фон дер Лајен: Кога реформи ќе бидат испорачани, тогаш пристапниот пат кон ЕУ мора да биде награден18:20
ЕвропаУнгарија на пат да деблокира сè Следната недела, унгарската влада ќе достави до парламентот нацрт-закон за борба против корупцијата, чие усвојување има за цел да ги исполни критериумите на Европската Унија за владеење на правото и е услов за ослободување на милијарди евра. Следната недела, унгарската влада ќе достави до парламентот нацрт-закон за борба против корупцијата, чие усвојување има за цел да ги исполни критериумите на Европската Унија за владеење на правото и е услов за ослободување на милијарди евра замрзнати средства. „Ова ќе биде сеопфатен закон против корупцијата, кој исто така ќе ја подобри транспарентноста на унгарскиот јавен живот. Ова претставува критериуми за владеење на правото што ќе ни овозможи да ги вратиме средствата од ЕУ дома“, изјави унгарскиот министер за транспорт и инвестиции, Давид Витези, за новинарите, објави Ројтерс. Тој рече дека законот ќе ѝ овозможи на Унгарија да користи до десет милијарди евра од фондот на ЕУ за закрепнување од пандемијата на Ковид-19, за финансирање на транспортни проекти и обновливи извори на енергија, како и средства за поддршка на мали бизниси и изградба на станови за изнајмување. Новиот унгарски премиер, Петер Маѓар, во мај обезбеди ослободување на 16,4 милијарди евра од фондовите на ЕУ за Унгарија, со ветување дека ќе ги откаже реформите на претходниот премиер Виктор Орбан, кои, според ЕУ, ѝ наштетиле на демократијата.Тагови: Унгарија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter