Запленети средства за ветробрани, фалсификати, автоделови, кафе, цигари, алат, облека - Канал 5

Запленети средства за ветробрани, фалсификати, автоделови, кафе, цигари, алат, облека

Мобилните царински тимови и царинските службеници од граничните царински испостави открија и спречија повеќе прекршочни дела.

Запленети средства за ветробрани, фалсификати, автоделови, кафе, цигари, алат, облека

Во текот на изминатата недела од страна на Царинската управа се запленети: 15.603 литри средство за стакла за возила, 410 пара патики, 23 автоделови, 39.5 кг. кафе, 69 парчиња облека, 2 употребувани велосипеди, 43 штеки цигари, 44 ножеви за циркуларна пила и регистарски таблички, се наведува во денешното соопштение на Царинската управа.

Мобилните царински тимови и царинските службеници од граничните царински испостави открија и спречија повеќе прекршочни дела:

На граничниот премин Блаце при контрола на камион на влез во државата откриени се 15.603 литри средство за стакла за возила. Непријавената стока не била опфатена во царинските документи.

410 пара патики со ознаки на заштитена трговска марка се задржани на излез од државата на граничниот премин Блаце. Стоката е задржана поради сомневање дека повредува права од интелектуална сопственост. Мобилните царински тимови ја откриле при контрола на камион со турски регистрски таблички кој бил натоварен со стока со потекло од Турција наменета за фирма од Косово.

Вкупно 23 делови за возила откриени се во два одвоени случаи од страна на Службата за мобилни скенери, при контрола на две возила пријавени за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат.

Во првиот случај, царинските службеници реагирале кога забележале лице кое се обидувало да префрли 4 употребувани гуми и 4 употребувани алуминиумски бандажи за патничко возило преку оградата на терминалот за стоково царинење.

Во вториот случај, при контрола со мобилен скенер на камион со македонски влекач и холандска приколка биле забележани неправилности во преградите за алат на влекачот. При извршена физичка контрола биле пронајдени 4 употребувани вентилатори со мотор за испарувач за ладилник за товарно возило и 11 нови ремени за затегнување на товар.

При контрола на автобус на влез во државата на граничниот премин Табановце се откриени 39.5 килограми кафе и тоа 36 пакувања по 1 килограм од типот Gourmet by Tobia и 14 пакувања по 250 грама од типот Miscela cremosa.

69 парчиња облека (дуксери, панталони, маици, фармерки и долни тренерки), откриени се при контрола со скенер на камион откако биле забележани неправилности во кабината, во пределот на горниот кревет.

Во багажникот на автомобил кој бил пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце пронајдени се 2 употребувани велосипеди марка Cube.

На Меѓународниот аеродром Скопје, пронајдени се 43 штеки цигари со и без акцизни маркици. Цигарите се откриени при контрола со рентген на куферите на тројца македонски државјани кои имале намера да отпатуваат со лет за Лондон.

Во автобус на граничниот премин Табановце пријавен за влез во држвата во две најлоснки ќеси кои биле сместени под патничките седишта, откриени се 44 кружни ножеви за циркуларна пила.

Комплет бугарски регистарски таблици и сообраќајни дозволи се откриени на граничниот премин Делчево на излез од државата. Табличките и сообраќајните дозволи припаѓале на возило кое било расходувано во отпад и за кое возачот не поседувал доказ за платени увозни царински давачки, согласно законските прописи.

Царинска управа

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: И во петтата деценија нема проблем да се соблече во танга бикини

Таа е жена од соништата,  во петтата деценија од животот е вистинска секс-бомба.

Фото: И во петтата деценија нема проблем да се соблече во танга бикини

Израелската манекенка Бар Рафаели (41) ја продолжи успешната соработка со модниот бренд „Кастро“ во 2026 година.

Една од најпознатите светски манекенки е заштитно лице на новите кампањи на брендот, вклучувајќи ја пролетната колекција и линијата „High Summer“, кои таа ги претстави и на своите социјални мрежи.

Посебно внимание привлекоа фотографиите во бикини, на кои Бар повторно покажа беспрекорна фигура и завидна форма, исто како и пред неколку месеци, кога позираше во провокативна долна облека за една рекламна кампања.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Кајли Џенер повторно воодушеви во секси бикини

Младата бизнисменка од кланот Кардашијан - Џенер, Кајли Џенер ги израдува фановите со претставување на уште еден модел на бикини, а притоа ја промовираше и својата најнова колекција

Фото: Кајли Џенер повторно воодушеви во секси бикини

Сексапилната Кајли подготви провокативно издание за своите фанови, позирајќи во мини бикини, и веднаш го сподели сето тоа на социјалните мрежи.

Покрај тоа што сакаше да ја истакне својата прекрасна фигура, таа повторно летово ја претстави и новата колекција на костими за капење.

„Навистина е жешко. А и моите бикини се жешки! Ги обожавам“, изјави убавицата

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Гламурозно порше 911

Славната француска модна куќа  „Louis Vuitton“ и компанијата Singer Vehicle Design од Калифорнија ги здружија силите за да претстават два исклучително ексклузивни модели на Porsche 911 на настанот „Monterey Car Week“.

Видео: Гламурозно порше 911

Славниот „Louis Vuitton“ и компанијата Singer Vehicle Design од Калифорнија ги здружија силите за да претстават два исклучително ексклузивни модели на Porsche 911 на настанот „Monterey Car Week“.

Овие возила, засновани на генерацијата 964, се изработени како целосно персонализирани автомобили.

Соработката започна со барање за пренослив часовник за на контролната табла, инспириран од колекцијата Tambour на Louis Vuitton, но прерасна во проект што го опфаќа дизајнот на автомобилите, ентериерите, багажот и модните додатоци.

Првиот автомобил, „Porsche 911 Reimagined by Singer – Classic“, се одликува со комбинација на бои во нијанси на шафран, кобалт сина и жолта, каросерија од карбонски влакна и атмосферски 4,0-литарски „flat-six“ мотор со 420 КС, поврзан со шестстепен мануелен менувач.

Вториот е „Classic Turbo Cabriolet“ во светла нијанса „Calcaire Lutétien“; неговиот дизајн е дело на Николас Гескјер, уметнички директор за женски колекции во „Louis Vuitton“, а го придвижува 3,8-литарски „flat-six“ мотор со два турбополначи што испорачува приближно 510 КС.

Француската модна куќа не застана само на логата и тапацирот; автомобилите се придружени со специјално изработен багаж, облека и модни додатоци од Louis Vuitton, додека моделот „Turbo Cabriolet“ се одликува и со елегантни дрвени украсни елементи, часовник „Tambour“ и детали што ги спојуваат световите на луксузните автомобили и високата мода.

Цените за овие два примерока не се обелоденети, но станува збор за исклучително ексклузивни проекти на компанијата „Singer“, каде што секој автомобил се изработува според специфичните барања на сопственикот; самата компанија е специјализирана за реставрација и модерна реинтерпретација на класичните модели на „Porsche 911“ со воздушно ладење, пренесува „Motor1“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер