Други спортовиЗапален олимпискиот оган за игрите во ПјонгчангСо свечена церемонија во античка Олимпија, Грција, денеска беше запален олимпискиот оган во пресрет на Зимските олимписки игри што ќе се одржат во Пјонгчанг, Јужна Кореја. Предводени од претседателот на Инернационалниот Олимписки Комитет (ИОК), Томас Бах , а во присуство на највисоките членови и претставници на ИОК и националните комитети домаќини на следните летните и зимските игри, беше запален олимпискиот оган, кој на 9 февруари идната година треба да биде запален на арената во Пјонгчанг, со што ќе се отворат Игрите. Пјонгчанг ќе биде вториот јужнокорејски град кој ќе биде домаќин на Олимписки игри, но први зимски, бидејќи во 1988 година Сеул беше организатор на летните игри. Крос-каунтри скијачот Апостолос Ангелис беше прв носител на олимпискиот факел, кој потоа му го предаде на еден од најпознатите јужнокорејски фудбалери Парк Ји Сунг. Олимпискиот оган ќе помине 2.129 километри низ Грција пред да стигне на Акропол на 30 октомври, од каде ќе замине на 8.500 километри долгиот пат во Јужна Кореја. Од 1 ноември олимпискиот оган ќе го има патувањето низ Азија, а ќе го носат преку 3.000 спортисти пред да сигне на Олимпискиот стадион во Пјонгчанг. Зимските Олимписки игри ќе одржат од 9 до 21 февруари 2018 година. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа Богородица и Табановце времето на чекање е околу 30 минути до 1 час10:24Водата во Гостивар се уште не е безбедна за пиење и готвење – бројот на пациенти се намалува 15:00Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08Гостиварци се уште без вода за пиење, анализите продолжуваат15:21Седница за пратенички прашања во Собранието15:00
Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08
ФудбалИнтер пазареше во Лондон, на Џизепе Меаца пристигна светски вицешампионАктуелниот италијански шампион Интер договори големо ново засилување за одбраната – аргентинскиот дефанзивец Кристијан Ромеро, кој доаѓа од Тотенхем, треба да го облече дресот на „нероаѕурите“.Според информациите на аргентинскиот ESPN, двата клуба постигнале договор за трансфер вреден 40 милиони евра. Процесот се забрзал по директните разговори меѓу спортскиот директор на Интер, Пјеро Аузилио, и раководството на лондонскиот клуб. Тотенхем првично бараше повисоко обесштетување за својот дефанзивец, но двата клуба на крајот сепак најдоа заеднички јазик. На тој начин, Ромеро ќе се врати во Серија А, каде што претходно се етаблираше како еден од најдобрите дефанзивци во лигата, настапувајќи за Џенова, Јувентус и Аталанта. Одличниот Ромеро инаку со Аргентина ја освои светската титула во Катар во 2022 година. Договорениот финансиски пакет му овозможи на лондонскиот тим да поврати значителен дел од инвестицијата, додека Ромеро ќе ја оствари својата желба да ја напушти Премиер-лигата и да се врати во Италија. Со доаѓањето на Ромеро, Интер дополнително ќе ја засили одбранбената линија. Аргентинецот му се придружува на Џон Стоунс, кој неодамна пристигна од Манчестер Сити, а со овој потег клубот од Милано испраќа јасна порака дека сака да ја задржи доминацијата во Италија и да биде конкурентен во Европа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа Богородица и Табановце времето на чекање е околу 30 минути до 1 час10:24Водата во Гостивар се уште не е безбедна за пиење и готвење – бројот на пациенти се намалува 15:00Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08Гостиварци се уште без вода за пиење, анализите продолжуваат15:21Седница за пратенички прашања во Собранието15:00
Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08
ЗабаваГеоргина и Кристијано викеднов не стапуваат во брак!?Не, свадбата на најплатениот светски фудбалер Кристијано Роналдо и бујната Георгина Родригез не е овој викенд.Иако на социјалните мрежи кружеа гласини дека Кристијано Роналдо и Џорџина Родригез ќе стапат во брак овој викенд, тие информации се покажаа како невистинити. Шпекулациите беа поттикнати од наводна покана за свадба прикажана на португалската телевизија; сепак, потврдено е дека парот не планира свадба за овој викенд, пренесува *Hola!*. https://www.instagram.com/reel/DbTqk8Nvt61/?utm_source=ig_embed&ig_rid=AOHpYWgRTDpG40M-S_bq2qx Најновиот бран шпекулации започна откако во португалската емисија *V+ Fama* беше прикажан документ опишан како покана за свадба. Според документот, церемонијата била закажана за сабота, 1 август, во 17:00 часот, на имотот „Кинта да Регалеира“ во Синтра, Португалија. Наводно, поканата содржела и необично барање гостите да носат црна облека, што предизвика дополнителни дискусии на интернет. Сепак, списанието *Hola!* известува дека е категорично потврдено оти свадбата нема да се одржи овој викенд. Информациите поврзани со локацијата исто така ги побиваат гласините. Имотот „Кинта да Регалеира“ (Quinta da Regaleira) останува отворен за туристи на 1 август, а билети за разгледување се достапни во текот на целиот ден. Покрај тоа, за истата вечер на имотот е закажан настап на пејачката и продуцентка Силвана Перес, што ја прави малку веројатна можноста таму да се подготвува приватна свадба од висок профил. Претставниците на локацијата одбија да ги коментираат шпекулациите во медиумите. Иако парот ги чува своите планови во тајност, Георгина откри дека се надева на интимна прослава наместо на голем јавен настан. Во интервју за списанието *ELLE*, таа зборуваше и за свршеничкиот прстен што ѝ го подари Роналдо. Таа го опиша како прекрасен и призна дека ѝ требало време да се навикне на носењето на таков исклучителен дијамант. Експертите ја проценуваат вредноста на прстенот на најмалку пет милиони евра. Наместо да се подготвуваат за свадба, парот поминува време со семејството и пријателите. Тие неодамна се појавија на настанот *La Velada del Año* и го продолжуваат одморот на плажа, уживајќи во пливање, голф и редовни тренинзи. Овој опуштен распоред укажува на тоа дека тие се фокусираат на заедничко поминување време пред Роналдо да се врати на своите професионални обврски. Официјалниот датум на свадбата не е познат, но неколку фактори укажуваат на тоа дека е малку веројатно церемонијата да се одржи во скоро време. Се очекува Роналдо за неколку недели да се врати на тренинзите со својот клуб „Ал Наср“ – со кој има договор до 2027 година. Неговиот спортски распоред остава малку простор за организирање меѓународна свадба, па затоа е пореално да се очекува церемонијата да се одржи кон крајот на годината или подоцна.Тагови: Георгина Кристијано Роналдо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа Богородица и Табановце времето на чекање е околу 30 минути до 1 час10:24Водата во Гостивар се уште не е безбедна за пиење и готвење – бројот на пациенти се намалува 15:00Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08Гостиварци се уште без вода за пиење, анализите продолжуваат15:21Седница за пратенички прашања во Собранието15:00
Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08
ЗдравјеМЗ: Министерството за здравство внимателно го следи случајот со 19-годишната пациенткаМинистерството за здравство внимателно го следи случајот со 19-годишната пациентка и е во постојана комуникација со надлежните здравствени установи.Со цел целосно, објективно и стручно утврдување на сите околности поврзани со лекувањето на пациентката, Министерството издаде налог до Државниот санитарен и здравствен инспекторат да изврши вонреден инспекциски надзор. По добивањето на инспекцискиот наод и целокупната медицинска документација, Министерството ќе иницира и стручен надзор над досегашниот тек на лекувањето и постапувањето на здравствените работници и установи вклучени во случајот. Министерството апелира да не се изнесуваат предвремени заклучоци сè додека не завршат надлежните постапки. За утврдената фактичка состојба и за евентуалните натамошни мерки, јавноста ќе биде навремено и транспарентно информирана.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа Богородица и Табановце времето на чекање е околу 30 минути до 1 час10:24Водата во Гостивар се уште не е безбедна за пиење и готвење – бројот на пациенти се намалува 15:00Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08Гостиварци се уште без вода за пиење, анализите продолжуваат15:21Седница за пратенички прашања во Собранието15:00
Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08