Скандал во Грција: На болни луѓе им плаќале да глумат директори на фирми- испумпале 203 милиони евра од буџетот
1Скандал во Грција: На болни луѓе им плаќале да глумат директори на фирми- испумпале 203 милиони евра од буџетот
3Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
ЖивотЗападниот Балкан старее, младите мигрираат поради економски причини, но и поради корупцијатаСе случува егзодус на наслението од земјите од Западен Балкан, младите се иселуваат, општествата стареат. Демографските промени веќе не се мит, туку реалност. Причините за „бегањето" на младите се економски, но на тоа влијае и постоечката корупција во државите. Кога Македонија ќе стане членка на ЕУ, во првите неколку години сите „ќе избегаат" надвор. Денес повеќе отколку во текот на првиот бран на мигрантската криза во 2016 година, мигрантите се искористуваат од страна на организирани криминални групи за нивни профити. Ова главно беше констатирано на денешната презентација на двата документа за јавни политики „Мигрантски движења и сузбивање на организираниот криминал во Југоисточна Европа: Зајакнување на идното вклучување на ЕУ-3ападен Балкан" и „Емиграција и демографска промена во Југоисточна Европа" во организација на Институтот за демократија „Социетас Цивилис". Никица Колар од Хрватска, еден од авторите на документот од истражувањето „Емиграција и демографска промена во Југоисточна Европа", појаснувајќи дека анализата се однесува на миграциите од Западен Балкан кон земјите од ЕУ, нагласи дека промената на демографската состојба е до такви мерки, што тоа веќе не е мит, туку мачна реалност што не очекува и која потенцијално ќе ги девастира овие општества. Во изминатите пет до седум години, предупредува тој, се случува егзодус на населението, пред се на млади лица, а последица од тоа е стареење на целокупните општества. Според него, најмногу мигрираат младите од Србија, Хрватска и од Босна и Херцеговина. Колар оценува дека младите „бегаат" од овие земји затоа што не можат да добијат работа согласно нивното образование. Нашата држава, според него, се уште не е во првите три држави во однос на миграцијата на младите, затоа што се уште не е членка на ЕУ. Кога ќе влезе во ЕУ, подвлекува тој, првите неколку години сите ќе „избегаат" надвор, тоа и се случи на Естонија и делумно на Словенија, особено на Хрватска од која во период од пет до шест години се иселија до 200 илјади лица, најмногу млади. – Сето ова доведува до ситуација општествата да стануваат општества на стари луѓе, сиромашни земји без работници, рече Колар. Причините за миграциите, според него, генерално може да се каже дека се економски односно неможноста за вработување, нискиот животен стандард… Германија, како што нагласи, е најатрактивна, затоа што им недостига работна сила, а интересни се и Австрија и Ирска. – Но, нашата анализа покажува дека дури и да се променат економските причини, како на пример во Србија, со доаѓањето инвестиции, да се подобри стандардот, а исто така и во Хрватска, ништо нема да се промени, туку оди кон уште полошо. Треба да се воспостави владеење на правото, со што ќе може да се случат некакви поместувања во однос на корупцијата, изјави Никица Колар. Во анализата, Колар препорачува дека за решавање на ова прашање не можеме да се потпреме на водечките политички партии, туку дека се потребни граѓански иницијативи, НВО или нови политички партии, за да го решаваат прашањето со притисок врз Владите. Јелка Клеменц, од Институтот за интегративно управување со внатрешната безбедност во Љубљана и автор на документот „Мигрантски движења и сузбивање на организираниот криминал во Југоисточна Европа: Зајакнување на идното вклучување на ЕУ-3ападен Балкан" говореше за искористувањето на луѓето мигранти кои се на пат кон ЕУ од страна на организираните криминални групи за свои профити. – Се занимавам повеќе со криминалната компонента, бидејќи денес повеќе отколку во првата мигрантска криза што ја имавме 2016 година, има се повеќе криминал што ги искористува мигрантите и ранливата популација во регионот, рече Клеменц. Таа додаде дека работи на полето на криминалистичките полиции на државите од Западен Балкан за сузбивање на илегалните миграции и организираниот криминал, како што е криумчарење луѓе и употреба на фалсификувани документи. – Мислам дека криумчарењето на луѓе е првиот предизвик што треба да се препознае, но да се препознае и неговото влијание на стравот на локалните заедници во регионот и во ЕУ, бидејќи се тоа за што денес говориме има големо влијание на односот на ЕУ кон Западен Балкан и обратно. Потребно е да се напарви многу повеќе видлива соработката меѓу ЕУ и Западен Балкан на тоа подрачје, за да се види дека Западниот Балкан не е толку закана за безбедноста на ЕУ, колку што е партнер, порача Јелка Клеменц. Структурата на националноста на мигрантите, кои денес се на пат кон ЕУ и се жртви на криумчарење, не е променета од 2016 година, а тоа се најмногу државјани од Пакистан, Авганистан, Ирак и Сомалија. /МИА.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканСкандал во Грција: На болни луѓе им плаќале да глумат директори на фирми- испумпале 203 милиони евра од буџетот Грчките власти открија огромна мрежа на фиктивни компании кои, според истражителите, акумулирале повеќе од 203 милиони евра во неплатени даноци и придонеси во текот на три години. Сепак, најневеројатниот детал од истрагата не е само износот на долгот, туку и начинот на кој осомничените пронашле луѓе кои на хартија биле наведени како сопственици и директори на компаниите. Според грчките даночни власти, членовите на мрежата им пристапувале на луѓе со сериозни здравствени проблеми пред болниците во Солун и Атина и им нуделе пари за формално да го преземат управувањето со компаниите. Според истражителите, овие луѓе немале вистинска контрола врз бизнисот, туку служеле како параван зад кој се криеле вистинските организатори. Според грчкиот весник „Катимерини“, 18 лица биле уапсени во големата операција, додека истрагата опфаќала повеќе од 2.000 компании, главно во секторите угостителство и ноќен живот. Станале директори за неколку стотици евра Истражителите откриле дека осомничените користеле дури 4.200 даночни идентификациски броеви и стотици фиктивни компании. Бизнисот се вршел на повеќе од 700 локации во Солун, Халкидики и други делови од Грција. Според наодите на даночните власти, идентификувани се околу 1.300 лица кои формално биле регистрирани како сопственици или директори, додека приближно 700 други лица наводно го управувале бизнисот од сенка. Меѓу уапсените бил и добро познат грчки актер и модел, кој, според даночните власти, признал дека примал помеѓу 200 и 700 евра месечно за улогата на фиктивен директор. Сепак, начинот на кој биле регрутирани некои лица е особено вознемирувачки. Членовите на мрежата наводно им пристапувале на луѓе со сериозни здравствени проблеми пред болниците, нудејќи им скромна такса за нивните имиња да се појават во документацијата на компанијата. Додека вистинските организатори продолжиле да го водат бизнисот, формалните сопственици останале поврзани со компаниите кои акумулирале долгови. Дури и починати лица биле директори Новите детали од истрагата, објавени на 10 ноември, покажаа дека меѓу луѓето наведени како директори или деловни партнери имало луѓе кои повеќе не се живи. Даночните истражители открија случаи во кои компаниите продолжиле да ги евидентираат деловните активности дури и по смртта на луѓето наведени како нивни менаџери во документите. Во еден особено впечатлив случај, човек кој починал во 2023 година бил наведен како директор на осум компании и партнер во уште 11. 19-те компании акумулирале долгови од дури 14,8 милиони евра. Според податоците што ги пронашле истражителите, човекот претходно имал исклучително скромен приход. Во 2016 година, тој пријавил само 1.532 евра годишен приход, а во 2017 година само 895 евра. Тој работел во индустријата за конзервирање овошје и зеленчук. И покрај ова, неговото име подоцна се појавило во евиденцијата на голем број компании со долгови во милиони. Како настанал долгот од 203 милиони евра? Според Грчката независна управа за јавни приходи (AADE), мрежата акумулирала повеќе од 203 милиони евра неплатени долгови во текот на изминатите три години. Од оваа сума, приближно 68 милиони евра се однесуваат на неплатен ДДВ и данок на доход, додека околу 135 милиони евра се должат на фондот за социјално осигурување EFKA. Истражителите се сомневаат дека системот бил организиран на таков начин што компаниите биле формално регистрирани кај луѓе кои немале вистинска контрола врз нив, додека вистинските организатори продолжиле да работат и да ја избегнуваат одговорноста за натрупаните долгови. Според даночните власти, тројца сметководители и еден адвокат наводно играле значајна улога во поставувањето на таква мрежа. Адвокатот е обвинет за користење фалсификувани овластувања за да им помогне на компаниите да добијат дозволи од локалните власти, противпожарните служби и здравствените власти. Истрагата опфаќа илјадници компании и даночни броеви Операцијата на грчките власти била наречена „Луѓе од слама“, термин за луѓе кои формално се појавуваат како сопственици или менаџери, додека други всушност ги контролираат. Првичната операција резултирала со апсење на 18 лица, а осомничените биле обвинети за сериозни кривични дела, вклучувајќи организиран криминал, измама против државата, фалсификување и перење пари. Од 18-те уапсени, 16 се задржани во притвор во исчекување на понатамошна постапка, додека две лица се ослободени поради посебни сомненија за кршење на прописите за оружје. Истрагата покажа колку може да биде сложен системот каде што формалните сопственици на компаниите не се совпаѓаат со луѓето кои всушност управуваат со нив. Грчките власти продолжуваат да ги испитуваат деловните документи и врските со компаниите, додека кривичната одговорност на осомничените сè уште се утврдува на суд.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаИсламскиот младински форум со демант на тврдењето дека се терористичка организација Исламскиот младински форум – Скопје ги отфрла обвинувањата во кои се поврзува со организација од Македонија што се најде на египетската листа на терористички организации. Во допис насловен како јавен демант, скопското здружение најави дека ќе поведе судски постапки и ќе бара надомест на штета од оние за кои ќе се утврди одговорност за ширење невистинити и штетни тврдења. „Нагласуваме дека споменувањето во документи на странски институции не претставува правен доказ дека станува збор за организацијата на која се однесува една таква неоснована одлука. Таквата идентификација бара официјална документација и прецизна проверка на правниот идентитет на организацијата“, се вели во демантот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
ТенисНовак Ѓоковиќ гради кула од 320 метри во Мајами (ВИДЕО)Новак Ѓоковиќ веќе неколку години активно се префрла од тенисот на работните места што ќе ги работи по завршувањето на неговата неверојатна кариера. Србинот продолжува да им пркоси на физиката и се обидува да освои уште еден голем трофеј на 39-годишна возраст. Од друга страна, тој е вклучен и во развојот на ATMA, нов луксузен бренд на Aman Group, кој има план да направи нешто навистина големо во Мајами. Имено, идејата е да се комбинираат сместување, спортски објекти и програми што ќе помогнат во здравјето, закрепнувањето и долговечноста. Централната фигура на сè ќе биде облакодер во Брикел, во една од најпознатите и најлуксузните области во Мајами. Се наведува дека кулата ќе достигне висина од 320 метри, што е три пати повисоко од Белградската кула... View this post on Instagram A post shared by Aman (@aman) Ѓоковиќ и Aman Group започнаа соработка во 2024 година. Српскиот тенисер треба да учествува во планирањето на програмата и идеите што луѓето ќе ги користат.Тагови: Новак Ѓоковиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook