Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски
1Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски
Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
2Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
СветЗападни медиуми за падот на Владата во Франција Западните изданија денеска го коментираат падот на француската влада, откако вчера пратениците од опозицијата изгласаа недоверба и ја соборија од власт по само три месеци на власт.Француските пратеници гласаа за недоверба на премиерот Мишел Барние и неговиот кабинет, што предизвика нови политички превирања што ја оставаат Франција без јасен пат за усвојување на нов буџет и се заканува дополнително да ги разниша финансиските пазари, објави Њујорк Тајмс. Барние е најочигледната жртва на поларизираната политика во Франција, коментира изданието. Едно беше јасно пред гласањето за недоверба: ризикува да се ослободи нов бран на катастрофа во една од водечките европски економии, пишува весникот. Постои опасност тоа да доведе до „нов период на нестабилност“, велат за весникопт од Унијата на мали и средни претпријатија, што го претставува мнозинството француски компании. „Ако Франција остане без буџет, тоа ќе ја отвори вратата за должничка криза, чии последици сериозно ќе се одразат на економијата“, додаваат од организацијата. Вчерашното гласање покажува како втората по големина економија во еврозоната ризикува да стане неуправувана, пишува Волстрит џуртнал, додавајќи дека растечката фрагментација и поларизација на политичките редови на Франција ги тестираат темелите на нејзината демократија. Изданието потсетува и на последниот пат кога владата во Франција беше соборена на овој начин - во 1962 година, кога земјата мораше да се справи со последиците од Алжирската војна за независност и атентатот на тогашниот претседател Шарл де Гол. „Европа повторно е на работ на финансискиот Армагедон“ – пишува во насловот на британскиот весник „Телеграф“. Изданието наведува дека според многу извори блиски до шефот на државата, тој мора да го назначи својот шести премиер во последните седум години најдоцна до овој викенд, со оглед на свеченото отворање на катедралата Нотр Дам во недела навечер, на која ќе присуствуваат од над 50 лидери од целиот свет. „Би било крајно срамно и разобличувачко за Франција да нема премиер за време на толку важен дипломатски викенд“, изјави еден од изворите за британското издание. Како се радуваа кога во Велика Британија настана хаос по гласањето за Брегзит, коментира Џереми Ворнер од „Телеграф“. „Сега работите се свртеа и повторно еврозоната, а особено Франција, е на ќорсокак. Велика Британија, напротив, изгледа како остров на стабилност и релативно здрав разум“, смета и новинарот. Францускиот весник „Монд“ истакнува дека ситуацијата на пазарите сега е тензична, а Франција се подготвува за штрајкови во јавниот сектор поради заканата од кратења што ќе доведат до затворање на училишта и ќе се одразат на воздушниот и железничкиот транспорт. Франција е втурната во длабока политичка криза, коментира германскиот магазин „Шпигел“. Формирањето влада веројатно повторно ќе биде тешко, додава неделникот и прецизира дека алтернативата на Макрон е да назначи експертска влада која ќе ја преземе функцијата без политичка програма. Магазинот се осврнува на ситуацијата во Германија, каде што владејачката коалиција исто така пропадна поради проблем со нацрт-буџетот за следната година. Другата можност што ја дозволува „Шпигел“ е преку вонредна легислатива да предложи буџет само за почетокот на годината. Новата влада потоа ќе треба да се обиде да протурка редовен буџет низ парламентот, но бидејќи парламентот е многу фрагментиран, тоа веројатно ќе биде и многу тешко. Тогаш следното гласање за недоверба ќе биде неизбежно, пишува германскиот магазин. Европското издание „Политико“ пишува дека растечката политичка и економска криза во Франција ризикува да предизвика ударни бранови низ еврозоната. Политичкиот пресврт тешко би можел да дојде во понесоодветно време за Европа, на која и е очајна потреба од лидерство за да се справи со различни предизвици, од враќањето на Доналд Трамп до конфликтот во Украина и потенцијалната трговска војна со Кина, пишува Политико. Медиумот додава дека Германија, другата половина од моторот што го придвижува континентот, е недоволно опремена да го заземе возачкото место бидејќи се бори со сопствените политички проблеми и со нестабилната економија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМинистерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска ТрајчевскиМинистерот за спорт, Борко Ристовски, денеска оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски.На средбата, министерот Ристовски ѝ го честиташе изборот на претседателската функција и ѝ посака успешна работа, со уверување дека со посветеност, визија и добра соработка можат да се постигнат значајни резултати во унапредувањето на скијачките спортови во Македонија. Ристовски ја истакна подготвеноста на Министерството за спорт да даде поддршка на активностите и иницијативите на Федерацијата насочени кон развој на скијањето, создавање подобри услови за работа и тренинг на спортистите, како и поттикнување на младите да се вклучат во скијачките спортови. На средбата беше потврдена важноста од континуирана соработка меѓу институциите и спортските федерации, со заедничка цел за создавање посилни основи за развој и афирмација на скијачките спортови во Македонија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСлучајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Други спортовиВидео: Брутален нокаут на хокеј Натпреварот во американската хокеарска лига, НХЛ помеѓу Отава Сенаторс и Вашингтон Капиталс беше одбележан со брутален нокаут, по кој Ник Казинс остана да лежи на мразот. Напаѓачот на Отава прими силен удар од одбранбениот играч на Вашингтон, Џејкоб Чикран, кој го собори додека тој се обидуваше да ја контролира пакот во сопствената зона. Казинс не го забележа приближувањето на противникот, а силината на ударот го фрли на мразот. Тој остана да лежи неподвижен, со лицето надолу, што предизвика итна реакција од медицинскиот тим и неговите соиграчи. По неколку моменти, тој успеа да стане, но го напушти мразот со помош на други играчи и членови на персоналот. Тој не се врати во игра. Одлуката на официјалните лица привлече посебно внимание. Тие ја прегледаа снимката за да утврдат дали е оправдана голема казна, но на крајот заклучија дека немало прекршок. Главниот тренер на Отава, Тревис Грин, не се согласи со таа проценка. По натпреварот, тој изјави дека е изненаден од одлуката, истакнувајќи дека, според него, станува збор за удар во главата на играч кој не бил подготвен за контакт. „Не е добро“, рече кратко Грин кога новинарите го прашаа за состојбата на неговиот играч, додавајќи дека Казинс не бил однесен во болница.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветНајавена нова дипломатска офанзива: Кушнер и Виткоф заминуваат директно кај ПутинЏаред Кушнер, советник и зет на американскиот претседател, изјави дека тој и специјалниот пратеник на САД, Стив Виткоф, утре ќе отпатуваат за Москва за да се сретнат со рускиот претседател Владимир Путин.Како што пренесува „Скај њуз“, Кушнер на прес-конференција во Абу Даби изјави дека разговорите водени денес ќе бидат разгледани за време на средбата со Путин. Кушнер најави дека по посетата на Москва, тој и Виткоф ќе заминат за Даблин за да се сретнат со украинскиот претседател Володимир Зеленски и „дополнително да ги разгледаат некои од идеите до кои дојдошле денес“. Тој нагласи дека Вашингтон гледа „одредени можности и шанси за напредок“ во преговорите. На прашањето од новинар дали постојат планови за директна средба меѓу Путин и Зеленски, Кушнер одговори дека Русија сака да види „поголем напредок пред такво нешто да може да се случи“. Кушнер исто така истакна дека е очигледно оти постои мала доверба или меѓусебна блискост меѓу Путин и Зеленски. Владимир Медински, помошник на рускиот претседател и шеф на руската делегација, денес изјави дека Русија и Украина, за време на разговорите во Абу Даби, постигнале договор за нова, голема размена на затвореници, при што конкретните услови за размената ќе бидат објавени наскоро. Како што пренесува агенцијата ТАСС, тој им изјавил на новинарите дека за време на преговорите меѓу Русија, САД и Украина било покренато и едно хуманитарно прашање. „Во принцип, се договоривме за нова, голема размена на затвореници, чии конкретни параметри ќе бидат објавени во блиска иднина“, рече Медински. Преговорите меѓу делегациите на Русија, САД и Украина завршија денес во Абу Даби. Сите делегации го напуштија местото на одржување на разговорите под придружба на полициски возила. Разговорите се одвиваа зад затворени врати, без присуство на медиумите. Извор: Б92Тагови: Виткоф и Кушнер Владимир Путин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСлучајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16