БалканЗападен Балкан остана без конкретни ветувања од ЕУМногу пријателски зборови, но без конкретни датуми за можен пристап во Унијата. На самитот на државите од Западен Балкан и ЕУ се измешаа фрустрации и уверувања.(Дојче веле - Бернд Ригерт) Многу пријателски зборови, но без конкретни датуми за можен пристап во Унијата. На самитот на државите од Западен Балкан и ЕУ се измешаа фрустрации и уверувања. Од еден самит на ЕУ во Солун во 2003 година, Унијата која сега веќе брои 27 земји-членки, ја повторува истата мантра - дека државите од Западен Балкан, кои произлегоа од распадот на Југославија, како и Албанија, припаѓаат на Европа и треба да бидат примени во клубот. Само Хрватска го направи таквиот скок во 2013 година. Останатите шест - Србија, Косово, Црна Гора, Северна Македонија, Босна и Херцеговина и Албанија – се стремат веќе многу години во различни фази од долгиот претпристапен процес кон конкретен датум за членство. „Сега мора со сосема ново темпо да го завршиме овој процес за изгледите за пристапување да се претворат во вистински пристап“, рече германскиот канцелар во заминување Олаф Шолц во Брисел, каде, како и секоја година, се одржа самитот ЕУ-Западен Балкан. Шолц не го кажува ова за првпат – и пред две години зборуваше за темпо и забрзување. Расте нетрпението Од гледна точка на многу политичари од Западен Балкан, во евроинтеграциите не се има многу поместено. Еди Рама, премиерот на Албанија, пристапниот процес наизменично го нарекува нефер или невротичен. Албанецот дури и смета дека е лицемерно што Украина - и покрај неа и Молдавија - во брзо темпо го минуваат процесот на пристапување само за да се испрати геополитичка порака во борбата против рускиот агресор. Еди Рама своите надежи ги полага во новиот претставник за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас од Естонија, и смета дека таа дефинитивно ќе се залага за Западен Балкан, бидејќи и таа самата пораснала во комунистичка диктатура, се борела за слобода и конечно влегла во ЕУ. Според албанскиот премиер, Западен Балкан поминал низ сличен процес. Еди Рама воодушевено ѝ поласка на поранешната шефица на владата на Естонија по нивната прва средба на нејзината нова функција. „Ви благодариме за пријателската насмевка во здодевното сиво време утрово во Брисел“, рече Рама. Не се сите во ЕУ на иста линија Ставовите во Европската унија за тоа која држава од Западен Балкан колку брзо треба да биде примена, во голема мера варираат. Австрија, која одржува блиски историски врски со Балканот, формираше „група пријатели“ за шесте кандидати. Во други земји кои се географски подалеку, како Ирска или Шпанија, амбициите не се толку големи. Шпанија, како и други земји од ЕУ, сè уште не го ни признала Косово како држава. Србија и натаму го смета Косово за отцепена покраина. Таквиот спор меѓу Србија и Косово не е близу до решение и покрај напорите на ЕУ за посредување. Напротив, делумно насилни судири и терористички напади дополнително ги оптоваруваат односите меѓу Косово и Србија. Тие исто така го блокираат напредокот во процесот на пристапување. Претседателката на Косово, Вјоса Османи, на самитот во Брисел опширно се жалеше дека на Србија ѝ се признава напредок, иако во надворешната политика е поврзана со Русија. Косово, од друга страна, вели таа, ги исполнило сите реформи и барања на ЕУ и секако ја поддржува политиката на ЕУ за Украина. „Ние сме најпријателската земја во однос на Европа во цел свет, но нашата апликација за членство исчезна во некоја фиока во Брисел“, рече Османи. Меѓусебни проблеми Германскиот канцелар Олаф Шолц предупреди, како што тоа често го правеше во минатото, дека спорот меѓу соседите од Западен Балкан не треба да го засени пристапниот процес. Тоа важи и за земји-членки на ЕУ чии билатерални проблеми со поединечни земји-кандидати влијаат на процесот во целина. Веројатно притоа се мисли на Бугарија, која, од различни културно-историски причини, има проблем со кандидатот за членство Северна Македонија. Но, овие проблеми не беа споменати на самитот, туку прикриени со општата декларација дека Западен Балкан ќе припаѓа на ЕУ. Впрочем, процесот на пристапување зависи од перформансите на оние кои сакаат да се приклучат. Секоја земја се оценува индивидуално и независно од нејзините соседи. Затоа, според Комисијата на ЕУ, нема поврзување на пристапите. Црна Гора на прагот? На тоа се надева најмалиот од кандидатите за пристап, Црна Гора со нејзините - само - 670 илјади жители. Црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ на самитот рече дека неговата земја ги затворила сите преговарачки поглавја и дека со години веќе е подготвена да се приклучи. „Ние сме најнапред и би сакале да станеме 28-та земја-членка на ЕУ. Тоа би било јасен сигнал и за другите апликанти дека пристапниот процес сѐ уште е жив“, рече Милатовиќ. Но, ниту тој не доби конкретно ветување. Новиот ЕУ-претставник за надворешна политика, Каја Калас, едноставно рече дека сака да постигне вистински напредок во рамките на нејзиниот мандат во следните пет години. По рускиот напад врз Украина од пред речиси три години, ЕУ беше потресена. Западен Балкан одеднаш стана поважен како бедем против руското влијание. „Проширувањето на ЕУ е важно за безбедноста во цела Европа“, оцени претседателот на Црна Гора. Барем тоа сега го разбраа во земјите на ЕУ. За да се врзе Западен Балкан посилно кон Унијата, која и онака веќе е најважниот трговски партнер за регионот, треба да се договори „план за раст на Западниот Балкан“. Планот треба да обезбеди инвестиции во инфраструктурата и работни места во регионот. Нема датуми Поранешниот претседател на Советот на ЕУ, Шарл Мишел, зборуваше за 2030 година како година во која треба да се случат следните пристапувања. Неговиот наследник на функцијата, Антонио Кошта, не го повтори тоа. „Самитот не се однесуваше на деталите за проширувањето“, изјави Кошта и додаде дека станало збор повеќе за големата стратешка слика. „Ја видовме фрустрацијата во регионот. Но, сега има нов моментум“, вели Кошта. Пред да се преземат конкретни чекори, Европската унија мора прво самата да се подготви за прием на нови членки, постојано предупредуваат дипломатите на ЕУ. Процедурите и институциите за гласање се премногу бавни и незгодни за заедница со 33 земји-членки или дури и само со големата Украина. Францускиот претседател Емануел Макрон со години бара реформи, но малку се има променето. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен најави дека наскоро ќе излезе со предлог. Дали повторно ќе го гледаме истото на следниот самит на ЕУ-Западен Балкан во декември 2025 година? (Бернд Ригерт - дописник од Брисел со фокус на луѓето, приказните и политиката на Европската Унија)Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизХајди Клум позира топлес покрај базен: Обожавателите ја нарекуваат „кралица“Хајди Клум (53) го искористи сончевиот викенд за релаксација покрај базен. Во неделата, манекенката објави фотографија на Инстаграм на која седи на работ од базенот, со нозете во водата и кренати раце.Таа носеше само долен дел од црно бикини и качкет, додека покрај неа седеше нејзината 22-годишна ќерка, Лени. Лени во скутот држеше кученце по име Фриц – кое Хајди го вдоми во април. „Недела“, напиша таа кратко покрај фотографијата. Хајди не се крие Објавата брзо го привлече вниманието на нејзините следбеници, кои го преплавија делот за коментари со комплименти. Некои ја нарекоа „кралица“ и „божица“, додека други едноставно напишаа „вау“. Хајди со години отворено зборува за својот став кон сопственото тело и голотијата. Во интервју за списанието „People“, таа објасни дека ваквиот пристап за неа е сосема природен. „Отсекогаш сум била многу отворена во однос на своето тело. Кога се сончам во градината, понекогаш не носам горен дел. Јас сум Европејка... моите деца никогаш не ме запознале поинаку, што веројатно е причината зошто тие се поопуштени во однос на сопствените тела“, изјави таа. Манекенката исто така истакна дека никогаш премногу не се грижела за тоа како изгледа пред другите. „Отсекогаш сум имала самодоверба. Немам проблем да шетам наоколу во долна облека. Не се кријам по ќошиња“, појасни Хајди. Таа не сака инјекции за слабеење Клум претходно зборуваше за тоа како се справува со телесните промени што доаѓаат со стареењето. Според неа, во тоа има поддршка од нејзиниот сопруг, Том Каулиц (37), кој ја охрабрува да не биде опседната со стандардите за слабост наметнати од модната индустрија. View this post on Instagram A post shared by Heidi Klum (@heidiklum) Денес, таа смета дека неколкуте килограми вишок воопшто не ѝ пречат и дека таквата фигура одлично ѝ прилега. Истовремено, таа изјави дека нема интерес за лекови за слабеење, како што се „Ozempic“, „Wegovy“ или „Mounjaro“. Наместо тоа, таа се стреми да одржува рамнотежа преку исхраната и редовната физичка активност. Не поминува часови во теретана, бидејќи претпочита поедноставни форми на вежбање. Дома, во Лос Анџелес, таа често скока на трамболина или изведува вежби со сопствена тежина, вклучително и чучњеви.Тагови: Хајди Клум Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГраѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39Изборната победа се слави и вечерва на плоштадот Славија во Белград20:12Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27
Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16
Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00
Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27
СветЖена со ебола пренесена во Швајцарија, има сомнеж за уште еден случајМаж, за кој постои сомневање дека е заразен со ебола, пристигна во Швајцарија од Нигерија и е примен во Универзитетската болница во Цирих, потврди денеска портпарол на болницата, пренесува Ројтерс.Владата на Нигерија претходно соопшти дека жена заразена со ебола – сопруга на швајцарски дипломат – утрово заминала за Швајцарија со специјален лет за медицинска евакуација. Во авионот бил и нејзиниот сопруг. Според веб-страниците за следење летови, авионот пристигнал во Швајцарија попладнево. Жена пренесена во Женева на лекување Портпаролот на болницата во Цирих не го откри идентитетот на мажот, но потврди дека една жена е пренесена во Женева на лекување. Властите во Женева одбија да го коментираат случајот, наведувајќи дека швајцарската влада наскоро ќе издаде соопштение со дополнителни детали. Извор: Индекс.хрТагови: ебола Швајцарија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамДури ни соработката со „Xpeng“ не помага: „Volkswagen“ во кризаУделот на кинескиот пазар во вкупната добивка на групацијата е намален од речиси 50 отсто на околу 10 отсто, а партнерството со локалниот производител „Xpeng“ сè уште не ги дава очекуваните резултати.Со години, Кина беше еден од најважните пазари за „Volkswagen“, но ситуацијата значително се промени. Уделот на Кина во вкупната добивка на групацијата падна од речиси 50 отсто на околу 10 отсто, а партнерството со кинескиот производител „Xpeng“ сè уште не ги носи очекуваните резултати. „Volkswagen“ инвестираше 700 милиони долари во „Xpeng“, стекнувајќи удел од 4,99 отсто. Двете компании развија заедничка електрична и електронска архитектура за нови електрични возила, вклучувајќи ги моделите „ID. Unyx 08“ и „ID. Unyx 09“. Концептот беше автомобилите да се развиваат и произведуваат во Кина, приспособени за локалните купувачи. Сепак, продажбата на првиот модел е далеку под предвидувањата. Според податоците објавени од Ројтерс, во периодот од април до август, месечно се продавале во просек само 267 примероци од моделот „ID. Unyx 08“. Тоа е помалку од десет отсто од првичната цел од 3.622 возила месечно. Поради овие слаби резултати, „Volkswagen“ ја намали целта за продажба за 2026 година од 32.600 на 12.300 автомобили. Целта за 2027 година исто така е ревидирана, намалувајќи се од 70.400 на 64.000 возила. Технологијата и продажната мрежа како предизвик Моделот „ID. Unyx 08“ се одликува со модерен дизајн и богата дигитална опрема. Сепак, според извештаите, тој заостанува зад одредени кинески конкуренти во поглед на технологијата и брзината на полнење. Продажната мрежа претставува дополнителен предизвик: моделот првенствено се продава преку околу 166 продажни места на „Volkswagen Anhui“, наместо преку значително пошироката мрежа на партнерства со „FAW“ и „SAIC“. Сепак, „Volkswagen“ останува посветен на Кина. Компанијата очекува месечна продажба од најмногу 4.900 примероци од седанот „ID. Unyx 09“, со долгорочна цел до 2034 година да достигне 90.000 возила годишно. Овој модел ќе им конкурира на возила како што се „Tesla Model 3“ и „Xiaomi SU7“. Германскиот производител, исто така, ја разгледува можноста за извоз во Европа на возила произведени во Кина. Сепак, дополнителните царини за автомобилите произведени во Кина би можеле да го отежнат овој план. Поради тоа, како алтернатива се разгледува производство во германските погони, кои моментално работат со капацитет под максимумот. Извор: Б92Тагови: Volkswagen Кина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГраѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39Изборната победа се слави и вечерва на плоштадот Славија во Белград20:12Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27
Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16
Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00
Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27