Занаетчиите бараат помош од државата, загрозени над 9 000 работни места

За мерките за поддршка на бизнис секторот да можат да аплицираат и занаетчите. Кризата во овој сектор се чувствува од првиот ден. 

Без помош од државата поради намалената побарувачка на услугите од пандемијата се доведува во прашање опстојувањето на бизнисите и работните места на 5 800 занаетчии и 3300 други вработени во оваа дејност, апелираше денеска претседателот на Занаетчиската комора на Скопје Никола Петров.

Предлагаат во мерката за субвенционирање на плати да бидат предвидени и занаетчиите, а ослободувањето од аконтација на данок на личен доход додека трае пандмијата да се однесува и за занаетчиите кои паушално плаќаат данок по решение од Управата за јавни приохди и занаетчиите кои плаќаат данок од реално остварен приход се додека трае кризата со панедмијата во занетчискиот сектор. Бараат да се најде можност и занетчиите да аплицираат за кредити преку Развојната банка. Тие кои ќе бидат во самоизолација, пак, да се третираат ако болни, трошокот да биде на товар на Фондот за здраство.

Според Петров, занаетчиите не се опфатени во ниту една мерка донесена од Владата и досега не добиле одговор за предлозите што ги упатиле за помош.

-Мерките кои се предлагаат деновиве, а кои се на разгледување опфаќаат субвенција на минимална плата за вработени, а придонесите остануват на товар на работодавачот. Проблем се јавува кај занаетчиите кои вршат дејност самостојно, самовработени лица, затоа што немаат обврска да ислаќаат плата за себе туку да плаќаат придинес за задолжително пензиско и инвалидксо осигурување, придонес за задолжително здравствено осигурување и дополнителен придонес за задолжително осигурување. Доколку се донесе мерката за субвенција на плата, а обврската за исплата на придонеси додека трае пандемијата падне на товар на работодавачот околу 5 800 занаетчии нема да бидат оппафетни со мерката. Тие нема да бидат субвенционирани ниту со плата, ниту со приоденси, укажа Петров.

Доколку со мерката за субвенционирање на плати не се опфатат занаетчиите за време на кризниот период, предупредува Петров, постои голема можност за затворање на бизнисите и отпуштање на вработените.

-Во мерката за ослободување од аконтација на данок на личен доход предлагаме додека трае пандмијата да бидат опфатени и занаетчии кои паушално плаќаат данок по решение од УЈП и занаетчии кои плаќаат данок од реално остварен приход се додека трае кризата со панедмијата во занетчискиот сектор. Да се најде можност и занетчиите да аплицираат за кредити преку Развојната банка и да останат ликвидни затоа што моментно занаетчиите регистрирани согласно законот за занаетчиство не се предвидено како организациска форма да аплицираат за кредити, рече Петров.

Занаетчиската комора Скопје, потсети, апелираше неколку пати до Владата и надлежните министерства за ситуацијата во секторот, затоа што добиваме многу барања од занаетчии за помош во овие тешки денови.

– Владата мора да изнајде начин со финансиска поддршка да им излезе во пресрет на занаетчиите. Во спротивно, бројот на занаетчии ќе опаѓа, ќе престанат да вршат дејност многу бизниси и во иднина се помал број на лица ќе се регистрираат како занаетчии. Занаетчиството ќе биде на работ на пропаста по оваа криза. Сега е моментот кога Владата треба да му помогне на секторот затоа што без финансиска помош многу бизниси нема да издржат, рече Петров.

Како што нагласи, влијанието на кризата се чувствува од првиот ден. -Човек не влегува во дуќан со месеци. И побарувачката и продажбата на занаетчиските услуги е сведена на минимум. Тоа го чувствуваат занаетчиите од сите дејности: фризери, козметичари, вратари, бравари, градежници столари, цвеќари, пекари, слаткари, леблебеџии, чевлари… Апелираме до Владата да не изгубиме ниту еден занаетчија и ниту едно работно место во занаетчискиот сектор затоа што секој занаетчија придонесува за намалување на невработеноста и за егзистенција на своето семејство и своите вработени, плаќа даноци, придонеси и е бизнис како и секој друг.Во спротивно, тешко ќе ги вратиме, ќе одлетаат недаке каде што сега после ова многу ќе ги бараат. Ова еднаш ќе заврши, а сите занаетчии ќе си го барат чарето, предупреди Петров./МИА

НАСА објави симулација на влез во црна дупка во вселената (ВИДЕО)

Дали некогаш сте се запрашале што се случува, т.е. како изгледа ако пропаднеш во црна дупка?

НАСА штотуку објави нова, неверојатна визуелизација направена со помош на суперкомпјутер, која покажува што се случува откако ќе го премине таканаречениот хоризонт на настани, точката од која нема враќање, соопшти вселенската агенција.

- Луѓето често прашуваат за ова, а симулирањето на овие процеси кои тешко се замислуваат ми помага да ја поврзам математиката на релативноста со реалните последици во реалниот универзум. Затоа симулирав две различни сценарија, едното во кое камерата, замена за астронаутот, за влакно го промаши хоризонтот на настани и се врати, и едно во кое ја премина границата, со што ја запечати својата судбина - рече Џереми Шнитман, астрофизичар во Годард Центарот за вселенски летови во НАСА, кој ја создаде визуелизацијата.

Визуелизациите се достапни во неколку форми. Некои следат објаснувања, други едноставно имаат бизарни ефекти.

За да ја создаде визуелизацијата, Шнитман се здружи со колегата Брајан Пауел и тие го користеа суперкомпјутерот Дискавери во Центарот за климатска симулација на НАСА. Проектот генерирал околу 10 терабајти податоци и тоа го правел пет дена користејќи само 0,3 отсто од 129.000 процесори на Discovery. На типичен лаптоп, ова би траело повеќе од една деценија, додава НАСА.

Дестинацијата е супермасивна црна дупка со маса 4,3 милиони пати поголема од Сонцето, што е слично на „чудовиштето“ во центарот на нашата галаксија Млечен Пат.

- Ако имате избор, подобро е да паднете во супермасивна црна дупка. Црните дупки со маса слична на ѕвездите имаат многу помал хоризонт на настани и посилни плимни сили, кои ќе ги растргнат објектите што им се приближуваат пред да стигнат до хоризонтот – рече Шнитман.

Симулираниот хоризонт на настани се протега на 25 милиони километри, што е околу 17 проценти од растојанието од Земјата до Сонцето.

– Кога камерата ќе го помине хоризонтот, нејзиното уништување со шпагетификација ќе се случи за само 12,8 секунди – изјави Шнитман.

Двајца фаворити на изборите во Бугарија се на американската црна листа

Двајца носители на листа и фаворити на претстојните избори во Бугарија се наоѓаат на американската црна листа поради корупција.

Лидерот на Преродба, Дељан Певски е на американската црна листа од 2021 година.

Додека Васил Божков, носител на листа на партијата ЦЕНТАР е на црната листа на САД од 2021 година и се соочува со повеќе од 16 обвиненија, групирани во три големи кривични дела. Откако најави дека ќе биде носител на листата судот во Софија го ослободи со кауција од 130.000 лева (65.000 евра), со што му овозможи на бугарскиот бизнисмен, познат како Череп, активно да учествува во изборната кампања.

Според бугарските обвинители, Божков е обвинет дека не платил речиси 700 милиони лева (350 милиони евра) такси за коцкање, нелегално поседување антиквитети и поттикнување на убиство.

Божков тврди дека е жртва на репресија од страна на поранешниот премиер Бојко Борисов и вети дека ќе се бори против политичката статус кво состојба во Бугарија, тврдејќи дека неговата партија е единствената алтернатива.

Грузија ги обвини организаторите на протестите дека со сила сакаат да ја преземат власта

Службата за државна безбедност на Грузија денеска ги обвини организаторите на протестите против предложениот закон на владата за „странски агенти“ дека сакаат насилно да ја преземат власта и ги предупреди граѓаните да не им се придружуваат.

Веќе еден месец илјадници луѓе речиси секој ден протестираат против предложениот закон, кој го сметаат за авторитарен и инспириран од сличен закон во Русија кој се користи за сузбивање на неистомислениците.

Во објава на Фејсбук, агенцијата за внатрешна безбедност на Грузија предупреди дека организаторите на протестите имаат за цел „да ги соборат државните структури и владата со насилни средства“.

Агенцијата истакна дека организаторите на протестите биле финансирани однадвор и дека планирале насилство врз полицијата, заедно со кампања на граѓанска непослушност како „обоените револуции“, серија бунтови кои ги соборија владите во поранешните советски републики во раните 2000-ти.

„Ги повикуваме младите кои учествуваат во протестите да не следат провокации“, се наведува во соопштението.

Грузискиот парламент треба да го одржи третото и последно читање на законот на 13 мај. Опозицијата повика на нова серија масовни протести од 11 мај.

Западните земји го критикуваат предложениот закон, според кој организациите кои добиваат повеќе од 20 отсто пари од странство ќе мора да се регистрираат како агенти на странски служби. Европската унија, која на Грузија ѝ додели кандидатски статус во декември, предупреди дека законот може да го отежне пристапот во Унијата.

Предлог-законот предизвика конфликт меѓу владејачката партија Грузиски сон и коалицијата на опозициските партии, граѓанското општество и претседателот на земјата. Владата посочува дека законот е потребен за да се промовира транспарентноста и да се заштити грузискиот суверенитет.

Безбедносните сили често користат солзавец и водени топови против демонстрантите. Минатата недела полицајци го претепаа лидерот на најголемата опозициска партија во Грузија.

Претседателката на парламентот Шалова Папунашвили денеска најави дека владејачката партија ќе создаде јавна база на податоци „за сите лица вклучени во насилство, други незаконски дејствија, закани и уцени или секој кој јавно поттикнува такви дела“.

притисни ентер