Вештак тврди дека ливчињата со суми пронајдени со парите во куќата ги напишала мајката на судијата Ристов
1Вештак тврди дека ливчињата со суми пронајдени со парите во куќата ги напишала мајката на судијата Ристов
БалканШолц: Мирот на Западен Балкан не е нешто што се подразбира само по себеГерманија интензивно се залага за прием на земјите од Западен Балкан во Европската унија бидејќи членството е ветувано долго време, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц на средбата со Денис Беќировиќ, член на Претседателството на БиХ.Кога станува збор за Босна и Херцеговина, таа не напредувала колку соседите, но Шолц потсети дека во март „заедно со колегите од Советот на ЕУ“ дал зелено светло за почеток на преговорите за полноправно членство со БиХ, пишува ДВ. „Тоа беше важен чекор на кој работевме многу долго, но се надевам дека разбуди нова надеж во БиХ во Европа и дека е барем мал поттик да продолжиме со реформите“, рече Шолц и додаде дека тоа е „мал сигнал за силите ориентирани кон реформи“. Германскиот канцелар потоа потсети дека членството во Европската Унија пред сѐ зависи од условите што земјата-членка мора да ги исполни на патот кон таа цел. Можеби тоа беше мал одговор на сите оние од Западен Балкан кои се чувствуваа заобиколени откако на крајот на минатата година им беше отворен патот на преговорите на Украина и Молдавија по скратена постапка. Сега Шолц уште еднаш јасно стави до знаење дека патот е долг, за некои многу, многу долг. Некои веќе можат многу брзо да ја замислат Црна Гора во Европската унија, како што рече Антон Хофрајтер, политичар од владејачката партија Зелени и претседател на Комисијата за прашања на ЕУ во Бундестагот, минатата недела по посетата на Спајиќ на Берлин. На Босна и Херцеговина ѝ претстои долг пат. „Знам дека напорите се големи, но овие напори на крајот ќе се исплатат и тоа не само финансиски“, изјави Шолц. Како дел од берлинскиот процес, германскиот канцелар сака да продолжи со зајакнување на регионалната соработка бидејќи, според него, придонесува за мир, што е особено важно во актуелните геополитички околности. „Нападот на Русија врз Украина ни покажа колку е важна соработката, а исто така покажа колку е важен мирот“, рече Шолц, кој го поздрави покажувањето на солидарност на БиХ со Украина и приклучувањето кон санкциите против Русија. Германскиот канцелар се осврна и на безбедносната ситуација во регионот и рече дека мирот на Западен Балкан „не е нешто што се зема здраво за готово“. „Босна и Херцеговина игра важна улога овде и ќе се спротивставиме на секој обид за загрозување на територијалниот интегритет и суверенитет на Босна и Херцеговина“, рече Шолц и нагласи дека поради тоа Германија ќе истрае да учествува во воената мисија Еуфор и Алтеа. Претседателот на Претседателството на БиХ, Беќировиќ, рече дека се заблагодарува „во име на огромното мнозинство граѓани на БиХ“ за поддршката што Германија со децении ѝ ја дава на неговата земја. „БиХ е земја со долга историја и има добра меморија и како таква не ги заборава своите пријатели, а Германија е голем пријател“, рече Беќировиќ, кој укажа и на подобрувањето на економските односи меѓу БиХ и Германија. „Меѓу 75 и 80 отсто од жителите на БиХ сакаат што поскоро нашата земја да биде полноправна членка на ЕУ и НАТО. За жал, и за тоа го информирав канцеларот Шолц, имаме проруско малцинство во Босна и Херцеговина што ги загрозува основите на Дејтонскиот договор и уставниот поредок на Босна и Херцеговина. Тој рече дека треба да биде подготвен да одговори на „предизвиците“ околу ова прашање во наредниот период. Тој, исто така, и се заблагодари на Германија за нејзината улога во однос на резолуцијата на ОН за „одржување на вистината за геноцидот во Сребреница“. Шолц, на прашањето на ДВ за односот на Германија кон оние кои се против резолуцијата, повеќе или помалку избегна директен одговор и рече дека Германија предводи „група пријатели“ кои се залагаат за усвојување на резолуција што е таму за да „сеќавањето не избледува за да останат предупредувањата за во иднина“. И оваа посета на висок политичар од Западен Балкан покажа дека германските напори за приближување на земјите од овој регион кон Европската унија не стивнуваат. Она што владата на Олаф Шолц го започна веднаш по преземањето на власта со назначувањето на Мануел Саразин за специјален комесар на германската влада за Западен Балкан и интензивната дипломатска активност повторно се активира. Оваа година самитот како дел од Берлинскиот процес ќе се одржи во Берлин на десетгодишнината во октомври, а Германија се уште важи за најсилна сила кога е во прашање задржувањето на Западен Балкан на листата на приоритети на Европската унија. И досегашните успеси во рамките на овој процес, т.е. зајакнувањето на регионалната соработка, како што е договорот за меѓусебно признавање на дипломите, Германија го доживува како успех на берлинската дипломатија. Без Германија, Босна и Херцеговина веројатно немаше да добие зелено светло за почеток на преговорите во март. „Горд сум на фактот што развивме ново темпо во процесот на приближување на земјите од Западен Балкан до Европската унија. Сега Европската комисија предложи отворање на преговорите за Босна и Херцеговина. Ова е јасно сигнал дека ЕУ се прилагодува на новата ситуација, европскиот мировен проект ќе биде силен во светот, кој се менува“, рече Шолц за време на неговото владино соопштение во март, кое му претходеше на самитот во Брисел.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВештак тврди дека ливчињата со суми пронајдени со парите во куќата ги напишала мајката на судијата РистовЛивчињата со запишаните суми, пронајдени со 350 илјади евра заѕидани во семејната куќа на апелацискиот судија Ѓоко Ристов во Неготино, ги напишала неговата мајка Донка Ристова. Ова е заклучокот на вештакот ангажиран од одбраната, кој на денешното судско рочиште тврдеше дека ракописот и цифрите не се напишани од обвинетиот Ристов. -Согласно мислењето на кое останувам, Ѓоко Ристов е елиминиран со сигурност како можен скриптер. Неговата мајка Донка Ристова ги пишувала ливчињата во најлонската кеса со парите. - Емилио Фришчиќ – вештак. Тој објасни и дека при пишување на хартија може да останат биолошки траги, доколку кожата директно ја допира површината. Но обвинителството тврди дека одбраната се обидува да ги поврзе ливчињата, напишани од мајката на Ристов, со ДНК-материјалот пронајден на фолијата, кој, според обвинителството, е директно поврзан со обвинетиот судија. Можноста за контаминација ја оцени како хипотетичко сценарио. -Одбраната се обиде да направи ете спин некаков, да ги поврзе овие ливчиња испишани од Донка со ДНК материјалот најден на фолија кој е директно на обвинетиот Ѓоко. Веројатно спинот беше на линија на некаква контаминација, но тешко е да поверуваме дека ливчињата Донка ги допирала или вака триела од обвинетиот Ѓоко, па теоретски да дојдеме до некои хипотетичко и фантастично сценарио дека оттука доаѓа до пренос на ДНК материјал- изјави – Искра Хаџи Василева – Обвинител во ОЈО ГОКК. Одбраната, пак, го оспорува пристапот на обвинителството во случајот со парите, прашувајќи како може да се тврди дека тие се на Ристов без да се посочи конкретно коруптивно дело од кое потекнуваат. -Најдени пари во куќа и ѕид на друго лице, тврди дека се негови, при што вика: „Не постои ни еден коруптивен предмет кој јас можам да го укажам и од каде што се земени парите“. Арно ама, ние веќе неколку месеци водиме постапка за „жими мајка“,-изјави – Звонко Давидовиќ – Адвокат. Во судница како сведок беше сослушан и таткото на сопругата на Ѓоко Ристов. Кажа дека за купување на стан во Карпош од 140 квадрати, учествувал со половина од парите односно 70 илјади евра. Обвинителката не го коментираше овој исказ бидејќи како што рече, тоа не е предмет на обвинението. Одбраната денеска кажа дека засега се откажува од тројца сведоци меѓу кои и Љупчо Пецов Ѓаволот, а следно рочиште за случајот е закажано за 3 ноември. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Македонија е посветена на реформите, но неправедно блокирана на патот кон ЕУ15:00Мицкоски: Денеска сум во Црна Гора, каде се одржува Самитот на Берлинскиот процес13:23Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето на судијата во Апелацискиот суд, Ѓоко Ристов11:16Мицкоски учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора 08:46Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
ЕвропаКако протестите во Европа можат да влијаат врз проширувањето на ЕУ?„Вирусот“ на протести, поттикнати од т.н. GEN Z се шири нив Европа – последниот бран ја зафати Грција, откако илјадници ученици, студенти, наставници и други административни работници излегоа на протести во Атина и ширум земјата. Се бараат подобри услови во образованието и мерки за справување со високите трошоци за живот. Во меѓувреме се заоструваат антивладините протести и во соседна Албанија. Тензијата утринава се манифестираше и во парламентот, каде што дојде до физичка пресметка. Студентите и професорите продолжија да бараат оставка од премиерот Рама пред неговиот кабинет. Рама повторно понуди „столчиња за дијалог“, овој пат бетонски, откако демонстрантите во два наврати ги искршија дрвените. Анкета: Сите политичари, од двете партии, главните партии, треба да си заминат, во основа. Тоа е она што новата генерација го сака./ Корупцијата е на невидени нивоа, невидени во било која друга светска држава. Пред нов протест е и Италија, оние кои ќе бидат насилни и ќе вршат кражби ќе подлежат на остри санкции, а се најавуваат и 500 војници на улиците на Милано за в Сабота. Оние кои протестираат возвратија дека им е доста ОД моменталните услови за живот. Доста ни беше веќе од ова. Ние сме луѓе кои работиме, ние сме луѓе кои плаќаат кирија, ние сме луѓе кои плаќаме сметки и не можеме да истуркаме до крајот на месецот дури и со две плати. Преку глава ни е, ja преминавте секоја граница. Доста е, доста е и доста е. А, дојде и до физички пресметка меѓу насобраните, односно со мигрантите. Јас сум тунижанец, дипломирав тука, со италинаско државјанство и никогаш не сум направил глупост. Не гледате ли дека главата му е полна со пајажина. Искористи шампон. Решителна акција против насилството и грабежите најави и францускиот претседател Макрон, откако улиците низ земјата се претворија во хаос. Француската полиција пак најави забрана за протести во делови од Париз и воведе полициски час за малолетници Протестите се мешавина од GEN Z тренд и реални потреби и имаат сериозен потенцијал да го опфатат целиот континент, сметаат аналитирачите. Според нив, ваквите состојби можат да бидат сериозен удар за евроинтегративните процеси. -Во моментот немирите кои се случуваат низ цела Европа, кои имаат потенцијал да ескалираат, се уште се третираат како социјален феномен на домашните земји членки, но доколку тие продолжат и се претворат во задгранично, меѓународно движење, може да влијаат на политичкиот апетит на ЕУ за проширување. Може да ги зафатат политичките елити со барања за домашни проблеми, пред да можат да се свртат на проширувањето како гео – стратегија. - Петар Арсовски – Аналитичар. Според аналитирачите, сериозна опасност по евроинтегративните процеси е и растот на десничарските партии во „носечките“ земји на Унијата, како АФД во Германија партијата на Марин Ле Пепен во Франција, кои докодлку дојадат на власт најавуваат преиспитување на мигрантските политики, а особено и проширувањето на ЕУ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Македонија е посветена на реформите, но неправедно блокирана на патот кон ЕУ15:00Мицкоски: Денеска сум во Црна Гора, каде се одржува Самитот на Берлинскиот процес13:23Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето на судијата во Апелацискиот суд, Ѓоко Ристов11:16Мицкоски учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора 08:46Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
МакедонијаМинчев на средба со грчкиот амбасадор Малукос: Од експертска размена до конкретни резултатиМинистерот за јавна администрација, Горан Минчев, оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Република Грција во Република Македонија, Јанис Малукос.Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Република Грција во Република Македонија, Јанис Малукос, на која беа разменети мислења за досегашната соработка и можностите за нејзино понатамошно продлабочување во областа на реформата на јавната администрација. Министерот Минчев му посака успешна дипломатска мисија на амбасадорот Малукос, изразувајќи очекување дека досегашното партнерство меѓу двете земји ќе продолжи да се развива преку конкретни иницијативи, размена на искуства и експертска поддршка во реформските процеси. „Нашата цел е јасна, јавна администрација што работи професионално, одговорно и ефикасно, а граѓаните тоа да го чувствуваат преку услугите што ги добиваат. Затоа ни е важна соработката со партнерите кои можат да придонесат со знаење, искуство и добри практики што ќе ги преточиме во конкретни резултати“ истакна министерот Минчев. Посебно внимание беше посветено и на развојот на Академијата за стручно усовршување и обука на административните службеници. Министерот Минчев ги истакна досегашните активности и приоритетите за нејзиниот понатамошен развој. Во таа насока, беа разгледани можностите за вклучување на грчките институции во идните активности преку размена на искуства, развој на програми за обука, усовршување на обучувачите и пренесување добри практики. Министерството за јавна администрација останува посветено на градење партнерства што придонесуваат за развој на професионални и одговорни административни службеници, поефикасни институции и подобри услуги за граѓаните. Целта на реформите е промените да не останат само на хартија, туку да се препознаат во секојдневното функционирање на институциите и во квалитетот на услугите што ги добива секој граѓанин. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook