3Mладите ракометарки од Ѓорче Петров најдобри во Македонија ќе настапат на меѓународното „Плазма“ финале во Сплит
1Пациентите со трансплантирани органи без дополнителен трошок – Myfortic ќе биде достапен без доплата
ФудбалЗаминува ли летово Лука Модриќ од Реал Мадрид? Хрватскиот капитен и легенда на Реал Мадрид , Лука Модриќ ги одработува последните месеци од актуелниот договор со мадридскиот гигант. Додека многумина уверуваат дека Модриќ ќе продолжи да игра на „Сантијаго Бернабеу“, неговиот долгогодишен соиграч и голем пријател, Серхио Рамос, ја отвори вратата за сосема неочекуван трансфер на Лука кој може да го изненади фудбалскиот свет. 35-годишниот Серхио Рамос пред неколку дена стана член на мексикански Монтереј. По пристигнувањето во Мексико, Рамос беше запрашан од медиумите кој од своите поранешни соиграчи од европските денови би сакал да го види во Монтереј, а тој не размислуваше многу и изјави. - Модриќ би бил врвно засилување за следната сезона - одговори Рамос. По изјавата на Рамос, мексиканските медиуми ја започнаа приказната и наведоа причини зошто не треба да се отфрли можноста освојувачот на Златната топка навистина да дојде во Мексико и да направи неверојатен трансфер. Првата причина е секако дека Модриќ може да преговара со кого сака сега кога влезе во последните месеци од договорот со Реал. Исто така, се наведува дека Модриќ моментално има нето плата од пет милиони евра во Реал, што не би требало да биде проблем за компанијата ФЕМСА. Станува збор за мултинационална компанија која има лиценца за издавање на Coca-Cola во Латинска Америка со годишен приход од неколку милијарди долари.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканГрција во пламен: Пожарникарите се обидуваат да го спречат ширењето на пожаротДенес во регионите Варда и Илија во западен Пелопонез, Грција, избувна пожар, кој зафати ниска вегетација.Според првичните информации, 20 пожарникари, седум возила и три авиони се вклучени во гаснењето на пожарот, објавува „Катимерини“. Локалните самоуправи исто така даваат помош во гаснењето на пожарот, а на лице место се наоѓаат цистерни за вода и градежна механизација. Западен Пелопонез моментално е под висока пожарна тревога. Извор: Б92Тагови: грција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоУтре сончево со мала до умерена облачностВремето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне претежно во југоисточните делови ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 35 степени. Следува период на стабилно и потопло време освен во вторник кога ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи.Тагови: сончево Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21Крај на кризата во Гостивар? Од утре се очекува укинување на забраната за пиење вода15:00Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42
Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00
После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20
Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21
МакедонијаГруби останува во куќен притвор до 13 септемвриПоранешниот вицепремиер Артан Груби останува во куќен притвор, кој му е продолжен откако вчера беше поднесено обвинение за случајот ,,Лотарија”, информираа од Кривичниот суд.Судењето против Груби и останатите седум обвинети во овој случај ќе стартува на 24 август. Груби ќе седне на обвинителна клупа, но не за „проневера во службата“, туку за „злоупотреба на службената положба“. Од обвинителството појаснуваат дека при одредување на правната квалификација во поднесеното обвинение, надлежниот јавен обвинител се водел од доказите прибрани во текот на истражната постапка.Тагови: Груби Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21Крај на кризата во Гостивар? Од утре се очекува укинување на забраната за пиење вода15:00Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42
Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00
После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20
Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21