Замина голем уметник - неверојатната кариера на Робин Вилијамс - Канал 5

Замина голем уметник - неверојатната кариера на Робин Вилијамс

Тој имаше способност да предизвика смеа но и голема тага кај своите гледачи. Играше со најголемите актери на денешницата - Де Ниро, Ал Пачино, Дастин Хофман и многу други - бидејќи беше рамен на нив. Кариерата на Робин Вилијамс почнува пред 35 години...

Замина голем уметник - неверојатната кариера на Робин Вилијамс
Во американските домови влезе од 1978та година со серијата „Mork & Mindy“.

Во 1987 година во филмот „Good Morning Vietnam“ тој внесе енергични импровизации и стави печат на филмот. За улогата во овој филм ја доби првата номинација за најдобар актер.

Good Morning Vietnam: William's comic talents were utilised on the 1987 film which saw him receive his first Best Actor Oscar nomination



Оскарот го доби во 1997 за улогата во филмот „Good Will Hunting“

Role of a lifetime: Williams role of psychologist to Matt Damon's troubled genius janitor won him a Best Supporting Actor Oscar

Една од улогите по кои ќе го паметиме е улогата на професорот по англиски Џон Китинг во филмот „Dead Poet's Society“, славен по реченицата наменета за неговите ученици: Carpe diem. Искористете го денот момчиња, направете ги вашите животи извонредни!

O Captain! My Captain: The actor's role as English teacher John Keating in Dead Poet's Society won him a Best Actor Oscar nomination


Овој филм ги трогна луѓето, тие посакаа да ги сменат своите животи и се надеваа на подобро - изјави Робин за својата улога во филмот.

Со Дастин Хофман го играше Петар Пан.



The boy who never grew up: He played Peter Pan opposite Dustin Hoffman's Captain Hook in Spielberg's 1991 movie take on the J.M. Barrie classic


Својата способност да одигра драматични тешки улоги ја покажа во 1990 во филмот „Awakenings“ со Роберт де Ниро...

Awakenings: Williams starred alongside Robert De Niro in the 1990 film



Како и следната година во филмот „The Fisher King“ со Џеф Бриџис. За улогата на бездомник кој загубил се и се бори со демоните од минатото Робин Вилијамс пак беше номиниран за Оскар но тој отиде во рацете на Ентони Хопкинс за улогата во „Кога јагнињата ќе стивнат“.



Acclaimed role: Williams's take on a deluded homeless man in The Fisher King alongside Jeff Bridges in 1991, won him another Oscar nomination


Незаборавна останува улогата на Вилијамс во „Mrs Doubtfire“ каде се претвора во помошничка за да може да ги гледа своите деца.

Role of a lifetime: Robin Williams film Mrs Doubtfire, in which he played a nanny in drag, was a huge critical success, second only to Jurassic Park at the 1993 Box Office

Филмот беше толку успешен што оваа година се правеа сериозни обиди да се направи продолжение и да се добие согласноста на Вилијамс - но приказната не беше лесно да се продолжи, иако Робин, според одредени информации, најавил согласност доколку добие добро сценарио.


Во 2002 играше негативец во филмот „Insomnia“ со Ал ПАчино.

Insomnia: Williams explored a darker role opposite Al Pacino in the 2002 movie


Го играше Рузвелт во „ Night At The Museum“ а последната ТВ серија „The Crazy Ones“ во која играше, беше откажана по само една сезона.

The Crazy Ones: Williams's foray into television alongside Sarah Michelle Gellar was cancelled after just one season


Депресијата го одведе Робин Вилијамс во смрт. Човекот кој засмејуваше милиони луѓе во светот и ги допираше со своите карактерни и драматични улоги, не можеше повече да се соочува со животот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Изгледа како вселенски брод и има неверојатен поглед- се продава чудна куќа во Шкотска (ФОТО)

На западниот брег на Шкотска, на полуостровот Морверн, на голем имот со поглед на морето, се наоѓа необична куќа. Се вика AirShip 002 и изгледа како вселенски брод.

Изгледа како вселенски брод и има неверојатен поглед- се продава чудна куќа во Шкотска (ФОТО)

Оваа футуристичка зграда е дел од комплекс составен од четири куќи, а ако имате малку повеќе од половина милион евра за кои не знаете на што да ги потрошите, сите можат да бидат ваши.

Главната ѕвезда на недвижности

Комплексот со веќе воспоставен бизнис за изнајмување е на продажба, а цената е намалена од 750.000 на „само“ 650.000 фунти (околу 776.000 евра).

Главната ѕвезда на имотот е секако AirShip 002. Оваа алуминиумска куќа има заоблена форма, со прозорци инспирирани од крилја од вилинско коњче и огромни стаклени површини кои нудат поглед на шкотските ридови.

Издигната е над земјата, а до влезот се стигнува преку скали. Иако изгледа како да „слетала од вселената“, нејзината внатрешност е многу удобна и функционална, објавува Pun Kufer.

Комбинација од архитектура, туризам и природа

Вклучени во продажбата се уште две колиби, исто така декорирани во посебен тематски стил - Пилотската куќа и Капетанската кабина, како и Старата капела, куќа со две спални соби наменета за сопственикот или управителот на имотот.

Пилотската куќа има елиптична форма, а дневната соба се наоѓа на горниот кат за да се обезбеди најдобар можен поглед на морето. Капетанската кабина е инспирирана од животот на брод, додека Старата капела има традиционален изглед.

Целиот проект е дизајниран како комбинација од архитектура, туризам и престој во природа. Локацијата е доста изолирана, опкружена со ридови, шуми и планини, но ова е една од причините за нејзината единствена привлечност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп им рече на европските лидери да го прекинат финансирањето на Украина

Американскиот претседател Доналд Трамп им кажа на европските лидери за време на телефонскиот повик кон лидерите на состанокот на Коалицијата на волјата дека повеќе не треба да ја финансираат Украина, објави британскиот Телеграф.

Трамп им рече на европските лидери да го прекинат финансирањето на Украина

Два извори запознаени со ова прашање рекоа дека Трамп ги критикувал плановите на ЕУ и другите меѓународни сојузници на Украина да помогнат во покривањето на финансискиот дефицит од 70 милијарди евра на земјата до 2027 година.

Тие рекоа дека Трамп рекол дека европските земји би можеле да заштедат многу пари ако војната заврши.

Американскиот претседател бил во авион за време на телефонскиот повик по враќањето од Кина, каде што одржа трилатерален самит со рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот лидер Си Џинпинг.

Трамп, исто така, имаше средба еден на еден со Путин во Кина во четврток, кој рече дека состанокот поминал „подобро од очекуваното“.

Западните претставници предупредија пред самитот во Кина дека безбедноста на Украина и Европа може да се „преобликува“ во Пекинг без нивно учество.

Путин во последните недели побара НАТО да ги повлече трупите од источна Европа како дел од договорот за завршување на војната, барање што го отфрлија Велика Британија и нејзините сојузници.

Германија беше домаќин на состанок на околу 30 сојузници на Украина во четврток, додека Европа се обидува да го обезбеди своето место на преговарачката маса, како и да обезбеди финансирање за воените напори на Украина.

На покана на германскиот канцелар Фридрих Мерц, францускиот претседател Емануел Макрон и британскиот премиер Енди Бернам, сојузниците на Украина се состанаа во Берлин синоќа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На Диди му се заканува опасност во затворот- се појавија гласини за напад и одмазда за Тупак

Рап могулот Шон Диди Комбс наводно се соочува со смртни закани во затвор.

На Диди му се заканува опасност во затворот- се појавија гласини за напад и одмазда за Тупак

Според „Радар онлајн“, стравувањата за неговата безбедност растат по инцидентот во октомври во федералниот затвор Форт Дикс во Њу Џерси, според извор.

Според изворите на порталот, Пи Диди наводно бил претепан и претрпел повреди на главата на 10 октомври откако чуварите спровеле голем претрес и заплениле забранети предмети.

Додека некои тврдат дека затворениците биле разбеснети поради губењето на нивните телефони и други бенефиции и го обвиниле Комбс за тоа, анонимен извор вели дека тепачката наводно била покритие за план да го убијат како одмазда за убиството на раперот Тупак Шакур во Лас Вегас во 1996 година.

Шон Комбс постојано негира каква било вмешаност во убиството на Тупак Шакур и никогаш не е обвинет за злосторството.

Тврдења за заговор и сенка на случајот Тупак

Извор близок до порталот тврди дека Комбс наводно не имал потреба од болница по тепачката, туку дека морал да биде преместен.

По инцидентот, Комбс бил префрлен во затворот со низок степен на обезбедување Аленвуд во Пенсилванија.

Во статијата се потсетува и на случајот на Двејн „Киф Д“ Дејвис, кој беше осуден на затворска казна во октомври, а за време на судењето беше пуштена полициска снимка од 2008 година во која тој тврди дека Комбс наводно понудил милион долари за да го убие Тупак Шакур.

Иако канцеларијата на обвинителството на округот Кларк не ја исклучи можноста за понатамошни чекори, правниот тим и службените лица на Комбс ги отфрлаат тврдењата за заговор за убиство.

Обвинувања за привилегии и негирања од затворот

Според истите извори, тензиите се зголемиле и поради тврдењата дека Диди имал неовластени привилегии во својот претходен затвор - од масажи и специјална храна до наводна употреба на шверцуван телефон и алкохол, што наводно предизвикало гнев кај другите затвореници.

Од друга страна, адвокатот на Комбс ги нарече обвинувањата за напад и заговор неосновани, додека претставник на Одделот за корекции негираше дека Комбс бил итно префрлен во болница по тепачката.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер