Законот за поништување на лустрацијата се по извесно е дека ќе го чека новиот парламентарен состав

Станува извесно дека законот за поништување на лустрацијата ќе го чека новиот парламентарен состав.

Откако ДУИ и денеска излегоа со став дека овој предлог закон треба да оди во пакет со законот за рехабилитација на жртвите од претходниот режим, за што очекуваат широка политичка дебата

Исмаили и пратеникот на ДПТ кои се дел од владината коалиција вчера не го обезбедија кворумот на комисијата за политички систем, со што законот предложен од Владата, не стигна ниту на дневниот ред. Оттука додека не се обезбеди кворумот ниту претседателот на комисијата Александар Кирацовски нема да ја свикува .

Освен за овој закон, СДСМ и ДУИ се разидоа и околу измените на Изборниот законик кога поднесоа 5000 амандмани против една изборна единица.

ВМРО-ДПМНЕ веќе се изјаснија дека ќе го блокираат Законот за поништување на лустрацијата, кој предвидува и обесштетување на лустрираните.

За нив со поништување а лустрацијата се прави аболиција на кодошите, СДСМ пак смета дека претходната власт нарачувала лустрациски процеси и затоа е против нејзиното поништување.

Сафари парк со пренос од раѓање на слонче , му дале име по најпопуларната корона апликација (ВИДЕО)

Младенче на африканскиот слон, чие раѓање се емитуваше во живо од сафари парк во Мексико, го доби името Зум по апликацијата што  стана популарна за време на пандемијата на коронавирус.

Тоа е шестиот слон роден во сафари парк во Пуебло, југоисточно од главниот град, во стадо слонови спасени пред осум години во Намибија, каде им се заканувале ловокрадци.

„Ретко може да се види раѓање на слон“, рече Френк Карлос Камачо, директор на „Африка Сафари парк“, додека слончето си играше околу нозете на неговата мајка.

„Следењето на раѓањето на слоновите во светот е многу корисно за науката“, рече тој за АФП.

Управата на паркот објави дека сака слоновите да се вратат во Африка.

„Тие не се наши. Тие му припаѓаат на светот“, рече Камачо.

„Ние сакаме тие да бидат во Африка, но тековните околности се тешки“, додаде тој, додавајќи дека луѓето што работат во туризмот ги изгубиле своите работни места поради пандемијата.


Белорусија ослободи 32 Руси , обвинети за организирање немири пред изборите

Белорусија ослободи 32 руски државјани кои претходно биле приведени, соопшти вчера портпаролот на руското јавно обвинителство.

Според руското јавно обвинителство, руските државјани се ослободени во согласност со меѓународното право и националното законодавство на Русија и Белорусија, а во координација со обвинителствата на двете држави, јавува ТАСС.

Тие биле уапсени во Минск и обвинети дека се платениците задолжени за дестабилизација на земјата пред претседателските избори одржани на 9 август.

„Група од 32 руски државјани, кои беа уапсени во Белорусија, ја преминаа границата и се наоѓаат во Русија“, објави канцеларијата на рускиот главен обвинител.

На почетокот на август, Русија испрати барање до Белорусија за нивно ослободување и враќање во земјата. Белоруските власти на 29 јули објавија дека уапсиле 32 „руски борци“ на приватна вооружена група Вагнер, позната како блиска до Кремљ, затоа што се осомничени за „дестабилизација“ на земјата пред претседателските избори.

Локалните медиуми тогаш објавија дека апсењата биле извршени откако дознале дека група од „200 борци пристигнале во Белорусија со цел да ја дестабилизираат ситуацијата за време на предизборната кампања“.

Односите меѓу Русија и Белорусија се традиционално добри, но тензиите се јавуваат периодично, особено поради енергетските проблеми. Сепак, во последните месеци белорускиот претседател Александар Лукашенко ја обвини Москва дека сака да ја претвори неговата земја во колонија и да манипулира со претседателските избори.

Рускиот претседател Владимир Путин му честиташе на Лукашенко за неговата победа на претседателските избори, и покрај обвинувањата за изборна измама и протести кои следуваа и завршија со насилство.

Рекорден раст на новозаболени во Украина

Во последните 24 часа во Украина се регистрирани 1.847 случаи на коронавирус, што е рекорден број случаи во еден ден.

Ненадејното зголемување на бројот на заразени лица е забележано во Украина по ублажувањето на мерките, пренесува агенцијата Ројтерс.

Претходниот ден биле регистрирани 1.732 нови случаи.

Вкупно, заразени се скоро 90.000 луѓе, а 2.044 починале.

Бројот на заразените се зголемил од јуни, кога властите олеснаа некои мерки на претпазливост, дозволувајќи им на кафулињата и јавниот превоз да продолжат со работа.

притисни ентер