Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
2Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
ТехнологијаЗаконот за дигитални услуги на ЕУ почнува да важи за сите интернет платформиОдредбите од Законот за дигитални услуги (ДСА) на ЕУ од денеска почнуваат да важат за сите онлајн платформи кои имаат корисници во земјите членки на Унијата.Одредбите од Законот за дигитални услуги (ДСА) на ЕУ од денеска почнуваат да важат за сите онлајн платформи кои имаат корисници во земјите членки на Унијата. Досега обврска за почитување на законските правила имаа само оние социјални мрежи, пребарувачи и сајтови за електронска трговија, кои врз основа на ДСА минатата година Европската комисија ги прогласи за „многу големи онлајн платформи“, јави дописникот на МИА од Брисел. Од обврската за почитување на ДСА се ослободени само малите и микро претпријатија кои вработуваат помалку од 50 лица и чиј годишен обрт е под 10 милиони евра. Според извршната потпретседателка за Европа прилагодена на дигиталната ера Маргрете Вестагер, стартувањето на обврските за почитување на правилата од ДСА од страна на сите платформи претставува голема пресвртница во одразувањето на основните вредности и принципи на ЕУ. - Корисниците, земјите членки и платформите сега можат да ги користат алатките во рамките на ДСА за да формираат побезбеден и потранспарентен онлајн свет, истакна Вестагер. Еврокомесар за внатрешен пазар Тиери Бретон порача дека ЕУ е целосно мобилизирана за да обезбеди имплементација на ДСА и ги охрабрува сите земји членки да извлечат максимум од новите правила. [Брегзит е „трагедија“ која Британија, сега исто така соочена со нов многу заразен вид на коронавирус, ја лишува од помошта што Европската унија може да ја пружи. Тоа го изјави денеска европск] - Ефикасното спроведување е клучно за заштита на нашите граѓани од нелегалните содржини и за поддршка на нивните права, додаде Бретон. Целта на Законот за дигитални услуги е да го направи интернет просторот побезбеден, поправеден и потранспарентен и подобро да ги заштити корисниците од ЕУ од нелегални производи и содржини на онлајн платформите. Согласно Законот, онлајн платформите, меѓу другото, се должни јасно да ги посочуваат илегалните содржини, производи и услуги, да преземат мерки за заштита на малолетниците, да забранат емитување на реклами кои ги таргетираат корисниците врз основа на политички или верски убедувања и сексуални преференции, да ги информираат корисниците за причините за отстранување на некоја нивна содржина или суспензија на налозите или профилите и да им овозможат пристап до механизмот за поплаки, како и да доставуваат извештаи за начините на следење на објавените содржини најмалку еднаш годишно. Покрај за онлајн платформите, Законот за дигитални услуги предвидува и правила за хостинг услугите, како и за онлајн посредниците, односно за давателите на интернет услуги или домејни. Услугите за хостирање и онлајн посредниците се предмет на подгрупа на обврски според ДСА. Кон крајот на август минатата година, одредбите на ДСА почнаа да важат за 19 социјални мрежи, пребарувачи и страници за е-трговија со над 45 милиони корисници од ЕУ на месечно ниво, кои во април беа прогласени за „многу големи онлајн платформи“. Дополнително, ваков статус во декември им беше доделен на уште три интернет платформи. [Таквата популарност на социјалните мрежи и воопшто содржината на Интернет, неизбежно доведе до масовно ширење лажни вести и дезинформации (фејк њуз). Феноменот на „лажни вести“ многумина го с] Врз основа на ДСА, секоја земја членка треба да именува национален координатор за дигитални услуги, со улога на независен регулатор задолжен да го следи почитувањето на законските правила на нивна територија. Во пракса овие координатори треба да бидат првото ниво за поплаки за прекршување на ДСА од страна на онлајн платформите, да именуваат независни субјекти за експертиза во откривањето, идентификувањето и известувањето за илегалните содржина на интернет, како и да имаат овластување за спроведување истраги за усогласеност со Законот и да изрекуваат мерки и казни за предизвикана сериозна штета во јавната сфера. Европската комисија заедно со координаторите ќе формираат независна советодавна група наречена Европски одбор за дигитални услуги, што треба да обезбеди дека ДСА ќе се применува доследно и дека корисниците низ ЕУ ќе ги уживаат истите права, без оглед на тоа каде се воспоставени онлајн платформите. Одборот ќе биде консултиран за спроведувањето на Законот и ќе дава совети за прашањата поврзани со него и може да придонесе за насоки и анализи. Тој, исто така, ќе помогне во надзор на „многу големите онлајн платформи“ и ќе издава годишни извештаи за истакнатите системски ризици и најдобри практики за нивно ублажување. Првиот состанок на Одборот треба да се одржи в понеделник. Според најавите, идниот месец Еврокомисијата треба да донесе Насоки за мерки за намалување на ризикот за изборните процеси, а во април ќе одржи јавна консултација за подготовка на акт за пристап до податоци, кој би требало да биде усвоен до јули. Дополнително, во мај ЕК планира да усвои и Акт за изработка на обрасци за извештаите за транспарентност. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДелегација на МВР положи свежо цвеќе по повод 11 Ноември – Денот на ослободувањето на КумановоДелегација на МВР предводена од Државниот секретар Петрушевски положи свежо цвеќе по повод 11 Ноември – Денот на ослободувањето на КумановоПо повод одбележувањето на 11 Ноември – Денот на ослободувањето на Куманово и 507 години од постоењето на градот, денеска на Спомен-костурницата во Куманово беше положено свежо цвеќе во чест на борците кои ги положиле своите животи за слободата на градот. Делегацијата на Министерството за внатрешни работи ја предводеше државниот секретар Сашо Петрушевски, кој заедно со останатите членови на делегацијата им оддаде почит на хероите и нивната жртва за слободата. Во продолжение, делегацијата на МВР присуствуваше и на свечената седница во Занаетчискиот дом, на која традиционално беа доделени Ноемвриските награди на заслужни граѓани и правни лица кои со својата работа и придонес оставиле значаен белег во општествениот живот на Куманово. Свеченоста беше збогатена со богата културно-уметничка програма. Одбележувањето на овој значаен датум претставува потсетник на богатата историја, херојското минато и непокорниот дух на Куманово, како и на обврската да се негуваат историското наследство, традициите и вредностите што се дел од колективната меморија на градот.Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДимитриеска-Кочоска: Буџетските корисници немаат изложеност кон Алта банкаНема ризик за финансиската стабилност на државата поради состојбите во Алта банка АД Битола, порача министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на денешната надзорна расправа во Собранието. Таа посочи дека буџетските корисници согласно закон не можат да отвораат сметки во комерцијалните банки, туку своите средства ги чуваат и реализираат исклучиво преку Трезорот. Во однос на јавните претпријатија и акционерските друштва на централно ниво, од досега добиените информации само едно претпријатие има сметка во Алта банка за што не постои никаков ризик . „Сакам јасно да порачам дека нема ризик за финансиската стабилност на државата. Буџетските корисници немаат сметки во комерцијалните банки, туку средствата ги чуваат и реализираат преку Трезорот. Кај јавните претпријатија и акционерските друштва, според досега добиените информации, изложеноста е минимална“, истакна Димитриеска-Кочоска. Во однос на институционалните надлежности, министерката нагласи дека супервизијата и надзорот над банкарското работење се исклучива надлежност на Народната банка, додека Министерството за финансии има надлежност во подготовката на законската регулатива. Во однос на прашањето за можноста Министерството за финансии да влијае врз исходот од постапката, истакна дека таква можност не постоела, имајќи предвид дека станува збор за законски утврдена постапка во надлежност на независната Народна банка. Министерката потенцираше и дека во процесот на стекнување на сопственоста врз банката Министерството за финансии немало никаква улога, бидејќи стекнувањето на сопственичкиот удел било реализирано преку купопродажба на акции и јавен оглас. Одделение за односи со јавностКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
МакедонијаПроф.д-р Јанкуловски е нов претеседател на Лекарска комораПоранешниот ректор на УКИМ и абдоменален хирург, Никола Јанкуловски е новиот претседател на Лекраската комора. Професорот Јанкуловски доаѓа на местото на досегашната претседателка доктор Калина Гривчева – Старделова. Тагови: Лекарска комора Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34