МакедонијаЗаконот не дозволува „Самоопределување“ да дејствува во Македонија„Политички партии регистрирани во други земји не можат да дејствуваат на територијата на Република Македонија“ – стои категорично во членот 8 од Законот за политички партии.Сепак, дилемите дали партијата на косовскиот премиер Албин Курти, Самоопределување, може да учествува на изборите во Македонија, остануваат, со оглед дека Меџити, Гаши и Касами, кои го промовираа како четврти субјект во нивниот опизициски блок, тврдат дека нема нипто спорно.. Меџити за Канал 5, вели дека партијата на Курти и досега била активна во земјава.. -Тие веќе делуваат во Македонија, пример Беким Ќоку е советник на премиерот Курти, тој е стружанец. Ќоку бил пратеник и претходно од Алијансата за Албанците, а сега ќе биде во нашите листи. Тие немаат формирано политичка партија, човекот е државјанин на Македонија, ама е советник на Курти и е член на Самоопределување“, вели Меџити. Доколку се дозволи вклучување на партијата на косовскиот премиер Албин Курти во политичкиот живот во земјава, тоа ќе значи отворање на пандорината кутија и во иднина и партии од други држави да бараат учество во изборните процеси во Македонија, велат дел од познавачите. Со став се огласи и Академик Божин Павловски, кој во изјава за Мкд предупредува дека евентуалното регистрирање на косовска партија „Самоопределување“ во земјава ќе ја врати Македонија еден век назад. -Самоопределување може да ги задоволи ‘апетитите’ на граѓаните доселени кај нас од Косово, и да создаде хаос во таканаречениот македонски блок на Албанците, но треба да се знае дека таа глупост Македонија ќе ја врати 120 години назад, кога била опседната од странските пропаганди и интереси – смета Павловски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканБутан ја призна Хрватска: Остануваат само уште две земји кои не ја призналеКралството Бутан формално ја призна Хрватска, што ќе ја зајакне соработката меѓу двете земји посветени на стабилност, мир и одржлив развој, објави Министерството за надворешни и европски работи.Признавањето е резултат на работата на владата, Министерството за надворешни и европски работи, хрватската постојана мисија во ОН и Амбасадата во Њу Делхи „во согласност со принципите на меѓународното право и целите и принципите на Повелбата на Обединетите нации“, се вели во соопштението на министерството. „Овој чин дополнително ги зајакнува предусловите за понатамошен развој на пријателски односи и соработка меѓу двете земји, засновани на меѓусебно почитување и суверена еднаквост“. Само две нации сè уште не ја признале Хрватска Хрватска веќе одржува односи со оваа хималајска нација со околу 800.000 жители во рамките на Обединетите нации, но ова формално признавање е важен поттик за билатерална соработка, во согласност со интересите на двете земји. „Како членка на ЕУ и НАТО, Република Хрватска останува посветена на промовирање на одржлив развој, меѓународна соработка, мир и стабилност, вклучително и преку зајакнување на односите со партнерите во Азија.“ Откако е признаена од оваа будистичка нација, Република Хрватска сè уште не е признаена од Нигер во Африка и Тонга во Полинезија. Хрватска го слави Меѓународниот ден на признавање на 15 јануари, бидејќи на тој датум во 1992 година беше признаена од сите членки на тогашната Европска Унија и други значајни земји во светот. Извор: Индекс.хрТагови: Бутан Хрватска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСредба на министерот Муцунски со шефицата на британската дипломатија, Ивет КуперМинистерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Лондон оствари средба со државниот секретар за надворешни работи, Комонвелт и развој на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Ивет Купер.На средбата беше потврдена заедничката заложба за натамошно унапредување на стратешкото партнерство меѓу двете земји, како и за продлабочување на соработката во повеќе области од заемен интерес, со посебен акцент на економските односи, трговијата и инвестициите. Министерот Муцунски ја нагласи посветеноста на Владата кон спроведувањето на Договорот Влада со Влада, како и интересот за натамошни заеднички активности насочени кон привлекување британски инвестиции и дополнително зајакнување на економската соработка. Во таа насока, беше разговарано и за следните чекори во развојот на стратешкиот дијалог меѓу двете земји. На средбата стана збор и за Коридорите 8 и 10 како проекти од инфраструктурно и стратешко значење, при што соговорниците разговараа и за прашања поврзани со регионалната и европската стабилност и безбедност. Притоа, тие разменија мислења и за важноста на соработката и партнерството во рамките на НАТО, актуелните глобални безбедносни предизвици, војната во Украина и состојбите на Блискиот Исток.Тагови: Тимчо Муцунски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДен по инцидентот пред бугарската амбасада, се уште не е јасно кои се мотивите и за какво дело ќе одговара сторителот15:00Тошковски го осуди настанот со палењето на возилата пред бугарската амбасада 11:13Работна посета на министерот Муцунски на Лондон08:35Брза реакција на СВР Скопје: Пронајден и лишен од слобода сторителот кој денеска опожари две возила пред Бугарската Амбасада19:38Опожарени две дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје18:13
Ден по инцидентот пред бугарската амбасада, се уште не е јасно кои се мотивите и за какво дело ќе одговара сторителот15:00
Брза реакција на СВР Скопје: Пронајден и лишен од слобода сторителот кој денеска опожари две возила пред Бугарската Амбасада19:38
МакедонијаПретседателката Гордана Сиљановска давкова го осуди инцидентот пред бугарската амбасадаЗа осуда е вчерашниот вандалски чин во кој опожарени беа две возила на бугарската амбасада, рече денеска претседателката Гордана Сиљановска Давкова. Таа не верува дека ова може да ги наруши односите помеѓу Македонија и Бугарија, бидејќи како што рече од наша страна е направена брза реакција во пронаоѓање на сторителот. Во однос на тврдењето на поранешниот член на Македонско- бугарската историска комисија, Огнен Вангелов, дека покрај уставните измени, во Протоколите има многу други услови, Сиљановска- Давкова вели тоа е доказ дека треба да има гаранции од бугарска страна дека внесување на бугарите во Уставот ќе биде нивното последно барање од Македонија. - Мислам дека тоа што го кажа професорот Вангелов е точно, не само низ призма на правна анализа на договорот, туку и низ призма на неговото конкретно искуство во работата а комисијата. Ние тоа го слушаме не само од политичари, туку и од многу други луѓе. Затоа сметаме дека треба нешто друго да се направи, дека треба гаранции да има. - Гордана Силјановска Давкова Во однос на отпочнувањето на преговорите за влез во ЕУ на Украина и на Молдавија, претседателката нагласи дека според неа, Западен Балкан е далеку по подготвен од нив, и дека ако тие можат за една година да отворат шест кластери и поглавје, можеме и ние. - Јас имам длабоки чувства и разбирање за Украина и за Молдавија, меѓутоа не можам а да не кажам дека Западниот Балкан е многу понапред од нив, впрочем скринингот тоа го покажува и дека ако може тие технички да напредуваат за една година шест кластери и поглавја да поминат, исто така можеме и ние. Бидејќи, пречката кон нас е ирационална според мене. - Гордана Силјановска Давкова Европската Унија, според претседателката Сиљановска треба да најде механизми што ќе спречат блокирање на проширувањето поради идентитетски и историски причини, наместо поради исполнување или неисполнување на европските критериуми. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter