ЕвропаУнгарија воведува данок на богатство- сѐ ќе се оданочува, па дути и имотот во странство Најбогатите граѓани на Унгарија ќе мора да плаќаат нов данок на богатство почнувајќи од следната година, а државата има намера да погледне многу подалеку од само парите на нивните банкарски сметки при неговото пресметување.Новиот данок ќе ги опфати недвижностите, инвестициите, акциите на компаниите, па дури и средствата што ги поседуваат унгарските даночни обврзници во странство. Владата на премиерот Петер Маѓар предложи годишен данок од 1 процент на делот од нето-имотот што надминува 1 милијарда форинти, или околу 3,1 милиони долари. За најбогатите, стапката ќе биде уште поголема. Граѓаните со средства што надминуваат 100 милијарди форинти, или околу 308 милиони долари, ќе плаќаат стапка од 1,5 проценти на делот од богатството над тој праг, според Ројтерс. Недвижностите и средствата во странство исто така се земаат предвид Се очекува даночната основа да биде многу широка. При утврдувањето на богатството, ќе се земат предвид недвижностите, инвестициите, акциите на компаниите и другите средства, вклучително и оние што се наоѓаат надвор од Унгарија. Од друга страна, долговите и кредитите ќе можат да се одземат од даночната основа. Ова би значело дека државата не само што ќе гледа колку одредено лице поседува средства, туку и неговата нето вредност по одбивањето на обврските. Данокот би се плаќал еднаш годишно, врз основа на даночна пријава поднесена од самиот даночен обврзник. Првата обврска треба да се утврди според состојбата на средствата на крајот на 2026 година, додека рокот за поднесување и плаќање би бил 31 август 2027 година. Најбогатиот Унгарец има 5,5 милијарди долари Новата мерка особено ќе го погоди самиот врв на листата на најбогати луѓе во земјата. Според листата на унгарското издание на Форбс, 28 лица имаат богатство од повеќе од 100 милијарди форинти, што ги става во категоријата за која е предвидена повисока даночна стапка. На врвот на листата е Лоринц Месарош, бизнисмен чија бизнис империја вклучува банкарство, енергетика, туризам, градежништво и земјоделство. Неговото семејно богатство се проценува на околу 1,786 трилиони форинти, или приближно 5,5 милијарди долари. Вториот најбогат човек во земјата е претседателот на ОТП банка, Шандор Чањи, чиј имот се проценува на приближно 2 милијарди долари. Петер Маѓар рече дека за време на подготовката на данокот, имало обиди за лобирање против новиот данок. - Предлагам чесно да ги плаќаат даноците - е пораката што ја испрати премиерот. Зошто Унгарија го воведува новиот данок? Данокот на богатство беше едно од изборните ветувања на партијата Тиса, која ја победи Фидес на априлските избори и го заврши 16-годишното владеење на Виктор Орбан. Новата влада сега се соочува со сериозен проблем со јавните финансии. Буџетскиот дефицит на Унгарија за оваа година е проектиран на дури 7,5 проценти од БДП, додека Унгарците ветија дека ќе го намалат на три проценти до 2030 година. Ова треба да ѝ помогне на земјата да ги исполни фискалните критериуми потребни за евентуалното воведување на еврото. Сè уште не е познато колку пари владата очекува да собере од новиот данок. Се очекува да биде вклучен во буџетот за 2027 година, кој се очекува да биде презентиран во октомври. Нацрт-законот веќе е објавен за јавна консултација, која ќе трае до 14 октомври, по што треба да биде доставен до парламентот. Доколку се усвои според сегашниот план, најбогатите Унгарци ќе мора да пресметаат не само колку заработуваат, туку и колку вредат вкупно, почнувајќи од следната година.Тагови: данок Унгарија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканПрвиот човек на КК Партизан станува сопственик на фудбалскиот клуб Чукарички од БелградПретседателот на евролигашот Партизан, Остоја Мијаиловиќ го купува фудбалскиот клуб Чукарички.Спортскиот директор на Чукарички, Владимир Матијашевиќ, во подкаст откри дека клубот од Баново Брдо наскоро ќе го преземе актуелниот претседател на Кошаркарскиот клуб Партизан, Остоја Мијаиловиќ. Матијашевиќ вели дека „сè е веќе завршено и чисто“ во однос на преносот на сопственоста на клубот на Мијаиловиќ, и дека се очекува сè официјално да биде завршено на почетокот на месецот или на почетокот на следната година. „Работата е при крај. Ако сакате конкретен одговор, ќе го добиете. Ако сè помине како што треба, Остоја Мијаиловиќ во декември ќе го преземе ФК Чукарички од Драган Обрадовиќ. На тоа моментално работат сите правници“, изјави Матијашевиќ во подкастот „2x45“ на MozzartSport. По преземањето, Мијаиловиќ ќе стане мнозински сопственик на клубот. Досегашниот сопственик, Драган Обрадовиќ, ќе го продаде целиот свој удел во клубот. „Во разговорот што го имавме пред три дена, Остоја побара сите луѓе да останат, а спомна и дека јас би можел да задржам одреден удел, доколку сакам да останам. Остоја и Обрадовиќ треба уште да ги финализираат работите, но главниот дел е завршен. Сè е проверено. Документацијата е чиста. Затоа очекувам, доколку сè е во ред, на почетокот на декември или кон средината на следниот месец, Мијаиловиќ да му се приклучи на клубот“. Матијашевиќ верува дека новиот сопственик ќе ја задржи сигурноста и стабилноста што ги красеа „планинарите“ во текот на целиот период под водство на Обрадовиќ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветРуски воен авион се урна во Сибир: Нема преживеани Руски воен транспортен авион „Ан-12“ се урна денеска во регионот Кемерово, во југозападен Сибир, при што загинаа сите 17 лица кои се наоѓале во леталото, пренесува „Известија“, повикувајќи се на добро известен извор.Изворот потврди дека целиот екипаж загинал во инцидентот. Претходно беше соопштено дека авионот што се урна во селото Јагуново, во регионот Кемерово, според првичните сознанија е идентификуван како воен авион „Ан-12“. Причините за инцидентот сè уште не се утврдени. A Russian Air Force An-12 cargo aircraft reportedly crashed in Kemerovo, Siberia, this evening. https://t.co/HCxbKJIh5S — OSINTtechnical (@Osinttechnical) November 17, 2026 Гувернерот на Кемеровската област, Иља Середјук, соопшти дека во близина на селото Јагуново се случила авионска несреќа, а службите за итни случаи се на терен.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаШукова: Бараме одговорност за секоја една жена жртва на насилство Од Форумот на жени на СДСМ вечерва излегоа на протест пред СВР Охрид против насилствата врз жените.Побараа одговорност од насилниците и институциите и заштита за секоја жртва која била изложена на насилство. Претседателката на Форумот на жени на СДСМ, во име на насобраните, но и како што рече, во име на сите жртви на слични насилства, истакна дека насилството врз жените и фемицидите се сериозен општествен проблем, но дека проблемот не завршува со самиот чин на насилство, туку продолжува и во постапките што следуваат во текот на истрагата и судењето, каде, како што рече, се покажуваат сериозни системски недостатоци. – Бараме да има сериозна превенција за да се спречат нови облици на насилство и нови фемициди. Бараме одговорност и да нема политички влијанија во процесот на истрага и судење. Бараме секоја жртва да биде заштитена. На секое јавување на жртва на семејно насилство, институциите веднаш да реагираат – порача Шукова. Од семејството на Сара Ѓорѓиеска претходно порачаа дека нема да присуствуваат на протестот, но и дека се надеваат дека протестот нема да биде искористен за партиски цели ,туку ќе биде протест на граѓаните со цел да се подигне свеста за насилството против жените во земјава. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32