МакедонијаЗаконите за судска служба и јавнообвинителска служба во собраниска процедура Предлог законите за судска и јавнообвинителска служба како дел од реформската агенда поминаа на првото читање во собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. Според предложените измени, судските и јавнообвинителски службеници би добиле статус на посебни административни службеници со цел да се надминат сегашните проблеми со оценувањето и унапредувањето на овие административци. Дополнително, се воведува и одредба која го уредува и евентуалното зголемување на платите. Сепак, првото читање помина во атмосфера на политичко препукување, бидејќи според претставниците од Власта, опозицијата е против реформските закони, додека пак опозициските пратеници се на ставот дека законите не се доволно квалитетни и ќе бидат вратени на доработка. Првиот човек на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани – Трпе Деаноски, најавува предлози и амандмани на овие два предлог закона, бидејќи како што појаснува, и со нив, принципот на исплата на платите останува ист. Во предлог законите во кои ние учествувавме во работната група, платите беа направени на друг начин – просечна плата по коефициент како што тоа го добиваат судиите и јавните обвинители, за жал сега не е така, повторно е стариот систем а тоа е минимална плата плус бодови. Од пресметката што ја направивме досега, платата не е зголемена. Она што го баравме, додатоците на плата да бидат анблок односно да ги добиваат овие вработени секој месец, истото повторно е условено со одлуки на Судски буџетски совет и одлуки на обвинителот, односно пак да се побара согласност од обвинителство, судски буџетски совет и министерство за финансии. - Трпе Деаноски – претседател на УПОЗ ПРЕДЛОГ НА ЗАКОН ЗА СУДСКА СЛУЖБА: Член 72 – Додатоци на плата По донесена одлука на Судскиот буџетски совет за обезбедени финансиски средства, претседателот на судот, најдоцна до средина на месецот може да донесе решение за исплата на додаток, односно додатоци од ставот (1) од овојчлен на судски службеник од судот за претходниот месец. Решението треба да содржи образложeние на исполнетоста на условите за утврдување на правото на додаток. Како што потенцира предлагачот односно Владата, овие предлог закони се подготвени согласно стратешките приоритети кои ги налага Реформската агенда во делот Владеење на правото во рамки на Фундаменталните вредности. Преку овој чекор кој требаше да биде завршен до јуни минатата година со грејс период до јуни годинава, ЕУ налага да се регулираат платите на судиите, обвинителите, како и на судската и обвинителската служба. .Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЧеститка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40Мицкоски во посета на манастирот „Успение на Пресвета Богородица" во Општина Берово09:0072-годишен маж е шестата жртва од западнонилска треска 15:00Почина уште еден заболен од западно-нилска треска12:43Готови се ранг листите за примени студенти на УКИМ08:44
Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40
МакедонијаФилипче на литургија во Лешочкиот манастир Филипче синоќа беше во Лешок.Претседателот на СДСМ Венко Филипче синоќа беше во Лешок, каде го посети лешочкиот манастир и црквата „Свети Атанасиј“, во пресрет на празникот Успение на Пресвета Богородица – „Голема Богородица“ Филипче и претставници на СДСМ, присуствуваа на литургијата, а по богослужбата се сретна и со митрополитот тетовско-гостиварски Јосиф. Тагови: Венко Филипче Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаРедовна дератизација, дезинфекција и дезинсекција во сите училишта во Карпош Лиценцирана фирма која ја ангажираше Општина Карпош, спроведе редовна акција за дезинфекција, дезинсекција и дератизација во сите основни училишта на територија на локалната самоуправа. Кабинетите, училниците, тоалетите и холовите беа соодветно третирани со цел да се обезбеди потребната заштита, безбедност и подобрување на хигиенските услови. Во таа насока беа опфатени сите училишни простории, со цел да се обезбеди чиста и безбедна средина при одвивање на образовниот процес. Активноста овозможи целосно отстранување на штетни честички и вируси, со што се гарантира хигиенска сигурност и заштита на здравјето на учениците и наставниот кадар. Со оваа иницијатива Општина Карпош го подигнува нивото на заштита на здравјето на учениците и наставниот кадар, сакајќи да создаде средина во која воспитно-образовниот процес ќе се одвива непречено и безбедно. ОПШТИНА КАРПОШТагови: Карпош Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: За Филипче секоја нова можност за Македонија е повод за ширење паника во јавностаФилипче и СДС изгледа имаат проблем со се што може Македонија да ја направи помодерна, посилна и поконкурентна држава.Немаат аргументи, па за секој нов проект следува истото сценарио на создавање хаос, ширење страв и паника и обиди јавноста да се убеди дека секоја промена е закана. Филипче повторно излезе јавно со категорични ставови за евентуалната изградба на дата-центри во Македонија, како неговото мислење само по себе да е доволен аргумент. А можеби дополнително го нервира и фактот што иницијативата против дата-центрите во Пехчево не помина, затоа што зад неа стоеше нивен човек. Кога ни тоа не успеа, следуваше ново ширење паника во јавноста. Македонија треба да се развива, да привлекува инвестиции, да создава модерна инфраструктура и да станува современа и богата држава. Тоа секако треба да се прави со почитување на законите, заштита на животната средина и највисоки стандарди за заштита на граѓаните. Но за Филипче очигледно ни тоа не е доволно. Наместо факти, стручни анализи и аргументирана дебата, повторно има обиди секоја можност за развој да се претвори во нова причина за страв и паника. На Македонија и треба развој и визија, не политичката хистерија на Венко Филипче, секогаш кога нешто може да ја направи помодерна и посилна. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook