„Тој во четвртокот во Белата куќа имаше конструктивна средба со претседателот Трамп“,објави Даниел Робертс од Фејсбук преку меил.
Трамп твитна дека имал „пријатна средба со Марк Закерберг во Овалната соба“, без да прецизира детали.
Закерберг, кој го посети Капитол Хил минатата година и сведочеше пред американскиот Конгрес во врска со скандалот со Кембриџ аналитика, се состана пред средбата со Трамп и со бројни Републиканци, вклучувајќи ги и сенаторите Џош Хоули и Џон Корнин.
Хоули твитна дека го предизвикал основачот на Фејсбук да покаже дека компанијата е „сериозна во врска со пристрасност, приватност и конкуренција“ со продажба на WhatsApp и Instagram и да и дозволи на независна, трета страна контрола над цензурата.
Корнин рече дека на „отворената средба, тие разговарале за одговорноста на социјалните медиуми, регулаторните предлози, изборното обезбедување, приватноста и цензурата на конзервативните гласови на социјалните медиуми“.
Фејсбук е една од најголемите технолошки компании од кои судскиот комитет на Конгрес на САД побара пораки и правни поднесоци на почетокот од овој месец.
Федералните регулатори и генералните обвинители во скоро сите 50 држави на САД, исто така, започнаа свои истраги за Фејсбук и Гугл.