СДСМ: Вистината за обединување и вистината на Мицкоски и неговите сателити кои создаваат нови поделби!
Манасиевски: Стравот на Венко Заев и СДС е дека гласовите од дијаспората нема да одат на нивното конто
1СДСМ: Вистината за обединување и вистината на Мицкоски и неговите сателити кои создаваат нови поделби!
2Манасиевски: Стравот на Венко Заев и СДС е дека гласовите од дијаспората нема да одат на нивното конто
ТехнологијаЗакерберг наеднаш изгуби над 119 милиони следбеници на ФејсбукОсновачот и извршен директор на Мета, Марк Закерберг, практично преку ноќ изгуби повеќе од 119 милиони следбеници, со што бројот на неговите следбеници одеднаш падна под 10 илјади.Освен Закерберг, бројот на следбеници необјасниво е намален и за другите корисници на Фејсбук. На загубата на следбеници се пожали и писателката од Бангладеш, Таслима Насрин. По поплаките од корисниците на Мета, тие брзо ја признаа грешката, но не дадоа никакво објаснување за тоа. „Свесни сме дека некои луѓе гледаат неконзистентен број следбеници на нивните Фејсбук профили. Работиме да се вратат работите во нормала што е можно поскоро и се извинуваме за непријатностите“, велат од Мета. Во меѓувреме, техничкиот проблем е поправен, па корисниците, вклучувајќи го и Закерберг, повторно имаат нормален број на следбеници. Фејсбук оваа недела заврши на руската листа на терористи и екстремисти, по одлуката на агенцијата за финансиски надзор Росфинмониторинг, во која се вели дека Мета дозволила објави во кои се повикува на насилство против руската војска во Украина. На Закерберг веќе му е забранет влезот во Русија како дел од ограничувањата наметнати од Кремљ за неколку американски граѓани, меѓу кои и потпретседателката на САД, Камала Харис и извршниот директор на LinkedIn, Рајан Рослански.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Вистината за обединување и вистината на Мицкоски и неговите сателити кои создаваат нови поделби!Дел од поранешните членови на СДСМ, кои сега се дел од групата „Иднина за Мицкоски“, во јавноста тврдат дека СДСМ не ги повикал на обединување.Ова е уште една груба лага. Па каде има поголем повик од повикот сите да се приклучат кон Фронтот за вистина и правда? Ете, токму затоа и се вика Фронт - затоа што првото нешто што мораме да им го покажеме на граѓаните е вистината, а потоа и дека правдата важи за сите. Затоа нивната, односно Платформата за иднината на Мицкоски (ЗНАМ 2.0), веднаш беше јасна на сите дека е заснована на лаги. Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во повеќе наврати јавно повика сите кои се добронамерни кога е во прашање иднината на Македонија да се приклучат. Повикот беше јасен: отворени сме за сите кои немаат врска со организираната криминална група ВМРО и кои сакаат добро за Македонија и за нејзините граѓани. Овој повик трае веќе месеци. Вистината не може да се победи со лаги. Истите лаги кои го доведоа Мицкоски на власт, кои го одржуваат на власт и кои сега се обидуваат да го задржат уште четири години преку лажната „платформа за иднината“ - сега се користат и за да се создаде впечаток дека СДСМ не сака обединување. Прашањето е едноставно: ако овие луѓе навистина сакаа да се приклучат кон идејата за обединување на опозицијата, зошто не дојдоа барем на разговор? Зошто не споделија идеи со оние кои веќе се дел од Фронтот - луѓе од невладиниот сектор, активисти и граѓани кои досега не се занимавале со политика? Како е можно за својата партија да разговараат во друштво на членови на други партии? Дали е тоа нормално? За нашата партија да одлучуваат луѓе од други партии? Тоа е исто како СДСМ да се собира и да одлучува за ВМРО (иако ВМРО често се грижи и го советува СДСМ, како да се дел од партијата). А она што се случи на нивниот собир е уште посмешно. Тајно собирање без име на финансиер, без име на организатор, без име на учесници. Идејата за „обединување на опозицијата“ на прво место на дневен ред го има растурањето на единствената реална опозиција во Македонија. Целосно смешно. Уште еднаш упатуваме јасен повик до сите оние кои од љубопитност отидоа на тој собир да слушнат за наводно обединување на опозицијата против криминалната организација предводена од шефот на бандата Мицкоски - дојдете во Фронтот. Овде ќе слушнете вистински и реални идеи за обединување на сите кои сакаат да ја вратат власта во рацете на народот, да ја вратат Македонија на европскиот пат и да изградат подобра иднина за сите граѓани. Вратата е отворена. Скопје, 04.07.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМанасиевски: Стравот на Венко Заев и СДС е дека гласовите од дијаспората нема да одат на нивното контоСтравот на Венко Заев и СДС е дека гласовите од дијаспората нема да одат на нивното конто, затоа што тие луѓе си заминаа од државата токму поради нивното катастрофалното раководење.Катастрофалното раководење на Венко Заев и СДС со државните институции, сојузништвото со криминалот и корупцијата, како и понижувањата на национално ниво, натера голем број на наши сограѓани да ја напуштат повремено или пак трајно нашата држава. Венко Заев и СДС, не само што ги избркаа граѓаните од државата, сега не сакаат ниту да им го олеснат начинот на гласање на изборен циклус во Македонија, затоа што знаат дека нема да ја добијат нивната поддршка односно поддршката од страна на македонската дијаспора и поради тоа, жестоко го блокираат Изборниот законик со над 10 илјади амандмани. Тоа е вистинската причина за блокада на Изборниот законик. Страв од уште поголем пораз на следните избори. Јасно се гледа дека Венко Заев нема никаква визија во својата политика, освен да и наштети на државата и нејзините граѓани на било каков можен начин. Изборниот законик го поздравува и Амбасадорот на ЕУ во Македонија, господинот Михалис Рокас, кој додаде дека Македонија ја исполнува обврската која ја има преземено во делот на испорачување на Реформската агенда и јасно бара консензус на сите политички партии за овој Закон, само Венко Заев се противи и смета дека доколку создава блокада на реформските закони дека така ќе добие политички поен повеќе. Граѓаните ја прочитаа намерата на Венко Заев и СДС и затоа на следниот изборен циклус ќе ги доведат на маргините. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаИлјадници на протест против АфД во ЕрфуртИлјадници граѓани кои се против крајно десничарската партија Алтернатива за Германија (AfD/АфД) денеска излегоа на улиците на Ерфурт, блокирајќи ги патиштата што водат до местото на одржување на нејзината годишна конвенција. Демонстранти од синдикати, организации на граѓанското општество и левичарски партии се собраа на улиците на источногерманскиот град. Од безбедносни причини, голем број полицајци од целата земја пристигнаа во Ерфурт пред и за време на дводневната конференција на АфД. Демонстрантите ги блокираа автопатите и улиците што водат до конгресниот центар каде што се одржува конференцијата. Според полициските проценки, околу 15.000 луѓе се придружија на протестите. „Сакаме јасно да ставиме до знаење дека едноставно нема да го толерираме фактот дека фашизмот е во пораст во Германија“, рече Георг Бекер, портпарол на анти-АфД организацијата Widersetzen („Отпор“). Конвенцијата, на која се очекува повторно да ги изберат копретседателите Алис Вајдел и Тино Хрупале, се одржува пред изборите во источните покраини Саксонија и Мекленбург-Западна Померанија во септември. Алтернативата се надева дека гласањето ќе го отвори патот за нејзин успех на национално ниво. Следните парламентарни избори во Германија не се закажани до март 2029 година најдоцна. АфД, основана пред повеќе од една деценија, моментално има јасна предност пред владејачките христијански демократи на канцеларот Фридрих Мерц, со 29 проценти наспроти 22 проценти на ЦДУ. Партијата, исто така, постигна силен напредок на регионалните избори во западна Германија претходно оваа година. Алтернативата користи мешавина од националистичка реторика, повикува на построги имиграциски политики и пораки насочени кон гласачите фрустрирани од претходните влади и годините економска стагнација, објавува Reuters. Противниците на партијата АфД ја обвинуваат за расистички политики и ставови некомпатибилни со германските демократски вредности, тврдејќи дека нејзиното владеење би го загрозило уставниот поредок на земјата. Другите најголеми политички партии ја отфрлија секоја можност за соработка со АфД.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСончево со мала до умерена облачност09:00Мицкоски нуди бланко поддршка за СДСМ ако се договори гласањето на дијаспората15:00Пожар во близина на Пробиштип, густ чад на патот Штип- Пробиштип го отежнува сообраќајот12:34Презентација на воена опрема вредна над 40 милиони евра во касарната „Илинден“08:57Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно08:30