ТехнологијаЗакерберг го потврди воведувањето на WhatsApp заедница (ВИДЕО)Марк Закерберг го потврди воведувањето на WhatsApp Communities, најновата карактеристика на апликацијата која служи како надградба на Groups.„Денес започнуваме Communities на WhatsApp. Воведуваме и анкети и видео повици во кои можат да учествуваат 32 лица. Вашите пораки остануваат приватни“, напиша Закерберг на Фејсбук. Имено, Communities се наменети за организирање на повеќе групни разговори на едно место. На пример, училиште, населба или канцеларија може да се поврзат со неколку различни разговори. Администраторите потоа можат да испраќаат пораки до сите во таа заедница. Новата функција ќе им овозможи на корисниците да креираат и да учествуваат во анкети. Функцијата ќе се појави како јазиче на врвот на апликацијата. За разлика од групите на Фејсбук, заедниците на WhatsApp не се јавни или не се пребаруваат - сè работи преку покани. Заедниците на WhatsApp за прв пат беа објавени во април и всушност се Фејсбук групи спакувани во WhatsApp. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалНов најскап трансфер во историјата на Реал Мадрид, Јан Диоманде станува „Крал“Реал Мадрид го потврди трансферот на Јан Диоманде од РБ Лајпциг, со што е финализиран договор што би можел да стане најскапиот во историјата на клубот.Преодниот рок влегува во својата завршна фаза, а на фудбалскиот пазар секојдневно се склучуваат интересни зделки. Реал Мадрид го потврди трансферот на Јан Диоманде од РБ Лајпциг, со што е финализиран договор што би можел да стане најскапиот во историјата на клубот. Реал Мадрид и РБ Лајпциг постигнаа договор за трансферот на Јан Диоманде. Клубот во официјално соопштение потврди дека 19-годишното крило потпишало договор со важност до јуни 2033 година. Фабрицио Романо претходно објави фотографија од Диоманде како патува за Мадрид со своите агенти, а вкупната вредност на трансферот, вклучувајќи ги и бонусите, се проценува на 140 милиони евра. Доколку се потврдат овие бројки, Диоманде ќе стане најскапиот играч во историјата на Реал, надминувајќи ги Џуд Белингем (127 милиони евра) и Еден Азар (120,8 милиони евра). Минатата сезона, фудбалерот од Брегот на Слоновата Коска забележа 36 настапи, 13 гола и 10 асистенции за Лајпциг, а „Трансфермаркт“ ја проценува неговата вредност на 90 милиони евра.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаШокантни податоци за намалувањето на бројот на првачињаГодинава ќе има околу 3.000 помалку првачиња од лани, соопшти ЈаневскаВо новата учебна година ќе има над 3.000 првачиња помалку во однос на лани, што е намалување за околу 20 проценти. Овие шокантни податоци ги соопшти министерската за образование Весна Јаневска на прес-конференцијата за резултатите од полагањето на државната матура...Тагови: Весна Јаневска МОН Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветВо напад на јеменските Хути врз јужниот дел на Саудиска Арабија повредени се 11 цивилиВо напад на јеменските Хути врз јужниот дел на Саудиска Арабија повредени се 11 цивили. Кралството предупреди на координирани напади од страна на Хутите и ирачките милиции поддржани од Иран.Портпаролот на воената коалиција предводена од Саудиска Арабија која ја поддржува меѓународно признатата влада на Јемен, утринава изјави дека во нападот во јужната покраина Наџран се повредени седум Саудијци, еден Јеменец, двајца Египќани и еден пакистански државјанин.меѓу жртвите е и четиригодишно дете кое претрпе изгореници од втор степен. 11 injured as Houthi DRONE strikes Najran region, Saudi Arabia — reports pic.twitter.com/mTga5FPYH0 — Forbidden News (@NewsForbiddenX) August 7, 2026 Тој ги обвини Хутите кои се сојузници на Иран, за неселективно гранатирање на цивилни области, кршејќи го меѓународното хуманитарно право и рече дека коалицијата ќе продолжи да презема сите потребни мерки за заштита на цивилите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook