НБАЗак Лавин: Јас не одлучувам дали ќе останам во ЧикагоКошаркарот на Чикаго булс, Зак Лавин ги коментираше гласините за можна размена во друг тим.- Потпишав нов договор да играм овде уште пет години. Не е мое да одлучувам дали ќе останам или не. Ова е прашање за менаџментот. Се додека го носам дресот на Булс, навивам за Чикаго. Отсекогаш го правев ова откако ме тргуваа овде. Оваа организација сакаше да соработува со мене и помогна во развојот на мојата кариера. Ја разбирам ситуацијата во која се наоѓам. Во првата година од новиот договор, поради некоја причина, луѓето ми ставаа етикети. Не се сменив откако дојдов овде. Овој договор не влијаеше на мене на кој било начин, изјави Лавин. Дваесет и седумгодишниот кошаркар ја игра првата сезона од новиот 5-годишен договор вреден 215,2 милиони долари. Просекот на Лавин оваа сезона е 23,8 поени, 4,7 скока и 4 асистенции. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕкономијаДимитриеска-Кочоска: Правилното насочување на средствата најдобро се гледа преку растот на БДП Правилното насочување на средствата најдобро се гледа преку растот на БДП – раст во овие 2 години над 3% наспроти раст од 1,8% во периодот на претходната влада.Дали средствата од Буџетот се правилно насочени или не се најдобро зборуваат податоците за растот на БДП и буџетскиот дефицит, рече министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во денешната расправа по Предлог измените и дополнувањата на Буџетот за 2026 година во рамки на собраниската матична Комисија за финансирање и буџет. „Состојбата на јавниот долг во 2019 година беше 49%, во 2020 година 8% буџетски дефицит, а во исто време јавниот долг од 49% се зголемува на 59,7%, од 49% на 59,7%. Во таа година во која што постојано се повторува дека сме имале корона криза, но во истовреме Државниот завод за ревизија излезе со податоци за колкав е износот на средства коишто се дадени за поддршка на стопанството и колку другите средства биле насочени и дека не дале ефект на економијата. Понатаму во 2020 година имаме пад на БДП од 4,7%. Во следната 2021 година раст на БДП од 4,5% на паднатиот БДП од 4,7% во 2020. Кога другите економии имаа раст поголем од тоа што го изгубија во 2020 година, ние во 2021 година не можевме да го стигнеме она што го изгубивме во 2020 година. Но во истовреме буџетскиот дефицит беше 5,3% и во истата година јавниот долг отиде на 60,3%. Можам да ги редам и натаму на пример во 2022 година дефицитот е 4,4% во минус растот е 2,8% во плус . И така ако продолжиме статистичките податоци јасно кажуваат дека просечниот раст на БДП во годините од 2017 до 2024, при тоа треба да земеме предвид дека 2018 и 2019 се години без никаква криза, а од 2020 имаме криза. Така што 1,8% просечен раст во овој период наспроти денешниот раст од над 3% јасно кажува дали парите се правилно насочени или не се“, истакна министерката. Општата расправа по предложениот Ребаланс на Буџетот за 2026 година започна вчера во рамки на Комисијата за финансирање и буџет и може да трае најмногу до 10 дена. Ребалансот, како што истакна вчера министерката во експозето, претставува одговор на променетите економски околности, инструмент преку кој Владата ги усогласува јавните финансии со реалните потреби на економијата, институциите, стопанството и граѓаните. А особено во услови кога светската економија се соочува со зголемена неизвесност, наша должност е навремено да реагираме, да ги препознаеме ризиците, но истовремено да ги искористиме можностите што се отвораат.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМинистерот Муцунски во официјална посета на КатарМинистерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од утре ќе престојува во дводневна официјална посета на Државата Катар.Во рамки на посетата, министерот Муцунски се очекува да оствари одделни средби и разговори со премиерот и министер за надворешни работи на Државата Катар, заменик-премиерот и државен министер за одбрана, како и со државниот министер за надворешни работи. Во програмата на министерот се предвидени и средби со претставници на повеќе инвестициски фондови и катарски компании, како и потпишување на неколку билатерални документи. Се очекува за време на посетата да биде потврдена заемната подготвеност за натамошно јакнење на односите меѓу Северна Македонија и Катар во сите сфери од заемен интерес. ...Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУниверзитетска клиника за инфективни болести: Потврдени два случаи на Западнонилска треска13:09Сончево со мала до умерена облачност09:00Мицкоски нуди бланко поддршка за СДСМ ако се договори гласањето на дијаспората15:00Пожар во близина на Пробиштип, густ чад на патот Штип- Пробиштип го отежнува сообраќајот12:34Презентација на воена опрема вредна над 40 милиони евра во касарната „Илинден“08:57
СветСАД прославуваат 250 години независностВо Соединетите американски држави денес се слави Денот на независноста, односно празникот поврзан со потпишувањето на декларацијата за независност од Обединетото кралство во 1776 година. Иако Американците го слават 4 јули како Ден на независноста уште од 1777 година, самата декларација беше донесена како одлука на 2 јули на затворена седница на тогашниот Втор континентален конгрес, каде што се собраа претставници на 13-те колонии, кои ќе станат првичните 13 федерални држави. На оваа седница беше одлучено дека ќе се изготви документ за формално прогласување независност од Обединетото Кралство, а работата ѝ припадна на група од пет делегати наречени „комитет на петмина“. Во оваа група беа Џон Адамс, Бенџамин Френклин, Томас Џеферсон, Роберт Ливингстон и Роџер Шерман. Тројца од овие пет делегати (Адамс, Френклин, Џеферсон) ќе бидат претседатели на САД во иднина и се сметаат, заедно со неколку други, за основачи на нацијата или „основачки татковци“, како што се нарекуваат.Тагови: САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter