3СДСМ: Резултати за градоначалник на Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%
МакедонијаЗајкова: Македонија припаѓа во ЕУ, а Европа мора да покаже политичка храбростОтворајќи ја регионалната конференција на либералите „Quo vadis Europa 2025?“, претседателката на Либерално-демократската партија и претседателка на Мрежата на либерали од Југоисточна Европа (LIBSEEN), Моника Зајкова, упати силна порака .Отворајќи ја регионалната конференција на либералите „Quo vadis Europa 2025?“, претседателката на Либерално-демократската партија и претседателка на Мрежата на либерали од Југоисточна Европа (LIBSEEN), Моника Зајкова, упати силна порака дека европската иднина на Западниот Балкан не смее да биде заложник на внатрешни блокади, национални вета и нефункционални механизми на одлучување во Европската Унија. „За земјите од нашиот регион, европската интеграција не е апстрактна политичка тема, туку длабоко егзистенцијално прашање, прашање на доверба, стабилност, безбедност и иднина. Македонија донесе тешки, храбри и често болни одлуки во име на европската перспектива и европските вредности. Покажавме компромис, политичка зрелост и посветеност, но европскиот пат и понатаму се соочува со одложувања кои не се резултат на недостиг од реформи, туку на структурни слабости во самиот процес на европско одлучување,“ истакна Зајкова. Таа нагласи дека проширувањето на Европската Унија мора да се третира како стратешка инвестиција, а не како политичка концесија. „Едногласноста пречесто се претвора во алатка за блокада, а не во механизам за градење консензус. Билатералните прашања не смеат да ја киднапираат европската агенда и да ја поткопуваат веродостојноста на Унијата. Доколку Европската Унија сака да биде сериозен геополитички актер, мора да покаже храброст да се реформира и да донесува одлуки кои го штитат заедничкиот европски интерес,“ порача таа. Според Зајкова, за земјите кандидати како Македонија, ова не е техничка или бирократска дебата, туку суштинско прашање на доверба. „Доверба дека напредокот ќе биде оценуван правично. Доверба дека реформите ќе бидат препознаени и наградени. И доверба дека Европската Унија е политичка унија која знае да води, а не простор на бесконечни одложувања,“ додаде таа. Во своето обраќање, Зајкова потенцираше дека Западниот Балкан не е периферија на Европа, туку нејзин составен и недовршен дел. „Стабилноста, демократијата и просперитетот во нашиот регион се нераскинливо поврзани со иднината на самата Европска Унија. Интеграцијата мора да биде реална, инклузивна и неповратна. Секој поинаков пристап го отвора просторот за нестабилност, влијанија и разочарување,“ предупреди таа. Таа истакна дека регионалната соработка не е замена за членството во ЕУ, туку неопходен чекор кон него. „Либералите веруваат дека границите треба да поврзуваат, а не да разделуваат. Кога инвестираме во регионална соработка, инвестираме во економски развој и заеднички европски вредности. Тоа е патот кон силна, обединета и функционална Европа,“ нагласи Зајкова. Зајкова заклучи дека Македонија и Западен Балкан припаѓаат во Европската Унија, а Европа мора да биде подготвена да се развива, да се реформира и да донесува храбри одлуки за да ја направи таа иднина возможна, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизБела Хадид позира топлес во сауна (ФОТО)Една од најпознатите манекенки, Бела Хадид (30), повторно го привлече вниманието со своите објави на социјалните мрежи.Овој пат, таа сподели фотографии од луксузен велнес-центар, при што особено се издвојува една на која се гледа како вежба во сауна, без горниот дел од облеката. На Инстаграм, манекенката даде увид во својата рутина за вежбање и релаксација. На една од фотографиите, таа е свртена со грб кон камерата, облечена само во црни шорцеви, додека изведува вежба со тег. Нејзината руса коса е собрана нагоре, подалеку од лицето. Вежбање, сауна и масажа Бела престојуваше во велнес-центар управуван од спортскиот бренд „Alo“, со кој таа соработува. За време на посетата, таа испроба неколку видови тренинзи, вклучувајќи пилатес на реформер, вежби со тегови и кардио вежби. На други фотографии, таа ги покажа спортските комбинации што ги носеше за време на тренингот, вклучувајќи розов комплет составен од спортски градник и шорцеви. View this post on Instagram A post shared by Bella 🦋 (@bellahadid) По физичката активност, денот продолжи во порелаксиран ритам. Манекенката позираше во бордо бикини без прерамки додека беше во сауна, а подоцна направи „селфи“ пред огледало, завиткана во голем бел пешкир. Својот велнес-ден го заокружи со масажа. Неодамна го прослави својот 30-ти роденден Овие нови фотографии доаѓаат само неколку дена откако Бела го прослави својот 30-ти роденден на 9 октомври. По тој повод, таа исто така привлече внимание со објава на Инстаграм на која позираше во црвено бикини, изработено специјално за неа. На горниот дел од костимот за капење стоеше бројот 30, додека долниот дел беше украсен со нејзиното име. Изгледот го надополни со розево-бел фустан и каубојски чизми. Покрај фотографиите од роденденот, таа наведе дека наполнила 30 години, а нејзините следбеници – како и бројни пријатели од светот на славните – ѝ упатија честитки во коментарите. Ново поглавје во животот Во последните месеци, Бела повторно се најде во центарот на вниманието, делумно поради нејзиниот приватен живот. По разделбата со професионалниот јавач Адан Бануелос – со кого беше во врска од 2024 година – медиумите почнаа да ја поврзуваат со Нејтан Лејси од Колорадо. Таа јавно не ја потврди оваа нова врска. View this post on Instagram A post shared by Bella 🦋 (@bellahadid) Покрај приватниот живот, таа привлекува внимание и со своите професионални ангажмани. Минатата година, таа ја замени својата препознатлива кафеава коса со платинесто-руса нијанса, а се испроба и во актерството, појавувајќи се во хорор-серијата „The Beauty“. Извор: Индекс.хрТагови: Бела Хадид топлес Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМВР: Вонредните локални избори во Општина Брвеница завршија без проблемиМинистерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изборниот процес во општина Брвеница заврши во најдобар ред, без нарушување на јавниот ред и мир и без ниту еден инцидент.МВР во текот на целиот ден презеде мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес, како и гарантирање на безбедноста на граѓаните и одржување на поволна безбедносна состојба.Тагови: Брвеница Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветКрст падна врз свештеник за време на миса и го усмрти (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)Католички свештеник почина во црква во Еквадор откако врз него падна крст закачен на ѕидот, за време на миса која се пренесуваше во живо преку интернет, објави денеска порталот „InfoVaticana“.Надбискупијата во Гвајакил истиот ден објави соопштение, во кое се наведува дека отец Санчез Молинари – кој служел како парохиски свештеник во црквата „Богородица од Постојана Помош“ – „заминал во домот на Отецот за да ужива во Неговото присуство и слава“. Од Надбискупијата упатија молитви за покој на неговата душа и изразија солидарност и сочувство до заедницата, неговото семејство и пријателите. Во соопштението на Надбискупијата не беа наведени околностите под кои свештеникот починал. Според мексиканскиот весник „El Heraldo de Mexico“, свештеникот служел секојдневна миса – која се пренесувала во живо преку неговиот профил на социјалните мрежи – кога, околу 27-мата минута од преносот, крст закачен на ѕидот зад него се откачил и паднал врз него. Од истиот медиум на социјалните мрежи наведоа дека на снимката се слушаат извиците на верниците кои присуствувале на мисата. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: ВИДЕОТО Е СО ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА Terrible!! Tragedia en la iglesia Perpetuo Socorro, sur de Guayaquil. El sacerdote Patricio Sánchez falleció tras caerle encima una cruz mientras oficiaba una misa. El lamentable suceso causa gran conmoción entre los fieles y la comunidad católica. https://t.co/647JgyCrA5 — Emergencias Ec (@EmergenciasEc) October 18, 2026 Тагови: свештеник Крст Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter