Внатрешна контрола на МВР испитува како од СВР Битола избега приведен насилник, кој веќе пет дена е во бегство
1Внатрешна контрола на МВР испитува како од СВР Битола избега приведен насилник, кој веќе пет дена е во бегство
3Стапуваат на сила нови правила во Париз: Полицијата воведува забрана за собири во близина на училишта и факултети
МакедонијаЗајакната економска соработка со Мароко и поддршка за глобални иницијативи, најавија Муцунски и БуритаМинистерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски со шефот на дипломатијата на Кралството Мароко, Насер Бурита, најавија продлабочување на билатералната соработка, со фокус на економијата.Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски со шефот на дипломатијата на Кралството Мароко, Насер Бурита, најавија продлабочување на билатералната соработка, со фокус на економијата, обновливата енергија, туризмот и инфраструктурата. На денешната официјална средба во Скопје, прва на министер за надворешни работи на Мароко на државава, двајцата министри потпишаа неколку меморандуми и соопштија дека изразиле интерес за воспоставување директни летови меѓу двете земји – чекор кој се очекува да го олесни поврзувањето и трговската размена. -Разговаравме за продлабочување на политичкиот дијалог и развој на партнерство во делот на економијата, туризмот, културата, инфраструктурата. Особено внимание посветивме на економската соработка, обновлива енергија, автомобилската индустрија, логистиката и туризмот. Истакнавме интерес за воспоставување на директни летови како чекор кон подобро поврзување. Денеска потпишавме неколку меморандуми, како конкретен исчекор кон поинтензивна соработка, изјави министерот Муцунски, нагласувајќи дека денешната посета е почеток на ново поглавје во билатералните односи. Одговарајќи на новинарско прашање, Муцунски подвлече дека Македонија и Мароко споделуваат заеднички стратешки вредности. -Споделуваме заеднички стратешки вредности и тука го гледам односот кој што Мароко го има со ЕУ – организација од која ние сакаме да станеме дел – но и добрите односи кои Мароко ги има со САД и Обединетото Кралство, две земји со кои ние споделуваме стратешко партнерство. Од една стратешка, геополитичка гледна точка, споделуваме многу заеднички вредности. Но, билатералните односи се многу повеќе од политиката – тие треба да значат и конкретна придобивка за нашите бизниси и за нашите граѓани. Затоа следна тема која што ја отворивме ќе биде во Мароко да одржиме бизнис форум каде што ќе донесеме претставници од бизнис заедницата од нашата држава да се сретнат со тамошната бизнис заедница и да видат кои се заедничките вложувања што можат да се направат и кои се потенцијалите во трговската соработка, рече министерот. Мароканскиот министер за надворешни работи, африканска соработка и марокански иселеници, Насер Бурита, ја оцени посетата како историска, бидејќи е прва официјална посета на марокански шеф на дипломатија во Македонија. -Оваа посета има посебна вредност и симболика. Таа е важна станица во динамиката на нашите односи кои бележат голем напредок во последните години, рече Бурита, додавајќи дека се бележи раст од 58 проценти во билатералната трговија во првиот квартал од 2025 година. Тој ја нагласи и важната улога на земјава во регионалната безбедност и нејзината позиција во рамките на ЕУ и НАТО. Министерот Бурита, одговарајќи на новинарско прашање, нагласи дека Мароко има стратешка позиција и игра важна улога во безбедноста на регионот, вклучително и на Балканот, благодарение на активната дипломатија поддржана од кралот Мухамед Шести. Тој истакна дека земјата е стабилен партнер на ЕУ, со сè поголеми економски врски и интереси, и дека има значајна улога во решавањето на прашањата на Блискиот Исток, особено во односите меѓу арапските земји и Палестина. -Мора да се најде трајно и одржливо решение со две држави – со Палестина која што ќе биде со главен град Ерусалим, и, исто така, втора држава Израел, рече Бурита, додавајќи дека Мароко секогаш се стреми кон позитивни решенија кои ги почитуваат правата на сите граѓани. Двајцата министри ја реафирмираа поддршката за процесот предводен од Обединетите нации за Западна Сахара, при што беше истакната мароканската иницијатива за автономија од 2007 година како кредибилна основа за решение. Средбата се одржа во рамки на официјалната посета на Бурита на земјава, со фокус на продлабочување на економската соработка, развој на инфраструктурни и енергетски проекти, како и зајакнување на политичкиот дијалог. Во рамки на посетата на Скопје , министерот Бурита го посети и Собранието каде имаше средба со претсдеателот на Парламентот, Африм Гаши. Тагови: Тимчо Муцунски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВнатрешна контрола на МВР испитува како од СВР Битола избега приведен насилник, кој веќе пет дена е во бегствоОдделот за внатрешна контрола на Министерството за внатрешни работи ги испитува околностите под кои битолчанецот приведен за физичко и психичко насилство врз 21-годишната партнерка, избегал низ прозорец од СВР Битола и веќе пет дена е во бегство.Девојката на 10 ноември пријавила дека била физички нападната од партнерот, кој ја давел и ја удирал, по што побарала лекарска помош. По пријавата, насилникот дошол во СВР Битола во придружба на родител, но, кога му било соопштено дека ќе биде задржан, скокнал низ прозорецот и избегал од полициската станица. Бидејќи пријавениот сè уште не е пронајден, девојката е сместена во шелтер-центар.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
МакедонијаСВР Битола го лиши од слобода лицето пријавено за семејно насилствоДенеска полициски службеници од СВР Битола, во координација со бранителот на лицето К.У.(24) и Основното јавно обвинителство Битола, презедоа мерки лицето доброволно да се предаде во СВР Битола.Денеска во 12:00 часот, К.У. доброволно се предал и е лишен од слобода. Со него се врши службен разговор од страна на инспектори од криминалистичката полиција при СВР Битола. Против него, на 11.11.2026 година, е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „Загрозување при семејно насилство“ по член 144 став 3 и „Телесна повреда при семејно насилство“ по член 130 став 2 од Кривичниот законик. Се преземаат понатамошни мерки и активности во координација со надлежното Основно јавно обвинителство Битола.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветКина и САД разговараа за царините и трговијатаКина и Соединетите Држави (САД) одржаа прв состанок на трговски совет во рамките на нивниот билатерален механизам за економски и трговски консултации, соопшти кинеското Министерство за трговија. Двете страни преку видео-врска разговараа за аранжман за взаемно намалување на царините – кој опфаќа стоки во вредност од 30 милијарди долари од секоја страна – како и за трговијата со земјоделски производи и други прашања, објави весникот *Global Times*. Во своето соопштение, кинеското Министерство наведе дека разговорите биле искрени и конструктивни. „Двете страни ќе продолжат да го користат овој совет за решавање на трговските прашања, проширување на соработката и намалување на преостанатите проблеми“, се додава во соопштението. Хе Јадонг, портпарол на кинеското Министерство за трговија, претходно изјави дека взаемното намалување на царините би можело да помогне во стабилизирање и проширување на вкупната трговија меѓу Кина и Соединетите Држави. Тој нагласи дека двете страни остануваат во близок контакт во врска со спроведувањето на договорот и го повика Вашингтон да соработува со Пекинг за да се осигура дека оваа трговска рамка наскоро ќе стапи на сила, со што ќе се олесни трговијата со земјоделски производи, пренесува Танјуг.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55