Захарова: Ќе има жесток одговор од Москва за кражбата на руски имот

„Одговорот ќе биде исклучително жесток, без можност да се види каде нешто може да се ублажи. Ќе биде даден жесток одговор“, нагласи Захарова во интервју за каналот „Соловјев во живо“.

Одговорот на Москва на присвојувањето на рускиот имот ќе биде жесток, а иницијаторите на процесот на кражба на имот ќе бидат третирани како крадци со сите последици што ќе резултираат, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

„Одговорот ќе биде исклучително жесток, без можност да се види каде нешто може да се ублажи. Ќе биде даден жесток одговор“, нагласи Захарова во интервју за каналот „Соловјев во живо“.

Според неа, западните земји со своите постапки се обидуваат да ги надоместат трошоците за одржување на „крвавиот украински конфликт и режимот во Киев“.

Захарова истакна дека тоа е кражба, „присвојување за себе она што не ви припаѓа“.

„Со оглед на тоа што нашата земја ова го оквалификува како кражба, односот ќе биде ист како и кон крадците. Не како кон политички манипулатори, не како разиграни технолози, туку како крадци. А, како треба да се постапува со крадците? Крадецот да седи во затвор, со сите последици што следат“, рече таа.

Претходно, Советот на ЕУ ја одобри одлуката за складирање на добивката од руските средства за нивна понатамошна употреба во интерес на Украина.

На 29 јануари, амбасадорите на Европската унија привремено го договорија предлогот на Европската комисија, приходите од реинвестирањето на замрзнатите средства на Русија да се користат „за обнова на Украина“.

Во декември, Европската комисија поднесе директива до Советот на ЕУ на одобрување која, како прв чекор во процесот на конфискација на приходите од реинвестирање на руски имот, повлекува обврска таквиот приход да се стави на посебна банкарска сметка. Потоа се очекува овие пари да подлежат на европски даноци околу 100 отсто. Планирано е даночните приходи директно да се префрлаат во буџетот на ЕУ. На овој начин, средствата ќе бидат повлечени за понатамошна употреба по дискреција на ЕК (на пример, за финансирање програми за поддршка на Украина). Засега, оваа директива не предвидува конфискација на руските финансиски средства. Во моментов, околу 200 милијарди евра од суверените средства на Русија се замрзнати во ЕУ.

Пежо откри први детали од новиот електричен СУВ e-5008 (ВИДЕО)

Не стигна во Женева, но новиот Peugeot e-5008 сепак го сврте вниманието.

Тоа ќе биде голем електричен SUV кој обезбедува дарежлив простор за патување со 7 седишта и лесен пристап до удобен трет ред.

Денеска е објавен краток тизер кој ја прикажува внатрешноста на целосно новиот модел и дава навестување за тоа што следува.

Новиот Peugeot e-5008 е опремен со новиот Peugeot Panoramic i-Cockpit®, кој го подига уживањето во возењето на повисоко ниво.

Лебдечки и заоблен HD панорамски дисплеј од 21 инчи кој комбинира head-up дисплеј со централен екран на допир. Лебдечкиот ефект е нагласен со амбиентално LED осветлување, чиј извор се наоѓа под екранот.

Позициониран за оптимална ергономија, овој панорамски екран е малку закривен кон возачот, додека останува совршено достапен за патникот.

Новиот e-5008, исто така, има префинет ентериер како дневна соба, со 7 седишта и лесен пристап до удобен трет ред. Целосните детали за внатрешноста и надворешноста ќе бидат откриени во текот на месецов.

Муцунски: На Македонија и граѓаните им треба претседател кој ќе биде лидер на нацијата

Ние за жал последните години видовме како претседател не треба да има државата. 

Претседател – аналитичар, претседател кој ги кажува проблемите, но дали можеме да се сетиме на еден проект кој што тој го предводел, на еден предизвик, а многу предизвици има во државата, кој што тој го решил. Само кажуваше колку е лоша состојбата во државата, најпрактичен ни е последниот пример со состојбата со пасошите. Па потоа не можеа да се договорат со лидерот на неговата партија Ковачевски кој да се јави кај нашиот сосед Грција во обид да се реши проблемот и на крај никој не се јави и проблемот остана. Тоа е пример како не треба, вели Тимчо Муцунски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на денешната панел дискусија на тема „Претседател на народот, заштитник на сувереноста, Уставот и законите“ на Конвенцијата за избор на кандидат за претседател на Република Македонија на ВМРО-ДПМНЕ.

Потпретседателот Муцунски рече дека на денешната Конвенција ќе се понуди надеж и претседател кој ќе биде лидер на нацијата.

Но, ние сме дојдени денес да понудиме надеж, да дадеме решенија. Да разговараме за претседател кој што треба да биде лидер на нацијата. Претседател кои што има широки надлежности во внатрешната политика, а уште пошироки надлежности во надворешната политика. Да претседател кој што ќе биде претседател на земја членка на НАТО, на земја која што посакува да стане полноправна членка на ЕУ. Но, претседател кој што ќе не води по тој пат со заштитен дигнитет и заштитени национални интереси, додаде тој.

Муцунски истакна дека треба да се избере активен претседател на државата кој што ќе се грижи за македонските национални малцинства кои живеат надвор од државата, односно како што рече тој не само претседател кој зборува за проблемите, туку претседател кој што помага и нуди решенија.

Претседател кој ќе се грижи за македонските национални малцинства кои што живеат надвор од границата на нашата држава, прашања кои што е целосно запоставено. Претседател кој ќе се грижи за ширење на влијанието и знаењето на македонскиот јазик, како на катедрите кои ги има на странските универзитети, така и помеѓу македонската дијаспора. Претседател кој што ќе ги промовира македонските компании, тоа е тоа што ни недостасува, активен претседател. Претседател кој што не говори само за проблемите, туку претседател кој што ни помага и нуди решенија, изјави Муцунски.

Муцунски посочи дека сите добри претседатели на Македонија доаѓале токму од ВМРО-ДПМНЕ.

Сите добри претседатели доаѓале од ВМРО-ДПМНЕ. Луѓе кои што биле предложени од нашата партија позади кои нашата партија застанала и кои што знаеле да ја водат Македонија и во потешки предизвици од предизвиците кои ги имаме денес, нагласи Муцунски.

На крај, Муцунски нагласи дека најзначајната одлука ја носат граѓаните на Македонија, потенцирајќи дека и покрај тоа што има центри на моќ кои што не сакаат успех на кандидатот за претседател на државата од ВМРО-ДПМНЕ, нема поголема сила и центар на моќ од тоа што автохтоно ќе го кажат граѓаните на Република на Македонија на претседателските избори.

Најзначајна е одлуката која ќе ја донесат граѓаните на Mакедонија. Првиот круг претседателски избори ќе биде предизвик, има многу сили, многу центри на моќ кои што не сакаат успех на ВМРО-ДПМНЕ и кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ. Но, нема поголема сила и поголем центар на моќ од тоа што автохтоно ќе го кажат граѓаните на Република Македонија, заклучи Муцунски.


САД уништија ракета што Хутите планираа да ја лансираат во Црвеното Море

САД соопштија дека извршиле одбранбена акција за уништување на ракета земја-воздух што  Хутите во Јемен планирале да ја лансираат кон Црвеното Море, јави Анадолија.

Американската Централна команда (CENTCOM) потврди дека американските сили вчера откриле ракета земја-воздух што требало да биде лансирана кон Црвеното Море, од регион контролиран од Хутите.

Командата додава дека нападот бил извршен во самоодбрана со образложение дека проектилот претставувал закана за американските авиони во регионот.

Во соопштението, исто така, се наведува дека Хутите од Јемен успеале да лансираат противбродска балистичка ракета во Црвеното Море, но дека ниту еден брод не е оштетен.

Од минатата есен, Хутите ги гаѓаат товарните бродови во Црвеното Море во сопственост или управувани од израелски компании или превезуваат стока до и од Израел во знак на солидарност со Газа.

Со ескалација на тензиите поради заедничките воздушни напади на САД и Велика Британија врз позициите на Хутите во Јемен, групата објави дека сите американски и британски бродови ги смета за легитимни воени цели.

притисни ентер