Манасиевски: Бугарскиот амбасадор во Македонија, Венко Филипче и натаму работи за бугарските интереси и молчи за моштите на Цар Самуил
2Манасиевски: Бугарскиот амбасадор во Македонија, Венко Филипче и натаму работи за бугарските интереси и молчи за моштите на Цар Самуил
Меси доби понуда што не се одбива: Аргентинецот доби покана да го направи единственото нешто што го нема направено?!
2Меси доби понуда што не се одбива: Аргентинецот доби покана да го направи единственото нешто што го нема направено?!
Тргна на патување околу светот пред речиси три децении: Неверојатен потфат на човек кој никогаш не се откажува
2Тргна на патување околу светот пред речиси три децении: Неверојатен потфат на човек кој никогаш не се откажува
3МЗ: Ставен во функција еден од компјутерските томографи на Универзитетскиот институт за радиологија – Скопје
ЕвропаЗахарова: Киев и ЕУ не сакаат да го продолжат дијалоготУкраинските власти, заедно со ЕУ, се залагаат за вооружување и продолжување на конфликтот наместо дијалог, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.„Киев е подготвен буквално да направи сè за да го спречи постигнувањето праведен мир во Украина“, рече таа на прес-конференција. Според неа, „режимот во Киев ги интензивира нападите во време кога се во тек преговорите“. „Режимот на Бандера продолжува да го тероризира цивилното население во Русија цинично интензивирајќи ги ракетните и беспилотните напади врз цивилни објекти, станбени згради, медицински установи и цркви. Тие намерно ги интензивираат нападите во време кога се одржуваат меѓународни состаноци за решавање на конфликтот“, рече Захарова. Неуспешниот обид за атентат врз генералот на руската армија Владимир Алексеев ја покажува намерата на Киев да го попречи процесот на преговори, додаде рускиот функционер. Според Захарова, Европската Унија исто така сака да го спречи прекинувањето на украинскиот конфликт со сите средства. „Во моментот ЕУ не ѝ дозволува на Украина да прифати каков било компромис со цел да се постигне решение“, рече Захарова. Поради таквото однесување на ЕУ, невозможно е да се гледаат дури и како соседи на преговарачката маса за украинската криза, рече Захарова. Како што рече таа, сè додека Унијата не разбере дека елиминирањето на коренските причини за кризата не е отстапка кон Русија, туку придонес кон долгорочната стабилност на европскиот континент, не може да се зборува за улогата на Брисел во мировниот процес. Захарова исто така рече дека малку земји вложуваат толку многу труд во саботирање на руско-американските преговори како Франција. „Русија никогаш не одбила дијалог со Франција, Париз е тој што ги прекина односите“, рече Захарова. Таа додаде дека изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон оти сака телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин останала „мртва буква на хартија“.Тагови: Марија Захарова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДОМ: Изборот на локацијата за Националниот дата-центар бара јавно образложениеПоплавата во зградата на поранешна „Нова Македонија“ уште еднаш покажа колку е важно државните институции да имаат сигурна дигитална инфраструктура. Но, потребата од Национален дата-центар не е одговор на прашањето како е избрана локацијата и дали се разгледани сите релевантни аспекти пред да се донесат следните одлуки. Според информациите објавени на 8 октомври, локацијата е избрана, додека урбанистичката документација и финансирањето сè уште се во подготовка. Министерот најави дека пред изградбата ќе бидат изработени студија за влијанието врз животната средина и социјална студија. За ДОМ, клучно е овие постапки да не се сведат на формално исполнување на условите за изградба, туку да обезбедат реална основа за оценување на проектот и неговите последици. Затоа бараме Владата и Министерството за дигитална трансформација: • Да ги објават образложението и критериумите врз основа на кои е избрана конкретната локација, вклучително и дали биле разгледани алтернативни локации. • Да го претстават проектот со неговите основни технички параметри, колкав капацитет ќе биде во MW, како и планираното решение за функционирање на центарот. • Да обезбедат соодветни процени на влијанијата врз животната средина и локалната заедница, во согласност со законските обврски, пред носењето на конечните одлуки. • Да овозможат навремено информирање и учество на јавноста во сите постапки во кои тоа е предвидено, со пристап до релевантната документација. Јавноста не треба да биде информирана за вакви проекти дури откако ќе бидат исполнети условите за нивно официјално претставување. Информирањето и учеството на граѓаните треба да бидат дел од процесот на планирање, а не негов завршен чекор. ДОМ ја поддржува потребата од сигурна дигитална инфраструктура, но одлуките за нејзината изградба мора да бидат образложени, проверливи и во интерес на граѓаните, се наведува во парттиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМанасиевски: Бугарскиот амбасадор во Македонија, Венко Филипче и натаму работи за бугарските интереси и молчи за моштите на Цар СамуилБугарскиот амбасадор во Македонија, Венко Филипче и натаму работи за бугарските интереси и молчи за моштите на Цар Самуил.Филипче агитира директно за Бугарија, со тоа што ги застапува бугарските позиции, наместо македонските. Филипче секојдневно вели Бугарите во Устав, па се друго. Ова е истиот став на оној кој го има и соседна Бугарија. Филипче и неговиот ментор Заев, велеа дека Бугарите биле ослободители, а не фашисти во втората светска војна, односно дека биле администратори и дека македонскиот јазик е од 1944 година, а нашата држава дека била создадена благодарение на комунизмот. Филипче периодов молчи и за пренесувањето на таканаречените мошти на Цар Самуил во Бугарија. Молчи затоа што со неговиот ментор Заев преку историската комисија се откажаа од него уште во првиот момент, без размислување. Почитувани граѓани, Замислете на што се е спремен Филипче за пуста власт да направи. Од стабри здравство, до марихуана економија и капитулација на идентитетот и интегритетот на Македонија. Затоа, претседателот Мицкоски и Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ заедно со граѓаните, ќе го зачуваат она достоинство коешто Филипче и Заев не успеаја да го допродадат. Заедно ќе успееме, рече Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалТони Крос ја започнува својата тренерска кариера – тесно поврзана со Реал Мадрид Легендарниот германски фудбалер, 36 годишниот Тони Крос се подготвува за ново поглавје во својата кариера.По завршувањето на фудбалската кариера, поранешниот ас на Реал Мадрид сака да се испроба во тренерската улога, а враќањето на „Сантијаго Бернабеу“ е една од можните опции. Според шпанскиот весник „АС“, Крос ја известил Шпанската фудбалска федерација за својата намера да се вклучи во специјализирана тренерска програма за поранешни професионални фудбалери во сезоната 2027/2028. Иако неговото играчко искуство му овозможува одредени тренерски ангажмани во Шпанија, Германецот сака да се стекне со УЕФА А-лиценца и постепено да се подготвува за работа во професионалниот фудбал. Во моментов тој е ангажиран во развојот на млади фудбалери во својата фудбалска академија во близина на Мадрид, но неговите амбиции полека се насочуваат кон сениорскиот фудбал. Реал Мадрид веќе ја разгледуваше можноста Крос да ја продолжи соработката со клубот преку некоја од улогите во тренинг-центарот „Валдебебас“. Сепак, тогаш не беше пронајдено соодветно решение, бидејќи ниту клубот, ниту поранешниот играч од средниот ред не сакаа да ја форсираат соработката само поради неговото име и статусот на легенда. Односите меѓу Крос и раководството на Реал останаа одлични, па неговото враќање во мадридскиот клуб во иднина не би претставувало изненадување. Германецот ја заврши својата играчка кариера во 2024 година, по Европското првенство, оставајќи зад себе импресивна колекција на трофеи. Тој освои вкупно шест титули во Лигата на шампионите со Реал Мадрид и Баерн, а во 2014 година стана светски првак со германската репрезентација. Заедно со Лука Модриќ и Касемиро, тој го сочинуваше еден од најдоминантните средни редови во историјата на европскиот фудбал.Тагови: Реал Мадрид тони крос Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter