Ќуркчиев со демант на наводите на Филипче: Барам јавно извинување доколку не го стори тоа ќе мора да ги докажува измислените лаги на суд
1Ќуркчиев со демант на наводите на Филипче: Барам јавно извинување доколку не го стори тоа ќе мора да ги докажува измислените лаги на суд
3Видео: Шокантни сцени по финалето во американскиот Куп на шампионите: Меси во судир со комесарот на МЛС
СветЗахарова: Балтичките земји ризикуваат доколку дозволат прелет на украински дронови кон РусијаЗахарова, изјави дека балтичките држави треба да бидат свесни за ризиците што ги преземаат доколку дозволат премин на украински дронови низ нивниот воздушен простор.Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека балтичките држави треба да бидат свесни за ризиците што ги преземаат доколку дозволат премин на украински дронови низ нивниот воздушен простор за напади врз цели во Русија. - Без сомнеж, последните настани со беспилотните летала ги сметаме за терористички акти и напади врз Русија, извршени против нејзините индустриски и цивилни објекти. Во овој случај, доколку трети страни ја отстапиле или продолжат да ја отстапуваат својата територија за премин на непријателски дронови, тие мора добро да разберат каков ризик преземаат - нагласи Захарова. Таа додаде дека Русија категорично ги осудува обидите и повиците на надворешни сили за дестабилизација на внатрешнополитичката ситуација во Иран со цел уривање на владејачкиот режим. Захарова ги отфрли и тврдењата на украинското разузнавање дека Русија му доставува на Иран списоци со воени објекти на Блискиот Исток како цели за напад. Информациите за заедничко дејствување на ирански и руски хакери ги нарече „уште една лага на киевскиот режим“. Портпаролката ги оквалификува нападите врз серверите на руските државни институции и телефонските измами врз руските граѓани како грубо кршење на правилата на ОН, тврдејќи дека Украина и западните земји ги поттикнуваат таквите постапки. Тагови: Марија Захарова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29Мицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерство08:52Специјализираниот суд во Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53ЦУК. Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола, 11 изгаснати08:21
Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29
МакедонијаЌуркчиев со демант на наводите на Филипче: Барам јавно извинување доколку не го стори тоа ќе мора да ги докажува измислените лаги на судНајостро демантирам дека сум сопственик, содружник или лице со специјални овластувања во компанија која добила државен тендер од било која државна институција, ниту во време на Влада на СДСМ, ниту сега. Јас сум пензионер, кој како машински инжењер има уставно загарантирано право хонорарно да биде ангажиран од приватна компанија. Компанијата која за дневно политички цели ја споменува Венко Филипче е странски инвеститор кој отворил фабрика во Македонија во 2019 година кога Зоран Заев е премиер. За ова мое тврдење го ставам целиот свој личен кредибилитет и одговорност. Недостатокот на демократски капацитет да се слушнат политички критики не се покрива со дрски манипулации. Ако не му кажале на Филипче, јас сум основач на СДСМ и носител на партиската книшка број 17. Погрешно се пресметал дека може мене да ме претстави како нов вмроовец. Барам јавно извинување доколку не го стори тоа ќе мора да ги докажува измислените лаги на суд, се наведува во демантот на Никола Ќуркчиев, поранешен генерален секретар на СДСМ. Ќуркчиев реагира на наводите на Филипче во емисијата „Само интервју“ , во кое наведе дека тој годинава добил тендер од 1,6 милиони евра. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
НаукаПод пустината во Кина се пронајдени големи извори на вода Геолозите открија два големи извори на вода под кинеската пустина Синџијанг. Откритието би можело да му обезбеди на северозападниот регион вреден нов ресурс за проекти за контрола на песок и земјоделство, објавија кинеските медиуми. Пустинскиот регион привлече внимание поради обемните напори за пошумување и опустинување на неговите периферии како дел од иницијативата „Голем зелен ѕид“, како и промените во врнежите што го трансформираат сушниот западен дел од Кина, објави SCMP. Откритието на подземните води е направено за време на проект за пребарување вода во пустината Такламакан, спроведен од локалното геолошко истражување во автономниот регион Синџијанг Ујгур. Наодите го оспоруваат општоприфатеното мислење дека под површината на пустината лежи само застоена и солена вода.Тагови: пустина извори Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29Мицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерство08:52Специјализираниот суд во Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53ЦУК. Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола, 11 изгаснати08:21
Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29
СветТрамп најави отворање на воена база во Полска: Одлична вест!Соединетите Американски Држави наскоро ќе отворат воена база во Полска, објави американскиот претседател Доналд Трамп на својата социјална мрежа Truth Social.Во објавата, Трамп ја пофали соработката со полскиот претседател Карол Навроцки. „ОДЛИЧНИ ВЕСТИ! Благодарение на храброто водство на мојот пријател, полскиот претседател Карол Навроцки, постигнат е голем напредок кон воспоставување американска воена база во Полска“, напиша тој. Недолго потоа, неговата објава беше споделена од Белата куќа на официјалниот профил на мрежата X. Оваа објава следи по претходните информации дека САД ќе го намалат бројот на своите војници стационирани во Германија. Дел од тие сили треба да го зајакнат источното крило на НАТО во соседна Полска.Тагови: Доналд Трамп Полска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter