Захариева: Никој никогаш не го оспорувал идентитетот на Македонија

Никој не ги спречува нашите соседи да се самоопределат, но тоа не може да се прави врз основа на историски лаги и антибугарска реторика, изјави бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева.

– Тоа самоопределување, таа нација што ја создаваат од 1944 година, не треба да се базира на лаги и антибугарска кампања, туку на вистината. Основата на нашиот договор е заедничката историја. Никој не го оспорува правото на Македонија да има држава и како да се самоопределува. Правото на самоопределување е човеково право, истакна Захариева за бугарската Нова ТВ.

Шефицата на бугарската дипломатија нагласи дека во сите документи, вклучително и оние на Европската унија за почеток на преговорите за членство со земјава, се споменува и Договорот за пријателство и добрососедство што Македонија и Бугарија го постигнаа во август 2017 година.

Захариева смета дека заедничката бугарско-македонска Комисија за историски прашања мора да продолжи со својата работа.

– Поради изборна кампања не може да биде запрена работата на една експертска комисија, која не е политичка. Таа треба да продолжи со нејзината работа, истакна бугарската министерка за надворешни работи.

Неодамна бугарскиот европратеник Андреј Ковачев се закани дека Бугарија би можела да стави вето на стартот на преговорите на земјава со ЕУ, доколку заедничката историска Комисија не почне со работа до јуни.

Захариева минатата недела одби да го коментира ваквиот став на Ковачев, но потенцира дека инсистира Комисијата да продолжи со работа, додавајќи дека во текот на процесот на преговори на една земја за членство во ЕУ, потребна е согласност на секоја од државите членки на Унијата за отворање и за затворање на поглавјата и за целиот преговарачки процес.

Бугарската министерка во таа прилика додаде дека Бугарија со години е еден од најсериозните поддржувачи на Македонија, но дека инсистира на исполнување на одредбите од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка. /МИА

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер