Захариева: Непочитувањето на Договорот доведе до одлагање на преговорите за членство со Скопје

„Бугарија сака да биде призната историската вистина“, вели Захариева.

Решавачки фактор што ја наведе бугарската Влада на одлуката да одбие да се согласи на старт на преговорите за членство на Македонија во ЕУ е немањето „гаранции за добрососедските односи и за имплементација на билатерални договори", изјави бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева за Програмата на германската телевизија АРД за Југоисточна Европа.

Захариева наведува дека со Договорот за пријателство, добрососедство и соработка потпишан меѓу Скопје и Софија во 2017 година, меѓу другото, се предвидува формирање заедничка комисија од историчари „за решавање на постојните спорни историски прашања" меѓу двете земји со консензус, која, според неа, не усепала да ја заврши својата задача.

– Бугарија сака да биде призната историската вистина. Ова не беше проблем за Македонија кога го потпиша договорот – заедничка историја што ќе не обедини, а не да не раздели. Ова е целта. Ние не велиме „Овие личности се само наши", туку „Овие личности се заеднички". Ова е модерно размислување на две земји, особено ако сакаат да бидат заедно во Европската унија, изјави Захариева.

Таа нагласува дека Бугарија инсистира на именување на македонскиот јазик како „официјален јазик на Република Македонија", како и на промена на учебниците во Македонија, во кои, како што вели, „Бугарите се уште се претставени како фашисти".

Захариева за АРД посочува дека бугарската Влада сака овие „нејзини забелешки да најдат свое место" во рамки на преговорите за членство на Македонија во ЕУ.

– Не сакаме да ја запираме Република Македонија, но ако немаме гаранции во преговарачката рамка, ќе биде невозможно да се каже „да". Значи, без оглед на сегашното или следното претседателство, доколку нашите предлози бидат вклучени за дискусија во преговарачката рамка, Бугарија ќе може да каже „да", нагласува Захариева.

Таа истакнува дека не гледа зошто би било проблем во преговарачката рамка да се стави одредба дека Македонија треба да го почитува Договорот со Бугарија.

– Зошто е проблем во рамката за преговори да се стави и добрососедството, што е хоризонтален критериум од Мастрихт? Имаше такви содржини во преговарачката рамка на Хрватска. Ова не е преседан, тврди Захариева./МИА

Напаѓачот на Фицо призна вина

Осомничениот за нападот врз словенечкиот премиер Јурај Цинтула денеска пред Специјализираниот кривичен суд во градот Пежинок призна вина.

Цинтула беше спроведен под силно полициско обезбедување, а ниту на новинарите им беше дозволен влез во Судот.

Обвинителството вчера побара притвор за 71-годишниот Цинтула поради евентуално бегство или повторување на кривичното дело.

Премиерот на Словачка, Роберт Фицо на 15 мај беше застрелан во градот Хандалова додека се поздравуваше со насобраниот народ. Цинтула веднаш по нападот е приведен. Тој се соочува со обвинение за обид за убиство од одмазда, за што е предвидена казна од 25 години до доживотен затвор.

Словачките политичари изјавија дека нападот врз Фицо не е политички мотивиран.

Цинтула наводно учествувал во неколку антивладини протести, а бил против прекинот на помошта за Украина и на ликвидацијата на словачките медиуми.

Состојбата на премиерот Фицо и понатаму е сериозна. /МИА

Уметничка акција за проблемот со јавните тоалети во Скопје

Уметникот Озбек Ајваз кај фонтаната во Градскиот парк во Скопје, го претстави неговото последно дело во соработка со архитектката Натали Велеска, кое е дел од проектот за проблемот со јавните тоалети во градот.

Со последната акција, прикажаа предлог решение, во вид на макета. Тоалетот би бил изведен од метална контрукција, обложен со дрвени панели, неговите димензии би биле минимални, за да биде поекономичен за масивно производство и за понатамошно одржување.

Екстериерот на тоалетот би имал зелени ѕидови со вертикално поставени растенија, кои би служеле како разубавување на градот и истите би се наводнувале преку поставениот дождовник од кровот на тоалетот.

од страната на макетата има прикажано мапа на Градот Скопје, со означени локации каде би биле идеалните места во градот каде што се најнеопходни највеќе тоалети за главниот град и општините. За овој проблем граѓаните постојано алармираат, но засега решение нема.

Како да се стави крај на врсничкото насилство кај младите?

Со свирчиња во рака децата и родителите денеска во Градскиот парк во Скопје го „кренаа гласот“ против врсничкото насилство.

На отворениот настан во рамки на кампањата на Макпетрол за спречување на врсничкото насилство присутните родители, баби и дедовци порачаа дека врсничкото насилство може да се спречи само со поголема едукација. Велат се започнува од домашното воспитување, но клучни во борбата против насилството се институциите како училиштата и градинките од кои бараат поголема ангажираност на оваа тема.

- Малце да се елиминира пристап до интернет на рана возраст и само муабет дома, правилно воспитување се решава. Децата се повеќе време таму во школо, во градинка така да многу влијае и тоа какви воспитувачи и учители имаат.

- Едукација, школи, семинари, едукација пред се.

- Мислам дека најмногу образовниот систем треба да работи на тоа, психолозите во школите, педагозите и ние од дома да ги советуваме да не прават такви работи.

На отворениот настан присутните се забавуваа со повеќе музички, сценски интерпертации и интерактивни содржини. Актерот Сашко Коцев на најмладите им порача доколку се соочуваат со насилство да се охрабрат и тоа да го споделат со родителите, наставниците, педагозите..

- Јас една едноставна и ведра порака што ја испратив е се ставив јас кога сум бил да кажеме жртва, едноставно која била мојата позадина да не соопштам на никого. Тоа е еден срам дека ќе испаднеш послаб па ќе кажат „еј тужакаш“ или ми било страв дека тие што те малтретираат ако кажеш ќе станат уште полоши. Само тоа сакав да ги охрабрам дека треба да кажат децата.- Сашко Коцев – актер

Врсничкото насилство или булингот се јавува во повеќе форми: физички, вербален, социјален а во поново време и сајбер булинг. Токму изминатиов период имаше најмалку два случаи на физички пресметки меѓу малолетници, кои беа снимени со телефон, од кој за еден сеуште се чека судска пресуда. Психолозите реагираат дека системското решение е во целокупниот образовен процес, но и во домот од каде децата учат од родителот како да се соочуваат со емотивно тешки состојби.

притисни ентер