Захариева ги повтори бугарските позиции за Македонија во контекст на евроинтеграциите

Македонскиот претставник ја заврши посетата на Софија, детали дали и колкав напредок е направен нема, но судејќи според денешните пораки на бугарската министерка Захариева,

Скопје и Софија се се уште далеку од решение. Прво во интервју за германскиот јавен сервис АРД, а потоа одговорајќи на пратенички прашања во бугарскиот парламент, Захариева порача дека без гаранции и вметнување на добрососедството во преговарачката рамка, Бугарија не може да каже „да“. Останува на ставот дека македонскиот треба да се именува како

*официјален јазик на Република Северна Македонија

*промена на учебниците, во кои Бугарите биле претставени како фашистички

*гаранциите дека Mакедонија нема никакви претензии за постоење на македонско малцинство во Бугарија.

Забележа дека историската комисија е политизирана од македонска страна и побара земјава да надмине голем број стереотипи.

-Она што треба да се случи е страстите од другата страна на границата да се смират. Владата на Македонија треба да почне да го исполнува Договорот, да го запре говорот на омраза и да се однесува како вистински кандидат за членство во ЕУ. Ги повикувам колегите во Скопје на помалку емоции, а на повеќе прагматизам., вели Екатерина Захариева, министерка за надворешни работи на Бугарија

За последниот развој на релација Скопје – Софија не е оптимист ниту бугарскиот европратеник и известувач за Македонија во Европскиот парламент, Илхан Ќучук. Во интервју за БНР тој е скептичен дека прашањето може да се реши во наредните шест месеци за време на португалското претседателство. Смета дека пореална опција е да се чека словенечкото, кое би било многу попосветено кон регионалните прашања.

-Проблемот е јасен. Од една страна, гледаме една тврда позиција од страна на Софија, која вели дека има проблем со идентетот. Од друга страна, гледаме уште потврда позиција кај колегите од Скопје, кои велат дека нема да отстапат од идентитетот. Овој процес нема победници. Ова не треба да се претвори во национално шоу, вели Илхан Ќучук, европратеник

Вчера од македонската страна на Борисов му беше врачен нон – пејпер, со гаранции дека Македонија нема територијални претензии кон Бугарија.

Објавен петтиот том на „Визуелна хроника на македонскиот стрип“

Објавен е петтиот том на публикацијата „Визуелна хроника на македонскиот стрип“, најново издание на Александар Стеванов – графички дизајнер, наградуван стрип-сценарист и хроничар на македонскиот стрип.

Како што информира авторот, во книгата се истражува и прибележува деветтата уметност на македонско тло, овојпат детално обработена го периодот од 2016 до 2019 година.

На вкупно 64 страници во боја, формат А4, во изданието се опфатени речиси 270 хронолошки единици, кои збирно го осведочуваат овој период како врвна точка на домашното стрип-издаваштво. Опфатени се стрип-албуми и списанија за стрип објавени кај нас, одржани стрип-работилници, фестивали и изложби, гостувања на македонски стрип-автори на манифестациите во странство, како и освоени награди на стрип-фестивалите во земјава и во регионот.

- Станува збор за зафат од капитално значење, изведен за сега, еве и во нејзиниот петти дел, поточно во публикациите со различни дијахрониски опфати: првиот дел опфаќајќи го периодот 1990 – 1999 година, вториот 2000 – 2007, третиот 2008 – 2011, четвртиот 2012 – 2015 година... сѐ додека својот историски проект Стеванов не го доведе до наши дни, пишува истакнатиот писател Томислав Османли во предговорот кон изданието.

Како и претходните четири тома, и овој петти том на „Визуелна хроника на македонскиот стрип“ излегува со поддршка на Министерството за култура.

Почнувајќи од наредната недела изданието ќе биде дистрибуирано во библиотеките ширум земјава, најпрво во НУБ „Св. Климент Охридски“, а во скоро време се очекува да има промоција. /МИА

Кике Санчез Флорес ја напушта сезоната на крајот од сезоната

Тренерот на Севилја, Кике Санчез Флорес, ќе ја напушти функцијата по завршувањето на сезоната, соопшти прес-службата на шпанскиот клуб.

Педест и деветгодишниот Шпанец е на чело на Севилја од декември минатата година. Под негово водство, тимот одигра 23 натпревари, забележа 11 победи, четири пати ремизираше и загуби на девет средби.

Севилја по 36 кола се наоѓа на 12. место во шпанската Ла Лига со 41 бод.

Во 37. коло Севилја утре во 19 часот ќе се соочи со Атлетико Билбао на гостински терен. /МИА

Во Појасот Газа за еден ден загинале 83 луѓе

 Според Министерството за здравство во Газа во изминатите 24 часа при израелските напади во Појасот Газа загинале 83 луѓе.

Во војната помеѓу Израел и Хамас вкупно загинале 35.386 луѓе

Од почетокот на војната на 7 октомври минатата година повредени се 79.366 лица.

Најголемиот број од жртвите се деца и жени. /МИА

притисни ентер