Загриженост во Аргентина поради напливот на бремени Русинки кои доаѓаат да се породат - Канал 5

Загриженост во Аргентина поради напливот на бремени Русинки кои доаѓаат да се породат

Аргентинските власти се загрижени поради големиот број бремени Русинки кои влегуваат во земјата за да се породат како начин да добијат аргентински пасош, објави Асошиејтед прес, пренесува БТА.

Загриженост во Аргентина поради напливот на бремени Русинки кои доаѓаат да се породат

Оваа недела, претставниците на имиграцијата им забранија на шест бремени Русинки да влезат во Аргентина, велејќи дека при пристигнувањето лажеле дека се туристи, изјави Флоренсија Карињано, национален директор за миграција.

По започнатите судски процедури, судијата вчера даде зелено светло на петицијата habeas corpus за да им се дозволи на шесте жени привремено да влезат во Аргентина.

Бремените жени го ставија во центарот на вниманието феномен кој стана очигледен во Аргентина во последните неколку недели.

„Бројот е навистина многу голем секој ден, само синоќа od последниот лет влегоа 33 Русинки со бременост од околу 32, 33, 34 недели, рече Карињано.

Во последната година во Аргентина влегле 21.757 руски државјани, вклучувајќи околу 10.500 бремени жени, а „во последните неколку месеци нивниот број се зголемува“, рече Карињано. „Во последните три месеци во Аргентина влегле 5.819 жени, кои наскоро треба да се породат“.

Секој кој е роден на аргентинска почва веднаш добива државјанство, а раѓањето на дете во земјата го забрзува процесот на добивање државјанство за родителите.

Судскиот систем во моментов истражува дали постои криминална организација која шверцува Русинки во Аргентина. Иако властите не кажуваат зошто таква група би донела бремени жени во Аргентина, некои сугерираат дека земјата има вистинска комбинација на релаксирани закони за имиграција каде на Русите не им треба визи, бесплатна универзална здравствена заштита и пасош кој овозможува пристап до многу земји без виза.

Властите нагласуваат дека официјалните лица немаат проблем со пристигнувањето на руските државјани во Аргентина, но сакаат да се уверат дека навистина имаат планови да живеат во земјата.

Аргентина традиционално е отворена за имигранти, но имиграционите службеници беа предупредени откако руски шпиони со аргентински пасоши беа приведени во Словенија, рече Карињано. Кон крајот на јануари, словенечките медиуми објавија дека властите привеле осомничени руски шпиони, при што во соопштението беше посочено дека еден од двајцата имал аргентинско државјанство.

- Ако не почнеме да контролираме кому му даваме пасоши, она што ќе се случи со нас Аргентинците е дека тие ќе почнат да бараат визи насекаде и пасошот повеќе нема да ја ужива довербата што ја има во другите земји, рече Карињано, истакнувајќи дека Аргентинците можат да влезат во 171 земја без виза.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вртоглаво растат акциите на „Нвидија“ по враќањето на Хуанг

Акциите на Nvidia скокнаа во раното тргување денес по веста дека Џенсен Хуанг е вратен на функцијата извршен директор.

Вртоглаво растат акциите на „Нвидија“ по враќањето на Хуанг

Акциите на Nvidia се отворија за околу 30%, објави Би-Би-Си.

Цената на акциите на компанијата претрпе удар - затвори со пад од речиси 14% во петокот откако Ројтерс објави дека компанијата е под истрага од страна на Комисијата за хартии од вредност на САД (SEC) поради нејзините сметководствени практики.

Пазарите, исто така, се отворија во голема мера на позитивна територија - иако вреди да се напомене дека американските индекси веќе беа во пораст во претпазарното тргување по падот на пазарот во петокот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Евростат: Две од три домаќинства во Македонија немаат деца

Две третини од домаќинствата во Македонија немаат деца, покажуваат најновите податоци на Евростат за структурата на домаќинствата.

Евростат: Две од три домаќинства во Македонија немаат деца

Според статистиката, во земјава минатата година биле регистрирани вкупно 595.600 домаќинства. Од нив, 393.400 биле без деца, додека 202.200 имале издржувани деца.

Интересно е што македонија отстапува од европскиот просек. Во Европската унија дури 76,6 проценти од домаќинствата немаат деца, а само 23,3 проценти имаат издржувани деца.

Дополнително, просечниот број деца по домаќинство во македонија изнесувал 0,60, што е за една четвртина помалку во споредба со 2015 година, кога просекот бил 0,80.

Македонските домаќинства се поголеми и според бројот на членови. Просечната големина се движи меѓу 3,1 и 3,2 лица, наспроти европскиот просек од околу 2,3 члена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерството за здравство го осудува насилството врз здравствените работници

Министерството за здравство најостро го осудува инцидентот пред поликлиниката „Јане Сандански“ во Скопје, при кој се нападнати здравствени работници додека ја извршувале својата професионална должност.

Министерството за здравство го осудува насилството врз здравствените работници

Секој облик на насилство, закани или попречување на здравствените работници во извршувањето на нивните работни задачи е недозволив и мора да биде соодветно санкциониран.

Напоменуваме дека напад врз здравствен работник и здравствен соработник претставува кривично дело . Согласно член 304-г од Законот за здравствената заштита, за напад или сериозна закана кон здравствен работник и здравствен соработник при вршење здравствена дејност е предвидена парична казна или казна затвор, а во зависност од околностите и последиците од нападот, и построги казни.

Здравствените работници секојдневно се на првата линија во грижата за здравјето и животот на граѓаните. Насилството нема место во здравствените установи. Почитувањето и заштитата на здравствените работници мора да бидат заеднички приоритет, реагираат од МЗ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер