Загина српскиот рапер Гру - Канал 5

Загина српскиот рапер Гру

Далибор Андонов попознат под името Гру денеска загина во близина на Наутичкиот клуб “Земун“.

Загина српскиот рапер Гру

За време на инцидентот Гру со кајтингот паднал во вода.

Тој бил изваден од вода од страна на неговите пријатели кои веднаш повикале Брза помош но докторите констатирале смрт.

Во моментот на настанот имало големо невреме во регионот проследен со силен ветер и дожд. Инцидентот се случил во денеска во 15.20 минути.

Гру зад себе остави жена и две малолетни деца.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Град Скопје: Започнува реконструкцијата на улиците „Бутелска“ и „Радишанска“

Започнува реализацијата на еден од најзначајните инфраструктурни проекти во Општина Бутел – реконструкцијата на улиците „Бутелска“ и „Радишанска“, со што се исполнува долгогодишно барање на жителите од овој дел на Скопје.

Град Скопје: Започнува реконструкцијата на улиците „Бутелска“ и „Радишанска“

Проектот опфаќа реконструкција на повеќе од 2,2 километри улици, изградба на нов асфалтен коловоз, како и обнова на речиси 4 километри тротоари, со што значително ќе се подобрат условите за безбедно и непречено движење на пешаците, возачите и сите учесници во сообраќајот.

Особено значаен сегмент од инвестицијата е изградбата на нова атмосферска канализација во должина од 1.200 метри, како и одвојувањето на фекалната од атмосферската канализациска мрежа. Со ова ќе се овозможи поефикасно прифаќање и одведување на дождовните води и ќе се намали ризикот од поплавување при обилни врнежи.

Паралелно со овој проект, во завршна фаза е и изградбата на новиот мега-парк во Бутел, кој ќе претставува ново зелено и рекреативно катче за граѓаните.

Со реализацијата на овие проекти продолжува инвестирањето во современа комунална инфраструктура, побезбедни сообраќајници и подобар квалитет на живот за жителите на Бутел и на Скопје.

Со почит,

Град Скопје

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре променливо облачно со сончеви периоди

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Утре променливо облачно со сончеви периоди

Наместа ќе има поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд (над 15 l/m²), грмежи, засилен ветер (над 60 km/h) и појава на краткотрајно невреме со град. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19, а максималната ќе достигне од 22 до 34 степени.

Во Скопје, променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд и појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 30 степени.

До средината на следната работна седмица следува период на стабилно и претежно сончево време. Во сабота ќе дува засилен до силен, а во следните денови умерен до засилен северен ветер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ристески во посета на повеќе центри на Агенцијата за вработување

Процесот тече без проблеми, пристигнати преку 4.400 апликации.

Ристески во посета на повеќе центри на Агенцијата за вработување

Заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески денес посети повеќе регионални канцеларии на Агенцијата за вработување, каде изврши увид во процесот на аплицирање за јавните повици од мерката за Претприемништво - Самовработување со грант од Оперативниот план Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2026 година.

Во текот на денот, заедно со Даниела Димовска, Директорка на Агенција за иновации, научно технолошки развој и претприемништво – ИНОВА, Весна Пешова, заменик директор на Агенција на Вработување, претставници на општините и пратеници беа посетени центрите во Велес, Штип, Кочани, Виница и Берово каде вработените во центрите информираа за текот на пријавувањето зана јавниот повик.

- Вработените во центрите на АВРМ ме информираа дека процесот тече без проблеми и поголем застој, сите граѓаните можат слободно да аплицираат со нивните идеи за да отворат сопствен бизнис. Интересот за мерката е исклучително голем и до почетокот на денот пристигнати се речиси 4.400 апликации. Ја користам оваа прилика да апелирам до сите заинтересирани да се пријават и да ги искористат бенефитите кои како Влада им ја нудиме за отворање на сопствен бизнис – кажа заменик-министерот Ристески.

За време на посетите заменик-министерот Ристески им се заблагодари на вработените за нивната работа и дополнителни напори овие две недели додека се активни јавните повици.

Сите невработени лица заинтересирани можат да добијат детални информации за мерката во работните клубови на 30-те Центри за вработување на Агенцијата за вработување на Република Македонија, контакт центарот 02-3111-850 и веб-страната www.av.gov.mk.

Јавните повици траат до утре, 3 јули 2026 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер