3Телефонски разговор на министерот Муцунски со бугарската министерка за надворешни работи, Велислава Петрова-Чамова
МакедонијаЗагина мотоциклист во тешка несреќа кај КочаниВо тешка сообраќајна несреќа на патот Штип–Делчево, животот го загуби 42-годишен мотоциклист од Кочани.Според информациите од СВР Штип, несреќата се случила на 25 мај во вечерните часови, во близина на местото викано „Компосара“, кога дошло до судир помеѓу товарно возило со винички регистарски ознаки и мопед без регистарски таблички.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоУтре променливо облачно и топлоВремето утре ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди.Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 28 до 34 степени. Во Скопје, променливо облачно и топло со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 32 степена. Ќе преовладува топло време. Во среда на повеќе места се очекува развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд и услови за ретка појава на град. Од четврток времето ќе биде сончево со променлива облачност во текот на денот. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: ВМРО – ОКГ го потврди скандалот со омилените фирми, прашањето сега е кој ќе одговара?ВМРО–ОКГ со денешната реакција целосно го потврди скандалот што денеска го објави Антикорупцискиот тим на СДСМ.Сега прашањето е кој во ВМРО ќе одговара? Факт е дека Антикорупцискиот тим на СДСМ веќе објави тендерски шеми вредни над 100 милиони евра, во кои едни исти, омилени фирми на власта добиваат милионски тендери низ институциите и општините. Факт е дека три фирми се издвојуваат по бројот и вредноста на добиените тендери: Ленди Груп со 74 тендери вредни 17,6 милиони евра, Пирамид билдинг солушнс со 51 тендер вреден 16 милиони евра и Масев со 93 тендери вредни 18 милиони евра. Факт е дека зад овие фирми се појавуваат едни исти проектанти и надзорни компании – МГ Проект и МБМ Архитекти. Во Кисела Вода и Илинден, каде работи Ленди Груп, надзорот го врши МГ Проект. Во Аеродром и Гази Баба, каде работи Пирамид билдинг, клучните договори за надзор ги добива МБМ Архитекти. Во низа општини и институции каде работи Масев, повторно се појавуваат истите две фирми како проектанти и надзор. Дополнително, токму во периодот кога ВМРО–ОКГ има апсолутна власт и се реализираат средствата од унгарскиот кредит, МГ Проект склучува договори вредни 2,4 милиони евра, а МБМ Архитекти договори вредни 2,9 милиони евра, со раст од речиси 289 проценти. Ова се факти, договори, бројки и јавни податоци, сите во времето на ВМРО. Затоа прашањето останува: Кој ќе одговара за оваа бизнис-шема за испумпување пари на граѓаните? Јавното обвинителство повеќе нема простор за молк. АКТ на СДСМ ќе продолжи да ги објавува сите сознанија и докази за злоупотребите и бара целосна одговорност – од прв до последен инволвиран. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаТелефонски разговор на министерот Муцунски со бугарската министерка за надворешни работи, Велислава Петрова-ЧамоваМинистерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари телефонски разговор со министерката за надворешни работи на Република Бугарија, Велислава Петрова-Чамова.Во рамки на разговорот, министерот Муцунски најостро го осуди инцидентот што се случи денеска, при кој беа опожарени возила во сопственост на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје. Притоа, министерот информираше дека надлежните институции веќе преземаат соодветни мерки за целосно расчистување на случајот, утврдување на сите околности и изведување на сторителот пред лицето на правдата. Тој нагласи дека Министерството за надворешни работи и надворешна трговија дава целосна поддршка на надлежните институции во насока на брза, ефикасна и транспарентна истрага, со цел утврдување на одговорноста и соодветно санкционирање на сторителот.Тагови: Тимчо Муцунски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook