МИНЧЕВ НА ЦЕФ ФОРУМ 2026: Реформите можат да создадат правила, технологијата може да создаде алатки, но луѓето се тие што создаваат резултати
1МИНЧЕВ НА ЦЕФ ФОРУМ 2026: Реформите можат да создадат правила, технологијата може да создаде алатки, но луѓето се тие што создаваат резултати
Други спортовиЗагина дете во Русија по удар со хокеарски пак (Вознемирувачко видео) 14-годишно момче загина, откако пак го удрил во градите на тренинг на младински категории на рускиот хокеарски клуб СКА од Санкт Петербург.Всеволод Малков бил удрен во близина на срцето, по што лизгал уште неколку секунди, грчејќи се од болка, а потоа само се струполил на мразот. Поради срцев удар, лекарите веднаш се обиделе да го оживеат, што им успеало, но тој починал во болница од повреди на белите дробови и срцето. Клубот покрена внатрешна истрага, но таткото на момчето рече дека не обвинува никого за смртта на неговиот син, свесен дека тоа е резултат на несреќа за време на рутински тренинг. WARNING - VIEWER DISCRETION ADVISED 1/2 14 yr old minor league player Vsevolod Malkov has died after being hit with a puck in the chest near his heart He collapsed to the ice Ambulance called They were able to get his heart beating again, but he later succumbed to his injuries pic.twitter.com/0hXYUTuKbg — Hockey News Hub (@HockeyNewsHub) August 12, 2022 Клубот се понуди да ги плати трошоците за погребот и да му обезбеди на семејството каква било помош.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМИНЧЕВ НА ЦЕФ ФОРУМ 2026: Реформите можат да создадат правила, технологијата може да создаде алатки, но луѓето се тие што создаваат резултатиГоран Минчев, денес учествуваше на ЦЕФ Форумот 2026 на тема “Управување во услови на неизвесност и градење отпорни јавни институции“.Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, денес учествуваше на ЦЕФ Форумот 2026 на тема “Управување во услови на неизвесност и градење отпорни јавни институции“, кој се одржа во Скопје под покровителство на Министерството за финансии, со учество на високи владини претставници, експерти и носители на политики од регионот и Европа. Во рамки на панел дискусијата посветена на лидерството и институционалната отпорност, министерот Минчев истакна дека во време на сè покомплексни предизвици, способноста за координација меѓу институциите претставува еден од најважните предуслови за успешно спроведување на реформите и испорака на квалитетни услуги за граѓаните. „Најголемиот ризик во услови на неизвесност не е недостатокот на идеи или стратегии, туку ситуацијата кога институциите не успеваат да се движат во иста насока. Координацијата, довербата и заедничката визија се темелот на секоја успешна реформа“ - порача Минчев. Осврнувајќи се на реформите во јавната администрација, тој го посочи процесот на подготовка на новиот реформски пакет како пример за успешно управување со комплексни промени во услови на различни очекувања и предизвици. Дополнително потенцираше дека реформите во јавната администрација се директно поврзани со процесот на европска интеграција, професионализацијата на јавната служба и јакнењето на довербата на граѓаните во институциите. Во своето обраќање, Минчев ја истакна и важноста на континуираниот професионален развој на административните службеници, нагласувајќи дека најважната инвестиција за секоја институција остануваат луѓето. „Реформите можат да создадат правила, технологијата може да создаде алатки, но луѓето се тие што создаваат резултати. Ако сакаме отпорни институции, мора постојано да инвестираме во знаењето, вештините и лидерските капацитети на јавните службеници“ - истакна министерот. Министерството за јавна администрација останува посветено на спроведувањето на реформите кои ќе придонесат за модерна, професионална, ефикасна и граѓански ориентирана јавна администрација, усогласена со европските стандарди и подготвена да одговори на предизвиците на иднината.Тагови: Минчев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПредложен притвор за семејно насилство во тетовскоНа 21 јуни, при вршење семејно насилство, осомничениот сериозно се заканил на неговата мајка и на сопругата, на кои најпрво им побарал 100 евра, а тие одбиле да му дадат пари.Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка и предложи мерка притвор за жител на тетовско Гајре заради основано сомнение дека сторил кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1, како и – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. На 21 јуни, при вршење семејно насилство, осомничениот сериозно се заканил на неговата мајка и на сопругата, на кои најпрво им побарал 100 евра, а тие одбиле да му дадат пари. Со намера да ги вознемири и да ги заплаши жените, започнал да ја крши покуќнината и со нож им се заканил дека ќе ги убие. Сопругата ја удирал со тупаници по телото и ја влечел за косата, нанесувајќи и телесни повреди. Ценејќи дека се исполнети законските основи, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор.Тагови: семејно насилство Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЉутков: „Битола добива нов културен импулс - инвестиции во наследството и иднината“Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска престојуваше во работна посета на Битола каде, заедно со градоначалникот Тони Коњановски, изврши увид во повеќе капитални проекти од областа на културата и заштитата на културното наследство.Посетата започна со работна средба во Општина Битола, на која беа разгледани актуелните и идните проекти кои се реализираат во соработка помеѓу Министерството за култура и туризам и локалната самоуправа. Во фокусот на разговорите беа инвестициите во културната инфраструктура, заштитата на културното наследство и развојот на културниот туризам. Во рамките на посетата, министерот Љутков изврши увид во градежните активности за реконструкција, санација и адаптација на објектот на поранешното кино „Партизан“, еден од најзначајните капитални проекти во Битола, вреден 94 милиони денари. „Кино „Партизан” со години беше запуштен и нефункционален објект. Денес гледаме дека работите се одвиваат со добра динамика и дека чекор по чекор создаваме современ, мултифункционален, културен центар кој ќе биде дом на бројни културни настани и ново место за средба на уметниците и граѓаните“- истакна министерот Љутков. Тој потсети дека објектот ќе биде целосно обновен и ставен во функција до 2027 година, кога Битола ќе добие нов простор за концерти, изложби, кино-проекции и други културни содржини. Министерот изврши увид и во конзерваторско-реставраторските работи во Јени џамија, еден од најрепрезентативните споменици на културата во државата. За реализација на овој повеќегодишен проект Министерството обезбеди околу 12 милиони денари. „Нашата обврска е да ги зачуваме највредните сведоштва на нашата историја. Јени џамија е дел од културниот идентитет на Битола и затоа вложуваме сериозни средства за нејзина целосна заштита и реставрација“- нагласи Љутков. Работната посета продолжи на археолошкиот локалитет „Хераклеја Линкестис”, еден од најзначајните археолошки локалитети во Македонија. Годинава Министерството издвои 700 илјади денари за заштита на локалитетот и мозаиците, кои претставуваат негово најголемо богатство. „Хераклеја не е само дел од нашето минато, туку и значаен потенцијал за иднината. Фактот што локалитетот го посетуваат до 25 илјади посетители годишно, покажува колкав е интересот за нашето културно наследство. Затоа продолжуваме да инвестираме во негова заштита и презентација“ - рече министерот. Во изминатите две години, Министерството за култура и туризам инвестираше околу 32 милиони денари во проекти што ги реализира НУ „Завод и Музеј” – Битола, меѓу кои реставрација на фасадата на музејот, партерно уредување на лапидариумот, обновување на сувенирницата, како и конзервација на спомен-куќите на Гоце Делчев и Стив Наумов. Битола останува еден од најважните културни центри во Македонија. Преку инвестиции во културната инфраструктура, заштита на културното наследство и развој на културниот туризам, Министерството за култура и туризам продолжува да создава услови за зачувување на националниот идентитет и за афирмација на македонските културни вредности пред домашната и меѓународната јавност.Тагови: Зоран Љутков Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter