Заев: За одлагање на пописот очекувам поддршка од сите партии

Верувам дека сите одговорно ќе се однесуваме и ќе изнајдеме решение за поддршка на измените на Законот на попис од страна на сите политички партии, изјави денеска премиерот Зоран Заев.

Премиерот Зоран Заев одговори на новинарско прашање околу најавената блокада од Алијансата за Албанците и Алтернатива, кои соопштија дека не поддржуваат одложување на пописот.

– Законот за попис како што беше предложен во Собранието, така се предложени и измените, со европско знаме. Роковите се јасни. Но, секако очекувам да изнајдеме решение за поддршка на оваа проблемати с од страна на сите политички партии, истакна Заев.

Премиерот посочи дека нема никаква причина за блокада од страна на Алијансата за Албанците и Алтернатива и истакна дека кога се носеше Законот, токму овие партии предлагале самиот попис да се одложи од април за јуни.

Заев појасни дека утре ќе разговараат и верува дека ќе се изнајде решение, посочувајќи дека сите треба да стојат позади ваква сложена и важна статистичка операција.

– Значи тие побараа токму за слични или исти причини да биде одложен пописот. Утре ќе разговараме за оваа работа и верувам дека ќе изнајдеме решение, секако не само заради тоа што треба сите да стоиме позади вака сложена и многу важна статистичка операција која што е насушно потребна за креирање на сите политики во иднина во државата, зборувам за економски, образовни, здравствени културолошки и секаков вид на политики, кои што се базираат на податоци. Ние имаме навистина стари податоци кои се пстари од дури 20 години, рече премиерот во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција.

Тој додаде дека иако средбата за утре е закажана за Законот за државјанствата и проблемите што нашите граѓани ги имаат со државјанствата, доколку има потреба ќе се разговара и за пописот, се со цел конечно да се усогласат сите ставови.

– Иако средбата за утре е закажана за Законот за државјанствата како иницијатива отворена од Алијанса на Албанците и Алтернатива, верувам сите таму координатори ќе седнеме и ќе изнајдеме начин на ова прашање, а ако има потреба да се разговара за пописот, јас ќе разговарам се со конечна цел да изнајдеме сите усогласени ставови, да застанеме зад пописот, зад тоа што впрочем до сега сме го кажале сите вклучително и Алијанса за Албанците и Алтернатива, како и СДСМ, и многу други политички партии, зошто е важно да ја имаме успешно спроведено оваа статистичка важна операција за државата и народот, рече Заев.

Шкријељ: Со заедништво и јасна визија да ја придвижиме државата кон она што сите го заслужуваме

Со заедништво и јасна визија да ја придвижиме државата кон она што сите го заслужуваме, европска иднина.

Санела Шкријељ, кандидат за пратеник во ИЕ2

Пратеничката на СДСМ Санела Шкријељ по повод 27 април, годишнината од крвавиот четврток во Собранието, во својата изјава пред Собранието изјави:

Собранието е претставнички дом на граѓаните и место каде треба да се натпреваруваме со идеите за подобар квалитет на животот на сите граѓани, а не со насилство. Можеме да имаме различни ставови по секое едно прашање и да ги спротивставуваме своите аргументи за тоа, но никогаш повеќе не смееме да дозволиме пратениците, собраниските служби, новинарите и медиуските работници на најбрутален и насилнички начин да бидат нападнати и да им биде загрозен животот токму тука, во она што треба да биде храмот на демократијата.

Како пратеници, треба да покажеме дека државата ја сакаме со ум, а не со насилство. Да се спротивставиме на политиките на делби и ширење омраза, да не дозволиме повторно газење врз слободата, врз демократијата, пресметување со неистомисленици, напади врз новинари. Со заедништво и јасна визија да ја придвижиме државата кон она што сите го заслужуваме, европска иднина!

Нема откажување од иднината!

СДСМ

Левица со антикорупциска платформа ќе се бори против неказнивоста на функционерите

Денес, носителот на листа од Левица - Јована Мојсоска ја презентираше предизборната програма меѓу жителите во Ресен.

Левица, како партија на нова генерација политичари без криминален багаж, на овие избори настапува со своја антикорупциска Платформа, како единствен механизам против корупцијата која го разјадува македонското општество.

Народот доволно беше сведок како политичките елити три децении се амнестираат, како што беше случајот со последните измени на Кривичниот Законик, каде беа амнестирани над 80 функционери од поранешната и актуелната власт!

Антикорупциската платформа на Левица се темели на неколку клучни точки:

- Итно носење на Закон за потекло на имот на сите носители на јавни функции, од осамостојувањето до денес (1991–2024) – како lex specialis;

- Незастарување на кривичните дела поврзани со т.н. економски криминалитет и корупција извршени од страна на јавните функционери;

- Трикратно зголемување на рокот на застареност во Кривичниот законик за делата сторени од носителите на јавни функции, поврзани со т.н. службенички криминалитет.

-Проширена конфискација (кривична или граѓанска) на нелегално стекнатиот имот на досегашните владејачки структури и олигарси – не само од нив лично, туку и од нивни блиски роднини, пријатели/партнери или трети лица.

- Разрешување на судија по сила на закон на кој му застареле три предмета во кариерата и поради кои Република Македонија ќе изгуби спор пред Судот во Стразбур со цел ставање крај на партизацијата на судството.

На криминалното и анти-македонско владеење на СДС и ДУИ ќе им пресуди народот на 8 Мај, а потоа мора да има ригорозна одговорност за економскиот, социјален и национален пустош кој го оставија во нивното катастрофално владеење!

Сектор за медиуми и односи со јавност на ПП Левица

Лопетеги го менува Пиоли во Милан

Шпанскиот фудбалски стратег Јулен Лопетеги би можел да го предводи Милан од следната сезона.

Како што денеска објави италијанскиот новинар Фабрицио Романо, раководството на миланскиот клуб ја разгледува кандидатурата на 57-годишниот Шпанец како замена за Стефано Пиоли.

Самиот Лопетеги, исто така, е во преговори со Вест Хем, но го претпочита италијанскиот тим.

Лопетеги е без ангажман од август лани кога ја напушти клупата на Вулверхемптон.

притисни ентер