Заев за „Њујорк тајмс" за француското вето: Тоа ме уништи лично, психолошки

 Светлината на Европа е нашата водилка. Сега кога тие светла згаснаа ние сме во темнина и кој знае каде може да тргнеме, вели премиерот Зоран Заев во интервју за весникот „Њујорк тајмс".

По одложувањето на почетокот на пристапните преговори со ЕУ, Заев најави повлекување, по што беше договорена техничка влада од јануари и вонредни избори во април идната година.

Прашан зошто се одлучил за така драматичен чекор, тој вели дека немал избор.

– Ако не организираме избори, национализмот ќе расте. Преплашен сум, вели Заев во интервју за „Њујорк тајмс".

Според весникот, пред само два месеца, лидерот на малата балканска земја одеше високо, поздравен од светските лидери и пофален од првиот човек на ОН за понудената ретката светла точка во инаку проблематичното глобално опкружување, по што се најде и на листата на кандидати за Нобелова награда за мир.

Премиерот Зоран Заев ја заложи својата политичка кариера и иднината на својата земја за решавање на тридеценискиот спор за името со соседна Грција. Со често макотрпна дипломатија и против сите очекувања, тој успеа. Но, како што седи во својата канцеларија во главниот град Скопје, сето тоа изгледа така далечно, пишува Марк Сантора, дописникот на „Њујорк тајмс" од Варшава одговорен за Централна и Источна Европа.

– Се кршам одвнатре, вели Заев, во интервјуто.

Промената на името, според весникот, се очекувало да го расчисти патот на Северна Македонија за пристапување кон Европската унија, но минатиот месец Франција стави вето на одлуката, барајќи реформа на процесот на проширување на Унијата. Тоа ја дестабилизира владата во Скопје и уште пострашно, наведува весникот, се заканува на кревкото статус кво во регионот по крвавиот распад на Југославија во 1990-тите.

– Тоа ме уништи лично, психолошки, вели Заев за „Њујорк тајмс", изразувајќи загриженост не само за себе и земјата, туки и за стабилноста на целиот регион на Западен Балкан.

Национализмот и радикализмот повторно може да добијат на сила, вели Заев, додавајќи дека повторно постои ризик од отворен внатрешен кофликт во државите, но и од нови конфликти меѓу државите.

Никовски: Ако ние очекуваме камшикари од надвор, верејатно не заслужуваме држава

„Проширување, ви тврдам со најголема одговорност, нема да има наредни 15 години“

Проширување, ви тврдам со најголема одговорност нема да има наредни 15 години може ќе ја примат само Црна Гора колку да покажат дека не се затворени. И веројатно ќе нема втора лига која веќе се подготвув преку европската политичка заедница која веќе функционира и она што рече Фон Дер Лајен преку 4 -те столба заедничкиот пазар преку кој ќе не уништат економски, регионална економска соработка, реформи и четврто се овие пари што ги ветуваат. Ќе даваат повеќе пари за да не' држат како приврзок. Ако ние очекуваме камшикари од надвор, верејатно не заслужуваме држава, рече Ристо Никовски во Само Вистина.

Несреќно селфи- се качил на воз, го удрила струја и завршил со изгорени гениталии (ВИДЕО)

Неименуваниот тинејџер бил хоспитализиран во тешка состојба откако се качил на воз и дошол во контакт со жици.

Инцидентот се случил во Електроугли, на околу 50 километри од Москва. Сакал да направи видео за социјалните мрежи, но работите тргнале наопаку.

Додека се качувал на локомотивата, случајно допрел пантограф, што предизвикало силен струен удар, пишува Дејли мејл.

„Наместо видео и лајкови, тој се здоби со повреди кои ќе ги памети цел живот, доколку лекарите го спасат“, се вели во еден од извештаите.

Струјата го удрила 15-годишникот во препоните, а тој завршил со тешки изгореници на гениталиите.

На социјалните мрежи се објавени видеа од момчето како се грче во агонија, додека предниот дел од панталоните му е изгорен. Може да се види како добива помош пред да биде однесен во болница.

Тиктокер фрлал 24.000 евра од дрон, во хаосот е повредено дете (ВИДЕО)

Тиктокер кој себеси се нарекува Oracle предизвикал метеж во парк во Цирих откако исфрлил 24.000 евра од дрон.

Претходно на интернет ги откри своите планови, па се собраа значителен број граѓани. Во општиот метеж и тепачка за пари е повредено 12-годишно момче.

Споменатиот тиктокер го крие лицето зад златна маска, а на популарната мрежа покажал огромна вреќа со пари што ја закачил на дрон.

„Нешто пред 20 часот над паркот беше подигнат дрон. Во настанатата гужва со остар предмет е повредено момче од Доминиканската Република“, соопштија од полицијата.

Тој е префрлен во болница, а на снимката од паркот се гледа најмалку едно возило на брза помош, пренесува Билд.

Полицијата не објаснила за каков „остар предмет“ станува збор, а не се знае ни што се случило со дронот.

@oraclecomicsschweiz

💸 für e goldigi zuekunft

♬ Originalton - Oracle Comics

Тиктокер може да се најде во голема неволја, бидејќи овој „настан“ не бил одобрен. Неговиот идентитет им е познат на властите, но не е објавен.

„Сакаме да дознаеме за каква цел е организирана акцијата“, изјави портпаролот на полицијата.

притисни ентер