Заев за „Мој ДДВ“: Освен пари назад кај граѓаните, мерката ќе ја намали даночната евазија

Премиерот Зоран Заев одговараше на прашања поврзани со Предлог-законот за враќање на 15% од данокот на додадена вредност на граѓаните.

Предлог-законот за враќање на 15% од данокот на додадена вредност беше усвоен на последната седница на владата и доставен на усвојување во Собранието, одговараше на повеќе прашања на новинарите кои се интересираа за детали од мерката кои, истовремено е и од интерес на граѓаните.

Премиерот Заев нагласи дека со овој предлог закон, кој ќе се применува од 1 јули, започнува реализацијата на проектот „Мој ДДВ“, еден од најважните проекти од изборната програма и од Програмата за работа на Владата, како мерка во која се применети критериуми за да биде правична за сите, водејќи сметка да воспостави лимит за најбогатите 2% од граѓаните.

Посебно внимание во реализацијата на целиот проект им е посветена на оние граѓани кои од било кои причини немаат соодветен пристап до апликацијата „МојДДВ“ и за нив во канцелариите на УЈП ќе работат 80 волонтери кои ќе им помагаат да пристапат до апликацијата „Мој ДДВ“ и да го остварат правото на поврат на ДДВ на своите сметки. Во сите канцеларии на УЈП, дополнително ќе бидат поставени посебни компјутери кои низ едноставна постапка ќе им го овозможат ова право на граѓаните.

Во овој дел од прес конференцијата беше нагласено дека приходот стекнат од поврат на ДДВ-то не подлежи под ниту еден основ за оданочување, односно на тој приход нема да се плаќа данок на приход.

Парите што граѓаните ќе си ги добијат назад со оваа мерка, нема да има никакво влијание и на редовната исплата на социјалната помош за сите граѓани кои се стекнале со ова право, односно социјалната помош ќе продолжи да им се исплатува без разлика на дополнителниот приход од повратот на ДДВ

Претседателот на Владата на РСМ Заев посебно за задржа на втората, еднакво важна цел од мерката, борбата против даночната евазија, и дека со оваа мерка секој граѓанин станува инспектор бидејќи ќе има мотивација да си ја добие својата фискална сметка за секоја трансакција што ќе ја направи.

„Воспоставуваме врзан синџир на одговорности. Ако прометот на мало се покрие со фискални сметки, ќе се отклонат и голем дел од црните пари во трговијата и во работењето на големо. Очекуваме ефекти од оваа мерка во борбата против даночната евазија. Ако вкупниот приход на државата е 50 милијарди денари, 30 отсто евазија значи дека се губат околу 15 милијарди денари. Тоа се околу 250 милиони евра. Ако успееме 100 % да ја реализираме оваа мерка, тоа се 250 милиони евра повеќе во државната каса. Тоа се пари кои повторно ќе се вратат кај граѓаните во социјалата, во здравството, во образованието... Тоа е најдоброто сценарио, но секое друго сценарио кое ќе обезбеди повеќе од 3 милијарди денари, колку што е проекцијата на средства кои ќе им бидат вратени на граѓаните, е денар плус во буџетската каса. Јас сум уверен дека можеме многу повеќе“, истакна премиерот Заев на на денешната прес конференција по повод Предлог-законот за враќање на 15% од данокот на додадена вредност на граѓаните.

Ибрахимовиќ: Тешко ми беше да се откажам од фудбалот поради моето его

Поранешниот напаѓач Златан Ибрахимовиќ зборуваше за подкастот на „АБТалкс“ каде што разговараше за неговото пензионирање од фудбалот, неговото враќање во Милан како главен советник на сопственикот на клубот и за смртта на неговиот агент Мино Раиола.

-Добро сум, така ме третира животот. Секако, се повлеков од фудбалот пред повеќе од осум месеци, така што мојот живот сега е поинаков. Прифатив да се откажам од фудбалот, што беше тешка работа поради моето его и начинот на кој се доживував себеси. Мислам дека сум најдобар и сè уште сум таков. Можев да продолжам, но решив да престанам. Зошто? Сакам само добар живот за моето семејство. Сакав да правам работи со моите синови, а пред тоа не беше можно бидејќи имав проблеми со едното колено. Така го прифатив тоа и дојде момент кога си реков: „Во ред е, откажи се и отвори ново поглавје од твојот живот, вели популарниот Ибра.

Потоа, неколку месеци подоцна, го запознава Гери Кардинале, кој го надгледува фондот „РедБрд“ што го купи Милан.

-Ми даде понуда што не можев да ја одбијам. Така почнав да работам со Милан, откако бев во клубот три-четири месеци. Добро се однесуваат со мене таму, морам да признаам. Кога почина мојот агент Мино Раиола, тоа беше голем удар за мене. Многу плачев. Сè уште не е исчезнато чувството, бидејќи спомените постојано ми се враќаат. Скршен сум затоа што многу ми недостига. Секој што го познава знае колку бевме блиски. Да можам би му напишал: „Ми недостигаш“, сподели Ибрахимовиќ. /МИА

Почесна Златна палма за Мерил Стрип на Канскиот филмски фестивал

 Познатата американска актерка Мерил Стрип (74) ќе добие почесна Златна палма за време на церемонијата на отворањето на овогодишниот Меѓународен филмски фестивал во Кан на 14 мај, соопштија денеска организаторите.

Холивудската актерка со рекордни 21 номинација за престижниот Оскар само еднаш била на Канскиот фестивал. Тоа беше пред 35 години кога филмот „Плач во темнината“ во кој играше, доби една од наградите на Канскиот фестивал.

Мерил Стрип освои три Оскари за улогите во филмовите „Крамер против Крамер“ (1980), „Изборот на Софија“ (1983) и „Челичната дама“ во 2012 година.

Актерката се прослави во филмовите „Лов на елени“, „Жената на францускиот поручник“, „Мојата Африка“, „Мостовите на округот Медисон“, „Сомнеж“ и „Заљубување“.

Почесна Златна палма годинава ќе добијат креаторот на серијата „Војна на ѕвездите“, Џорџ Лукас и колективно Студио Гибли на јапонскиот режисер за анимација Хајао Мијазаки.

Канскиот фестивал ќе се одржи од 14 до 25 мај, а за Златната палма се натпреваруваат повеќе од 20 филмови, меѓу кои и новиот филм на Френсис Форд Копола „Мегалополис“. /МИА

ФА го суспендираше Тонали на два месеци

Сандро Тонали беше суспендиран од фудбалот на два месеци. Нему му пресуди Независната регулаторна комисија откако призна дека учествувал во забрането обложување.

Покрај тоа, тој е казнет со 20.000 фунти и предупреден за понатамошно однесување.

Суспензијата е таква што Тонали нема да може да се врати на терените до крајот на сезоната, до кога ќе истече десетмесечната казна што му ја изрече Италијанската фудбалска федерација на 27 октомври 2023 година.

Доколку не го повтори истиот прекршок до крајот на сезоната, нема да мора да ја одлежи оваа двомесечна суспензија.

Фудбалскиот сојуз и Регулаторната комисија оценија дека Тонали соработувал и признал се за што е обвинет „на исклучителен и досега неевидентиран начин“.

Тонали целосно ги признал сите свои прекршоци, а тоа го направил во ситуација кога доказите практично не постоеле.

Тој продолжува да оди на терапија и едукативни програми на кои е должен да присуствува со целосна поддршка од клубот и продолжува да тренира со екипата./МИА

притисни ентер