Заев за барањата на СОНК: Над 20 проценти ги качуваме платите, верувам дека низ дијалог ќе најдеме заедничко решение

Премиерот Заев порача дека во кус период од две и пол години, не се случило никогаш вакво покачување на платите во образованието и дека утре со министерот Арбер Адеми ќе има состанок со претставници на СОНК, зашто низ дијалог се решаваат прашањата.

„Факт е дена за 11 години, ВМРО-ДПМНЕ направи покачување од 10 проценти. И факт е дена за две години и пет месеци оваа Влада направи покачување за 10 проценти, или кумулативно, за 10.8 проценти. Чесно ја водиме државата, има пари во Буџетот, не се трошат пари за глупости. Правиме напори, понудивме, од април 10 проценти. Покачување од 20 проценти за вака краток период, никогаш не било постигнато. СОНК бара повеќе и порано, но сите ресурси што ги имаме ги вложуваме во човечкиот капитал“ рече премиерот Заев.

Тој додаде дека според тоа што е досега понудено е најниската плата во образованието да биде поголема од просечната плата во државата.

„Со овие покачувања наставниците во основните и во средните училишта ќе имаат примања над просечната плата“ рече премиерот Заев.

Тој изрази очекување дека на утрешниот состанок со претставниците на СОНК ќе биде изнајдено заедничко решение.

„Верувам дека низ дијалог ќе постигнеме решение“, оцени премиерот Заев.

Премиерот Заев посочи и на овозможените повисоки капитации за општи лекари, стоматолози, за возможно трето покачување на платите во образованието, за дополнителна нивелација на платите во културата, бидејќи оваа Влада е насочена кон потребите на граѓаните. Тој рече дека стануваат можни и нови покачувања на платите во администрацијата освен сегашните 5 проценти, што се очекува да го овозможи мотивирањето на газдите да ги качуваат платите со изнајдените 2 милијарди и 400 илјади денари со коишто Владата ќе ги плаќа придонесите за нив. Исто така премиерот потсети и за покачувањето на минималната плата за 5.500 денари, за две и пол години, што ја покренува спиралата на покачување на платите во државата.

„Зборуваме денес за покачувања на плати и пензии, а не за пари за жални врби и споменици, за покачувања во образование, стопанство, лекари, на текстилни работници, културни работници“, рече премиерот Заев кој додаде дека тоа носи влијае на зголемувањето на потрошувачката, за среќа и благодет за граѓаните и ја помага економијата, на седницата за пратенички прашања, одговарајќи на поставените пратенички прашања, се наведува во владиното соопштение.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер