Заев: Вонредна состојба не значи веднаш нови ограничувања и забрани за движење, полесно ќе се реализираат мерките за заштита на граѓаните

Ќе кажам што значи вонредната состојба, севкупно во државата заради тоа што една од причината за нејзино прогласување е и заради економските мерки, рече претседателот на СДСМ , Зоран Заев .

Ако дозволите јас само ќе споделам уште еднаш информации.Значи согласно најновите информации од министерството за здравство бројот на заболени до денеска во 12:00 часот е 35 и сите се во добра здравствена состојба. Тоа е охрабрувачки, имам целосна доверба дека медицинскиот персонал е посветен на зачувување на нивното здравје. Јасно е дека бројот на заболени ќе расте, тоа се случува во сите земји во светот, како што епидемијата се шири. Во овој момент е најважно сите целосно да се придржуваме до препораките и задолженијата кои што стигаат од институциите. Сите останати државни институции мора да се слушаат и покрај министерството за здравство, за да можеме да придонесеме сите кон што поефикасна борба против корона вирусот.

Апелирам до граѓаните, особено да се придржуваат до препораките и задолженијата од Министерството за здравство во однос на заштита на здравјето на лекарите и медицинскиот персонал. Тие се столбот на земјата во овие моменти и мора да бидат здрави за да можат да се грижат за јавното здравје. Ќе ја искористам овде можноста да кажам што значи вонредна состојба. Очекуваме да се прогласи вонредна состојба и еве ќе испратам една порака до граѓаните.

„Во секоја криза лежи нова можност"- вели една кинеска поговорка. Вонредна состојба прво ќе значи да се средиме сите малку повеќе, да бидеме посериозни и поодговорни и како луѓе и како институции. Да има ред, да има дисциплина. Да се спроведуваат и почитуваат обврските кои ги даваат институциите, а сите институции да бидат уште поодговорни и попрофесионални кон граѓаните, кон правните субјекти, како што и во моментот одличен пример е Здравството, а и другите институции кои што асистираат.

Вонредната состојба значи исто така дека ќе работат сите објекти и дејности како што работеле и до сега. Освен ако Владата со уредба со законска сила не затвори некоја дејност или објект, како што беа досега угостителските, туристичките објекти и влијанието врз транспортот.

Второ вонредна состојба значи дека ќе може да излегуваме, секако пред се денски, да завршиме неопходна работа и да се вратиме дома или на работното место, но мора сериозно уште повеќе да бидеме сериозни, затоа да одиме да завршиме работа со заштитни ракавици и маска на устата и да се вратиме, притоа да внимаваме максимално.

Исто така ќе смеат старите луѓе да излегуваат но доколку мораат да завршат одредена работа. Препорака сериозна е да си седат дома доколку не мора да излегуваат, да се обратат до својата матична општина и да побараат волонтери коишто се обучени и заштитени да им асистираат при завршување на самата потребна работа за старите луѓе. Дезинфекциски заштитни средства значи задолжително да се користат, при секое излегување или контакт со трети лица.

Движењето ќе се забрани ако има полициски час. Вонредната состојба не значи полициски час, а ќе има полициски час ако не ги почитуваме претходните мерки. Затоа граѓаните треба да бидат уште посериозни и уште поодговорни. Заштитувајќи се себеси ги штитиме сите околу нас.

Секако Владата ќе може да носи уредби со законска сила и тоа ќе се употреби исклучиво транспарентно за заштита на здравјето на граѓаните и секако за спроведување на економски мерки за справување со економските последици од кризата.

Владата работи транспарентно, секако уредбата со законска сила ќе значи сериозна алатка, механизам и можност да уште поефикасно се справиме со корона вирусот.

Ибрахимовиќ: Тешко ми беше да се откажам од фудбалот поради моето его

Поранешниот напаѓач Златан Ибрахимовиќ зборуваше за подкастот на „АБТалкс“ каде што разговараше за неговото пензионирање од фудбалот, неговото враќање во Милан како главен советник на сопственикот на клубот и за смртта на неговиот агент Мино Раиола.

-Добро сум, така ме третира животот. Секако, се повлеков од фудбалот пред повеќе од осум месеци, така што мојот живот сега е поинаков. Прифатив да се откажам од фудбалот, што беше тешка работа поради моето его и начинот на кој се доживував себеси. Мислам дека сум најдобар и сè уште сум таков. Можев да продолжам, но решив да престанам. Зошто? Сакам само добар живот за моето семејство. Сакав да правам работи со моите синови, а пред тоа не беше можно бидејќи имав проблеми со едното колено. Така го прифатив тоа и дојде момент кога си реков: „Во ред е, откажи се и отвори ново поглавје од твојот живот, вели популарниот Ибра.

Потоа, неколку месеци подоцна, го запознава Гери Кардинале, кој го надгледува фондот „РедБрд“ што го купи Милан.

-Ми даде понуда што не можев да ја одбијам. Така почнав да работам со Милан, откако бев во клубот три-четири месеци. Добро се однесуваат со мене таму, морам да признаам. Кога почина мојот агент Мино Раиола, тоа беше голем удар за мене. Многу плачев. Сè уште не е исчезнато чувството, бидејќи спомените постојано ми се враќаат. Скршен сум затоа што многу ми недостига. Секој што го познава знае колку бевме блиски. Да можам би му напишал: „Ми недостигаш“, сподели Ибрахимовиќ. /МИА

Почесна Златна палма за Мерил Стрип на Канскиот филмски фестивал

 Познатата американска актерка Мерил Стрип (74) ќе добие почесна Златна палма за време на церемонијата на отворањето на овогодишниот Меѓународен филмски фестивал во Кан на 14 мај, соопштија денеска организаторите.

Холивудската актерка со рекордни 21 номинација за престижниот Оскар само еднаш била на Канскиот фестивал. Тоа беше пред 35 години кога филмот „Плач во темнината“ во кој играше, доби една од наградите на Канскиот фестивал.

Мерил Стрип освои три Оскари за улогите во филмовите „Крамер против Крамер“ (1980), „Изборот на Софија“ (1983) и „Челичната дама“ во 2012 година.

Актерката се прослави во филмовите „Лов на елени“, „Жената на францускиот поручник“, „Мојата Африка“, „Мостовите на округот Медисон“, „Сомнеж“ и „Заљубување“.

Почесна Златна палма годинава ќе добијат креаторот на серијата „Војна на ѕвездите“, Џорџ Лукас и колективно Студио Гибли на јапонскиот режисер за анимација Хајао Мијазаки.

Канскиот фестивал ќе се одржи од 14 до 25 мај, а за Златната палма се натпреваруваат повеќе од 20 филмови, меѓу кои и новиот филм на Френсис Форд Копола „Мегалополис“. /МИА

ФА го суспендираше Тонали на два месеци

Сандро Тонали беше суспендиран од фудбалот на два месеци. Нему му пресуди Независната регулаторна комисија откако призна дека учествувал во забрането обложување.

Покрај тоа, тој е казнет со 20.000 фунти и предупреден за понатамошно однесување.

Суспензијата е таква што Тонали нема да може да се врати на терените до крајот на сезоната, до кога ќе истече десетмесечната казна што му ја изрече Италијанската фудбалска федерација на 27 октомври 2023 година.

Доколку не го повтори истиот прекршок до крајот на сезоната, нема да мора да ја одлежи оваа двомесечна суспензија.

Фудбалскиот сојуз и Регулаторната комисија оценија дека Тонали соработувал и признал се за што е обвинет „на исклучителен и досега неевидентиран начин“.

Тонали целосно ги признал сите свои прекршоци, а тоа го направил во ситуација кога доказите практично не постоеле.

Тој продолжува да оди на терапија и едукативни програми на кои е должен да присуствува со целосна поддршка од клубот и продолжува да тренира со екипата./МИА

притисни ентер