Заев во официјална посета на Прага: Пријателството меѓу двете земји ќе го зајакнеме во економијата

Од март оваа година, до оваа моја посета денеска, имало дури 5 посети на македонски и на чешки највисоки претставници на двете земји во Македонија и во Чешка, се наведува во соопштението од Владата. 

Тоа доволно силно зборува за одличните политички односи, пријателски врски меѓу нашите две земји, со овие зборови се обрати Претседателот на Владата Зоран Заев на почетокот на заедничката прес конференција со премиерот на Чешката Република Андреј Бабиш, во рамките на официјалната посета на македонска владина делегација на оваа земја.

Не прес конференцијата, премиерот Заев, придружуван од Бујар Османи, заменик претседател на Владата задолжен за европски прашања, и Зоран Попов, државен секретар при Министерството за надворешни работи, истакна дека Македонија и Чешка одбележаа 25-години од воспоставувањето дипломатски односи со постигната прогресивна економска и секторски широко распространета соработка.

„Силни се тие врски, и за двете земји се обврска за одржување и продлабочување на взаемните односи со политички дијалог на највисоко ниво. Чешка еден од најважните и постојани поддржувачи на нашата интеграција во ЕУ и НАТО. Ние високо ја цениме силната и гласната поддршка на сите нивоа“, рече на прес конференцијата претседателот на Владата Заев, и додаде дека пријателските и взаемно поддржувачки односи се силни и на мултилатерален план, и дека за нашата земја е од исклучително значење што Чешката Република, како претседавач на Вишеградската група организираше Самит на премиерите на земјите од Вишеград и од Западен Балкан.

Чешка, заедно со Австрија и Италија, беше земја лидер и иницијатор зад кои застанаа 15 земји членки на ЕУ и со писмо до Европската Комисија упатија повик за подобрување на ефикасноста на процесот на пристапување, во еден исклучително момент кога на Македонија и беше најпотребна една ваква поддршка.

„Тоа само неколку од големите пријателски гестови на Чешка кон Македонија. Ние сме охрабрени со континуираните заложби да се задржи прашањето за проширување видливо и високо на агендата на ЕУ по октомврискиот совет на ЕУ. Искрено се надеваме дека овој притисок ќе даде резултати, и дека многу бргу во претстојниот период ќе пристигне одлуката за почеток на преговорите за пристапување на нашата земја во ЕУ“, потенцираше премиерот Заев на прес конференцијата со чешкиот премиер Бабиш.

Чешка и Македонија имаат одлична соработка на јужна граница на нашата земја во процесот на мониторинг и контрола на мигрантските движења, и од голема поддршка во справувањето со кризата со бегалците и миграциите е финансиската и материјална помош што Чешка и ја испорача на Македонија, односно на нашето Министерството за внатрешни работи.

Премиерот Заев пред претставниците на медиумите во Прага рече дека сега е време двете земји да се посветат економската соработка, особено во делот на зајакнување на трговската размена, и во интензивирањето на инвестициска соработка.

„Мешовитиот комитет за економска соработка ги утврди главните области што можат да ја подобрат меѓусебната трговска размена и економската соработка. Сега треба ние, политичките лидери на двете земји да ги ја поттикнеме соработката во енергетскиот сектор, во делот на обновливите извори на енергија, во автомобилската индустрија, во туризмот. Многу ме радува што деновиве ги привршуваме договорите со компанијата „LOKOTRANS“ за инвестиција во областа на железничката инфраструктура со вкупна вредност од 20 милиони евра. Компанијата има намера да инвестира во Регионален центар за логистика и дистрибуција, со седиште во Скопје, во главниот град на нашата земја, а операциите да ги изведува за целиот регион на Западен Балкан“, рече премиерот Заев.

Во завршницата на својата изјава за медиумите тој истакна дека постои голем интерес за стипендиите за високо образование што ги доделува Владата на Чешката Република, и дека зголемувањето на нивниот број ќе го зајакне пријателството меѓу двете земји.

Премиерот на Чешка Република Андреј Бабиш, во своето обраќање за добредојде на делегацијата на нашата земја го истакна силното партнерство што Македонија го покажа во однос на ЕУ во 2015 година за време на мигрантската криза и нагласи дека Чешка ќе ја продолжи поддршката европските аспирации за кои земјата ги исполни сите услови за да ги започне преговорите, особено со договорите со Бугарија и Грција.

Премиерот Бабиш уште нагласи дека Чешка продолжува да инсистира ова прашање да заврши со позитивен исход до март идната година, и дека неговата земја ќе ја зајакне економската соработка со Македонија, како со земја партнер и сојузник во НАТО.

Ибрахимовиќ: Тешко ми беше да се откажам од фудбалот поради моето его

Поранешниот напаѓач Златан Ибрахимовиќ зборуваше за подкастот на „АБТалкс“ каде што разговараше за неговото пензионирање од фудбалот, неговото враќање во Милан како главен советник на сопственикот на клубот и за смртта на неговиот агент Мино Раиола.

-Добро сум, така ме третира животот. Секако, се повлеков од фудбалот пред повеќе од осум месеци, така што мојот живот сега е поинаков. Прифатив да се откажам од фудбалот, што беше тешка работа поради моето его и начинот на кој се доживував себеси. Мислам дека сум најдобар и сè уште сум таков. Можев да продолжам, но решив да престанам. Зошто? Сакам само добар живот за моето семејство. Сакав да правам работи со моите синови, а пред тоа не беше можно бидејќи имав проблеми со едното колено. Така го прифатив тоа и дојде момент кога си реков: „Во ред е, откажи се и отвори ново поглавје од твојот живот, вели популарниот Ибра.

Потоа, неколку месеци подоцна, го запознава Гери Кардинале, кој го надгледува фондот „РедБрд“ што го купи Милан.

-Ми даде понуда што не можев да ја одбијам. Така почнав да работам со Милан, откако бев во клубот три-четири месеци. Добро се однесуваат со мене таму, морам да признаам. Кога почина мојот агент Мино Раиола, тоа беше голем удар за мене. Многу плачев. Сè уште не е исчезнато чувството, бидејќи спомените постојано ми се враќаат. Скршен сум затоа што многу ми недостига. Секој што го познава знае колку бевме блиски. Да можам би му напишал: „Ми недостигаш“, сподели Ибрахимовиќ. /МИА

Почесна Златна палма за Мерил Стрип на Канскиот филмски фестивал

 Познатата американска актерка Мерил Стрип (74) ќе добие почесна Златна палма за време на церемонијата на отворањето на овогодишниот Меѓународен филмски фестивал во Кан на 14 мај, соопштија денеска организаторите.

Холивудската актерка со рекордни 21 номинација за престижниот Оскар само еднаш била на Канскиот фестивал. Тоа беше пред 35 години кога филмот „Плач во темнината“ во кој играше, доби една од наградите на Канскиот фестивал.

Мерил Стрип освои три Оскари за улогите во филмовите „Крамер против Крамер“ (1980), „Изборот на Софија“ (1983) и „Челичната дама“ во 2012 година.

Актерката се прослави во филмовите „Лов на елени“, „Жената на францускиот поручник“, „Мојата Африка“, „Мостовите на округот Медисон“, „Сомнеж“ и „Заљубување“.

Почесна Златна палма годинава ќе добијат креаторот на серијата „Војна на ѕвездите“, Џорџ Лукас и колективно Студио Гибли на јапонскиот режисер за анимација Хајао Мијазаки.

Канскиот фестивал ќе се одржи од 14 до 25 мај, а за Златната палма се натпреваруваат повеќе од 20 филмови, меѓу кои и новиот филм на Френсис Форд Копола „Мегалополис“. /МИА

ФА го суспендираше Тонали на два месеци

Сандро Тонали беше суспендиран од фудбалот на два месеци. Нему му пресуди Независната регулаторна комисија откако призна дека учествувал во забрането обложување.

Покрај тоа, тој е казнет со 20.000 фунти и предупреден за понатамошно однесување.

Суспензијата е таква што Тонали нема да може да се врати на терените до крајот на сезоната, до кога ќе истече десетмесечната казна што му ја изрече Италијанската фудбалска федерација на 27 октомври 2023 година.

Доколку не го повтори истиот прекршок до крајот на сезоната, нема да мора да ја одлежи оваа двомесечна суспензија.

Фудбалскиот сојуз и Регулаторната комисија оценија дека Тонали соработувал и признал се за што е обвинет „на исклучителен и досега неевидентиран начин“.

Тонали целосно ги признал сите свои прекршоци, а тоа го направил во ситуација кога доказите практично не постоеле.

Тој продолжува да оди на терапија и едукативни програми на кои е должен да присуствува со целосна поддршка од клубот и продолжува да тренира со екипата./МИА

притисни ентер