Робертсон проговори за целосниот распад во Ливерпул-„Бев на неговата свадба, а една недела подоцна тој почина“
1Робертсон проговори за целосниот распад во Ливерпул-„Бев на неговата свадба, а една недела подоцна тој почина“
МакедонијаЗаев во Кочани: Важно е што сме сите заедно и што пожарот е локализиран Градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев рече дека противпожарната единица успеала да го стави пожарот под контрола.Две куќи се изгорени , но за среќа се успеа да се спречи ширењето кон централното градско подрачје , рече градоначалникот Илијев , кој додаде дека од сите околни општини и од градот Скопје пристигнала помош. Граѓаните на Кочани треба да бидат спокојни вели Илијев. Сите противпожарни единици и Армијата се тука и помогнаа во гаснењето на овој страшен пожар, рече Илијев. Премиерот Заев додаде дека е важно што сме сите заедно ,што се дејствува координирано . Тој рече дека министерот за ванатрешни работи Спасовски и вицепремиерот Николовски се во Ранковце, каде што исто така има пожари . Веќе утре ќе покренеме постапка за да заврши сервисирањето ан канадерите. Двата хеликоптери ни се на располагање , но не смеат да летаат во ноќни услови поради безбесдносни причини , рече премиерот Заев. Тој во Кочани пристигна со министерот Венко Филипче. Тој рече дека петмина се задржани во болницата во Кочани поради вдишување чад. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТехнологијаНови беспилотни летала за американската војска: Автономија поголема од 16.000 километри!Се очекува наскоро да полета ново беспилотно летало со голем домет, кое има распон на крилјата од 22 метри и можност да прелета до 16.600 километри без дополнување гориво.Леталото, наречено „Гамера“, може да носи различни видови опрема или да дејствува во големи јата. Дизајнирано е за извршување мисии за извидување и напади на големи растојанија за потребите на Американските воздухопловни сили. „Гамера“ се одликува со два паралелни главни трупа наместо еден централен. Моторот е поставен на посебна конструкција меѓу нив, позициониран директно над крилото. Пропелерот сместен на предниот дел од моторот обезбедува потисок за движење напред. Леталото има седум точки за прикачување на товар и може да носи товар со тежина до 1.270 килограми, вклучувајќи ги и противбродските ракети со голем домет што моментално ги користат вооружените сили на САД. Благодарение на модуларниот хардвер, леталото овозможува замена на товарот и системите за да се задоволат променливите барања на мисиите. Неговиот домет и капацитет за носење товар исто така може да се прилагодат според специфичните потреби на мисијата. Архитектурата за управување е дизајнирана така што еден оператор може истовремено да управува со до 35 летала од типот „Гамера“. Извор: Б92Тагови: дронови САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАпелациониот суд ја подтврди 2 и пол годишната казна за кумановката Гордана ФилиповиќАпелациониот суд ја подтврди 2 и пол годишната казна за кумановката Гордана Филиповиќ, која во јануари 2022 година на пешачки премин кај мостот „Гоце Делчев“ во Скопје смртно го прегази 76 годишниот Слободан Ангеловски. На пресудата и претходеше долгогодишен процес и повторени судења, а скопска апелација жалбите од Филиповиќ и нејзиниот адвокат за првостепената пресуда ги отфрли како неосновани и ја потврди затворската казна. Дополнително, добива забрана за управување со моторно возило од „Б“ категорија во траење од 5 години. Филиповиќ обвинителството и семејството на Ангеловски кое се приклучи на прогонот, ја гонеа за кривичното дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТошковски: Има големни злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36Мицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00Мицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта12:50Мицкоски: Денеска бевме дел од отворање на Генералното собрание на ОН11:01
ЕкономијаДимитриеска-Кочоска на Светскиот економски форум во ЊујоркИнвестициите и соодветното финансирање се клучни за енергетска сигурност и одржлив економски раст.Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска учествуваше на работната сесија „Поттикнување на растот во новата економија“, организирана во рамки на „Состаноците за влијанието врз одржливиот развој 2026“ (Sustainable Development Impact Meetings 2026) на Светскиот економски форум, што се одржуваат во Њујорк. На сесијата, на која учествуваа високи претставници на влади, меѓународни институции и бизнис-секторот, се разговараше за предизвиците и можностите што ги носи новата економија, со посебен фокус на обезбедувањето енергетска сигурност, пристапноста на енергијата и одржливоста како фактори за долгорочен економски раст и конкурентност. Во фокусот на дискусијата беа различните пристапи кон енергетската транзиција и начините на кои владите и бизнисите можат да воспостават рамнотежа меѓу економскиот раст и одржливоста, како и улогата на новите технологии, инвестициите и партнерствата во економската трансформација. Во тој контекст, беше истакната потребата од обезбедување соодветно финансирање и насочување на инвестициите кон капитални проекти што ќе придонесат за поголема енергетска сигурност и одржливост, при што ваквите инвестиции треба истовремено да бидат во функција на стабилен економски раст и јакнење на конкурентноста. „Економиите треба да се насочат на долгорочен раст, кој што ќе се заснова исклучиво на продуктивност. Понатаму, во рамки на дискусијата беше исто така заклучено дека на секоја економија ѝ е потребна што е поголема диверсификација по којашто ќе има и поголема додадена вредност. Исто така беше посочено дека треба да се креира што е можно повеќе високопродуктивни работни места и последно, но секако најзначајно, е тоа дека и понатаму треба да работиме на што е можна поголема енергетска независност, поголема одржливост и поголема стабилност во снабдувањето со енергенси“, истакна министерката Димитриеска-Кочоска. Беше посочено дека новите глобални економски услови бараат поширок пристап кон политиките за раст, кој покрај продуктивноста ги опфаќа и диверзификацијата на економската активност, создавањето високопродуктивни и квалитетни работни места, енергетската сигурност и јакнењето на долгорочната конкурентност. За Македонија, овие прашања се особено значајни во контекст на заложбите за забрзување на економскиот раст и создавање услови за поголема конкурентност на домашната економија. Во таа насока, важна е поддршката на инвестициите и економската трансформација, како и создавањето услови за сигурно и одржливо снабдување со енергија, што е значајно и за граѓаните и за конкурентноста на компаниите. Учеството на вакви меѓународни форуми претставува можност за размена на искуства и добри практики и за позиционирање на Македонија во глобалниот дијалог за политиките што ќе го обликуваат економскиот раст во следната деценија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТошковски: Има големни злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36Мицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00Мицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта12:50Мицкоски: Денеска бевме дел од отворање на Генералното собрание на ОН11:01