Заев во Кочани: Важно е што сме сите заедно и што пожарот е локализиран - Канал 5

Заев во Кочани: Важно е што сме сите заедно и што пожарот е локализиран

Градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев  рече дека противпожарната единица успеала да го стави пожарот под контрола.

Заев во Кочани: Важно е што сме сите заедно и што пожарот е локализиран

Две куќи се изгорени , но за среќа се успеа да се спречи ширењето кон централното градско подрачје , рече градоначалникот Илијев , кој додаде дека од сите околни општини и од градот Скопје пристигнала помош. Граѓаните на Кочани треба да бидат спокојни вели Илијев.

Сите противпожарни единици и Армијата се тука и помогнаа во гаснењето на овој страшен пожар, рече Илијев.

Премиерот Заев додаде дека е важно што сме сите заедно ,што се дејствува координирано . Тој рече дека министерот за ванатрешни работи Спасовски и вицепремиерот Николовски се во Ранковце, каде што исто така има пожари .

Веќе утре ќе покренеме постапка за да заврши сервисирањето ан канадерите. Двата хеликоптери ни се на располагање , но не смеат да летаат во ноќни услови поради безбесдносни причини , рече премиерот Заев. Тој во Кочани пристигна со министерот Венко Филипче. Тој рече дека петмина се задржани во болницата во Кочани поради вдишување чад.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ахмети со отворено писмо до Шасивари: Се загрозуваат колективните права на Албанците

Лидерот на интегратиците Али Ахмети преку отворено писмо до министерот за правда Шасивари бара полагање на целиот правосуден испит на албански јазик. 

Ахмети со отворено писмо до Шасивари: Се загрозуваат колективните права на Албанците

Обвинува дека предложеното решение е политичко, кое пред Венецијанската комисија било маскирано како институционален напредок. Според Ахмети полагањето на правосудниот испит делумно на албански не претставува унапредување, туку деградација на веќе стекнатите права и смета дека ги става во нерамноправна положба студентите кои студирале право на албански и дека се коси со Законот за јазици донесен во 2018-та.

- Правосудниот испит неопходно треба да се полага и на албански јазик. Секое друго решение со кое би се ограничила или условувала употребата на албанскиот јазик при полагањето на овој испит е во спротивност со Законот за употреба на јазиците. Сакам да бидам сосема јасен: ваквото решение не претставува чекор напред, не претставува унапредување. Тоа, напротив претставува чекор назад, деградација на едно стекнато право и доколку се претстави како унапредување на јазичните права, претставува чин на предавство кон Албанците, порачува Ахмети во отвореното писмо.

Од правда најавија дека министерот Шасивари писмено ќе одгвори на прозивките од Ахмети. Инаку, решението кое министерот Шасивари го промовираше на средбата со студентите Албанци на 19-ти октомври предвидува теоретскиот дел од правосудниот испит да се полага на албански јазик, а практичниот дел на македонски. Тогаш тој порача дека целта е да се најде современо решение, усогласено со Уставот, законите и европските стандарди, со кое ќе се почитуваат јазичните права, но и професионалните стандарди на правосудниот испит.

„Нашата определба е конечниот предлог да биде усогласен со највисоките европски правни стандарди. Затоа ќе побараме и мислење од Венецијанската комисија како најреномирано европско советодавно тело за уставноправни прашања. Измените немаат за цел создавање паралелени системи за полагање на правосудниот испит, туку воспоставување единствен модел во кој јазичната инклузивност и професионалните стандарди меѓусебно се надополнуваат“-изјави – Јетон Шасивари, министер за правда.

Кога ќе стигне итното мислење што беше побарано од Венецијанската комсија не е познато, а во декември се очекува за прашањето да се одржи и коалициска лидерска средба, откако Максим Димитриевски се закани со можно напуштање на Владата доколку предложеното решение биде усвоено.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ поднесе интерпелација за гувернерот трајко славески за случајт „АЛТА банка“

СДСМ поднесе интерпелација до Собранието за гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, поради случајот со Алта банка соопшти лидерот на партијата, Венко Филипче. 

СДСМ поднесе интерпелација за гувернерот трајко славески за случајт „АЛТА банка“

Покрај кривична одговорност, за која кажа дека очекува Обвинителството да постапи, Филипче очекува Парламентот да утврди и политичка одговорност за случајот, кој според него, отвора прашања за независноста и интегритетот на Народната банка. Лидерот на СДСМ побара одговор како бил дозволен нејзин влез во земјава и за наводните консултации меѓу Славески и премиерот Христијан Мицкоски пред влезот на банката на македонскиот пазар.

- На кој начин го проверија кредибилитетот на сопственикот Давор Мацура, кој сега е осомничен за криминал во Србија? На кој начин и дали го проверија потеклото на парите за кои што сега во Србија се истражува дека дури и физички не постоеле, туку дека биле наводно лажни пари во сефовите а дека вистинските биле носени надвор.. Трајко Славески ќе треба да одговори и за тоа што зборува со премиерот Христијан Мицкоски. Како тоа се консултирал и кои се надлежностите на Христијан Мицкоски официјално во делот на влегување на некоја банка, посебно на ваква криминална кај нас? изјави Филипче.

Интерпелацијата според Деловникот се закажува на првата наредна собраниска седница, откако ќе стигне одговорот од Славески, а веќе утре се очекува во Собранието да продолжи и надзорната расправа за Алта банка. Сепак, од СДСМ обвинуваат дека голем дел од поканетите нема да дојдат, а меѓу нив, како што велат, по втор пат е претседателката Гордана Сиљановска Давкова, која според Филипче повторно одговорила дека е на служебен пат.

-За утре е закажано продолжението на надзорната расправа, но нема одговор од поканетите, односно претседателката Сиљановска Давкова, која што ја поканивме да каже како тоа го номинирала Трајко Славески, како таа сега гледа на овој проблем и скандал? Дали сега има можеби поинакво мислење за Трајко Славески? Дали трпела притисок да го номинира на функцијата? За жал, нема да присуствува наводно била на патување, изјави Филипче?

Од ВМРО-ДПМНЕ им одговорија дека одговорноста за организирањето на надзорната расправа и доаѓаето на гостите е кај СДСМ. Пратеникот Бојан Стојаноски изјави дека опозициските пратеници се одговорни за гостите, како и за комуникацијата со истите.

На првата надзорна расправа која се одржа пред две недели сведочеа Мицкоски, Славески, министерката Димитриеска-Кочоска, вицегувернери, претставници на државни органи и граѓански организации, како и јавниот обвинител Ненад Савески.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЕСМ ќе потроши речиси 17 милиони евра за струја за само 20 дена

Околу 17 милиони евра за само 20 дена ќе потроши ЕСМ за набавка на електрична енергија од осум приватни снабдувачи..

ЕСМ ќе потроши речиси 17 милиони евра за струја за само 20 дена

Станува збор за кракторочна набавка од вкупно 70.560 мегават часови, потребни за снабдувањето што ЕВН Хоме го врши кон домаќинствата и малите потрошувачи до 13 декември. Просечната цена на набавката изнесува околу 240 евра за мегават час.

Во овие 20-тина дена, ЕСМ се надева дека ќе го зголеми домашното производство, а таа цел се планира и повторно активирање на ТЕЦ Неготино. Веќе е распишан повик за набаква на околу 45 илјади тони мазут, со проценета вредност од над 42 милиони евра, а отварањето на понудите кое беше планирано за денеска е презакажано за петок.. Освен, активирањето на ТЕЦ, следниот период се очекува да почне и увозот на јагледн од Косово за да се стават во погон сите блокови во РЕК Битола и РЕК Осломеј.. На ваков начин, премиерот Мицкоски очекува да се избегнат ценовни шокови..

-Оваа недела во сабота јас ќе бидам присутен и ќе одржам колегиум во РЕК Битола заедно со луѓето од РЕК Битола, така што како главен столб и стожер на енергетската стабилност во Македонија, работиме и остануваме држава со најниски цени на енергенсите и покрај тоа што немаме многу енергенси кои што се наш природен ресурс,- Христијан Мицкоски- претседател на Влада.

Умерено сезонско поскапување на струјата и парното очекува и економистот Борче Треновски. Тој смета дека државата треба да ги заштити граѓаните со најниски примања преку таргетирани мерки.

-Мора да внимава Владата кога ги носи мерките да ги зголеми цените пред сè на оние кои се во средната и повисоката, како да кажеме, транша за плаќање, односно да внимава на оние кои се во најниските, помалите потрошувачи – таму 80-90% се оние со понизок доход. Таму цената или да не се промени, или да се амортизира со зголемувањето на цените во другите, со цел да може тој дел од населението да го заштити,- Борче Треновски – универзитетски професор.

Спроед последните најави од претседателот на Регулаторната, Ристов, од 1 јануари струјата ќе се покачи за 2-3%, а со предлог одлуките веќе е најавено и покачување на парното за 7,5% проценти.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер